3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
Шоу бизСелена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САДЛатиноамериканската пејачка и глумица, Селена Гомез вчера сподели видео на „Инстаграм“, со натпис „Жал ми е“ и мексиканското знаме, во коешто со плачење ја критикува имиграциската политика на претседателот на САД, Доналд Трамп. Но, набргу потоа, видеоснимката беше избришана, пишува „Јаху ентертејнмент“. - Сите мои луѓе се нападнати. И децата. Не разбирам. Многу ми е жал, посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè, ветувам!, рече Гомез во видеото. Според нејзините критичари, ова е поддршка за незаконското влегување и доселување во САД. Во следната приказна на „Инстаграм“, откако претходното видео веќе беше недостапно, Гомез напиша: „Очигледно не е во ред да се покажува емпатија кон луѓето“. Само еден ден претходно, 956 лица беа уапсени во акција на надлежните за имиграција ширум САД - најмногу откако Трамп повторно ја презеде функцијата претседател, според Службата за имиграција и царина. Стотици уапсени имаше и претходните денови. Гомез во повеќе наврати говори за доселениците, бидејќи и таа е потомка на доселеници кои во 1970-тите дошле во САД. Во 2019 година, таа ја продуцираше документарната серија „Живеејќи без документи“ (Living Undocumented), што раскажува за лицата со нелегален престој во нејзината држава. - Недокументираната имиграција е прашање за коешто размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум родена во оваа земја, благодарение на моето семејство и благодатта на околностите, вели таа во својот документарец. По нелегалниот влез во САД на нејзината тетка, баба, дедо итн. - заслужни за „храброста и пожртвуваноста“ на нејзиното семејство, како што раскажува родената Американка, татко ѝ е роден во Тексас. „Но, кога ги читам насловите на вестите или гледам дебати за насилните доселеници на социјалните мрежи, се плашам за оние во слични ситуации. Се плашам за мојата земја“, напиша Гомез во една прилика. Според Институтот за миграциска политика, поранешниот претседател Џозеф Бајден извршил 1,5 милиони депортации во текот на неговите четири години од мандатот - бројки што „ги отсликуваат бројките на депортации во првиот мандат на Трамп“, пренесува „Јаху ентертејнмент“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранцуски воен брод отвори оган во Ламанш; Пукано кон чамецот во кој се наоѓал британскиот пратеникФранцуски воен брод пукаше кон чамец во Ламанш во кој се наоѓал британскиот пратеник Крис Филп.Филп го објави видеото на својот профил на X и наведе дека истрелите биле испукани без никакво предупредување. „Денес на каналот ги следиме нелегалните преминувања на мигранти. Додека пред малку давав интервју за Би-би-си, еден француски воен брод ни се приближи и испука 17 истрели зад нас. Немаше никакво известување или вежба. Изгледаше како истрели за предупредување или обид за заплашување“, напиша Филп на X. Мајкл Кеохејн, локален новинар на Би-Би-Си кој во тој момент бил со Филп, го опишал моментот како „надреален“. On the channel today monitoring illegal migrant crossings … as I was being interviewed by the BBC just now a French warship approached close and fired 17 live rounds behind us. There was no notice or training exercise in place. Felt like warning shots or attempted intimidation pic.twitter.com/tuDv4DOnFO — Chris Philp MP (@CPhilpOfficial) July 28, 2026 Тој изјавил дека „францускиот патролен брод се приближил до бродот на 300 метри и паднал кон нивниот крм (задниот дел од нивниот брод)“. „Фотографиите од францускиот брод покажуваат мал топ насочен кон морето. Беа испукани околу 17 истрели.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаПетрушевски: Двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари повторно испливаа на површина„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар. Ако Филипче заборавил граѓаните знаат дека СДС е власт во општина Гостивар заедно со Ахмети и Таравари. СДС, ДУИ и Таравари уште еднаш покажаа дека за нив одговорноста важи само кога станува збор за политички противници. Додека секојдневно бараат оставки и политичка одговорност од сите други, се уште молчат и не бараат одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Локалното раководство кое раководи со општина Гостивар, а е предводено од СДС, ДУИ и Таравари, не успеа да го реши проблемот со загадената вода, па затоа владините институции мораа да ја земат работата во свои раце и да ја решат кризата во рекорден период. Се обезбеди флаширана вода за граѓаните, се користи повторно водата за техничка употреба, а во наредните денови ќе се обезбеди водата да биде користена и за пиење. Почитувани, Токму тоа се двојните стандарди на СДС, ДУИ и Таравари. Кога нивен функционер ќе потфрли, нема критика, нема осуда, нема барање за одговорност, туку молк и заштита. Граѓаните гледаат дека за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат само кога им одговараат политички. Одговорноста не смее да зависи од тоа на која партија и припаѓа некој функционер. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Вознемирувачка снимка, фудбалерка шутира противничка во глава?!Бразилка го удира противникот со нога во глава, веднаш добила петгодишна забрана за настап во спортот.Извесна Лара до Насименто Коста предизвика скандал на натпревар во футсал напаѓајќи ги противничките, што доведе до сериозни последици и суспензија. На еден аматерски натпревар во футсал во Бразил, фудбалерката Лара до Насименто Коста физички нападна две противнички и го шокираше целиот свет. По еден прекршок, нејзината противничка падна на подот, а Лара изненадувачки наместо да и помогне двапати ја шутн во глава легнатата фудбалерка а потоа со тупаница нападна уште една противничлка фудбалерка која само се обиде да интервенира. Целиот напад траел пет секунди. Нападнатата играчка, Ана Жулија Аленкар, по инцидентот била пренесена во болница. Сè се случи во спортскиот центар на периферијата на Форталеза, главниот град на сојузната држава Сеара. Натпреварот од женското првенство на општината Еузебио се играше меѓу екипата „Ас Резенјас“ (As Rezenjas) и клубот „Прожето РДЈ Еспорт Феминино“ (Prožeto RDJ Esport Feminino). Во моментот на инцидентот, кој се случи на почетокот на второто полувреме, екипата „Ас Резенјас“ губела со 1:0. Brazilian futsal player Lara Do Nascimento Costa slide tackled Anna Julia Alencar and in a rush of adrenaline and emotion went ahead to kick her opponent twice in the head as she writhed in pain on the floor. The aftermath has seen her banned from the sport for 5 years while her… — The Football Assembly ⚽️ (@TF_Assembly) July 27, 2026 Натпреварот веднаш по инцидентот бил прекинат. По дисциплинската расправа, е одлучено на Лара до Насименто Коста да ѝ се изрече петгодишна забрана за учество во сите натпреварувања организирани од Спортската лига на Еузебио. Поради инцидентот, санкционирана беше и нејзината екипа. На крајот, постои можност против неа да биде поднесена кривична пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20