Селена Гомез проговори за својата борба со болеста : Не бев способна за ништо (ВИДЕО) - Канал 5

Селена Гомез проговори за својата борба со болеста : Не бев способна за ништо (ВИДЕО)

Селена Гомез ги решила повеќето психички проблеми со кои се соочуваше од лани , а сега на годишниот собир на болницата McLean се качи на бината и раскажа за тешкото искуство.

Селена Гомез проговори за својата борба со болеста : Не бев способна за ништо (ВИДЕО)

На 27-годишната пејачка и беше доделена специјална награда за подигање на свеста за важноста на справување со психијатриските проблеми и за јавно споделување на своето искуство со кое ќе им помогне на другите.

„Минатата година имав тешка битка со менталното здравје и емотивно не можев да направам ништо. Не можев да се смеам, дури и да се преправам дека изгледам нормално. Имав чувство дека моите болки и вознемиреност ме преплавија одеднаш и тоа беше еден од најстрашните моменти во мојот живот “, рече Селена во нејзиниот говор.

Wednesdays, a huge bright blue comfy and Winnie. ☀️

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Младата музичарка се присети на некои од најлошите моменти што ги доживеала поради својата болест.

"Побарав помош и лекарите ми одредија дијагноза. Моментот кога ја добив оваа информација беше подеднакво застрашувачка за мене, но значеше и олеснување. Очигледно бев преплашена бидејќи сите мои сомнежи беа конечно потврдени и чувствував олеснување затоа што конечно дознав зошто толку години се борев со депресија и вознемиреност “, откри пајачката ѕвезда.

На крајот рече дека сè уште не се опоравила целосно, но објасни дека се чувствува многу подобро и посреќно.

"Иако ова не значи дека сè поминало преку ноќ, можам да кажам дека после една година интензивна работа, конечно сум посреќна, поздрава и ги контролирам моите емоции и мисли. Сè што немав порано. Поради сето ова, јас сум многу среќна".

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – Летна школа за зелени и дигитални вештини.

Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ја отвори Летната школа на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), што од денес до 18 септември ќе се одржува на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе опфати клучни теми поврзани со проценка на квалитетот на воздухот, почвата и водата, значајни за реализација на Европската зелена агенда.

„За Македонија, како економија во процес на пристапување кон Европската Унија, оваа школа е можност за јакнење на капацитетите и јасна потврда дека сме подготвени да бидеме сериозен европски партнер што активно придонесува кон заедничките цели и ја гради својата иднина врз европските вредности“, рече министерката Јаневска, додавајќи дека учесниците од редот на напредни студенти, докторанди и млади истражувачи, ќе имаат ретка можност да се запознаат со истражувачки алатки, да разменат знаења и да ги прошират контактите со колеги од Западен Балкан.

Учесниците на Летната школа кои доаѓаат од земјава и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, ќе можат да учат директно од научници на Заедничкиот истражувачки центар и од експерти како да ги користат алатките на JRC за проценка на емисии и влијанија, ќе се запознаат со иновативни методи за подобрување на квалитетот на водата и здравјето на почвата и ќе стекнат увид во напредни техники за мерење.

„Загадувањето на водата, почвата и воздухот се најголемите ризици за здравјето на сите нас во Европа. И, се чини дека измина времето кога се прашувавме дали владите ќе преземат сериозни чекори за промени. Сега, пред нас стои јасен ултиматум: или ќе делуваме решително, или сериозно ќе ја загрозиме иднината на нашите деца“, посочи Јаневска.

Говорејќи за неопходноста од научен пристап и одржливите решенија, министерката Јаневска нагласи дека тие се во основа на промените. Рече дека Министерството за образование и наука ја става науката и истражувањата во центарот на своите политики, создавајќи услови за научна работа преку модерни лаборатории, поддршка на иновации и интегрирање на зелената и дигиталната транзиција со Стратегијата за паметна специјализација.

„За да задржиме континуитет на научната мисла, од година во година ги зголемуваме средствата за научно-истражувачка дејност. Државните факултети, научните институти, МАНУ и јавните научни установи можат да конкурираат со свои научно-истражувачки проекти за државно финансирање. Во 2025-26 година, само по овој основ, се доделени 6 милиони евра буџетски средства. Во рамката за поддршка на науката ги вклучуваме сите релевантни чинители, вклучително и бизнис секторот“.

Коорганизатор на Летната школа е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој е стратешки регионален и европски партнер на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

Американскиот претседател Доналд Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по деновите на сериозни предупредувања од експертите.

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање, тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен истражувач , кој рече дека „постои голема веројатност сите да умреме во блиска иднина“ ако продолжи сегашното темпо на развој.

Во саботата, врвните индустриски шефови се согласија и повикаа на забавување. Трамп не се осврна директно на идејата, но рече: „Ние ја предводиме Кина во вештачката интелигенција... И, искрено, сакам да остане така бидејќи кој и да победи во вештачката интелигенција, победува“.

Трамп зборуваше истиот ден кога истражувачот за вештачка интелигенција Џејкоб Коксон - кој пред неколку дена ја напушти компанијата „Антропик“ - за Би-Би-Си изјави дека персоналот што ги развивал системите бил „вистински исплашен“ за иднината на човештвото.

Во саботата, Илон Маск, сопственик на XAI, и сем Алтман од Оpenai, го поддржаа предупредувањето од раководителот на Антропик, Дарио Амодеи, дека темпото на развој треба да се забави „за да се намали ризикот нешто сериозно да тргне наопаку“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиер лигата конечно призна: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признат

Англиското судиско тело „Pro Ref“ призна дека победничкиот гол на Манчестер Сити на дербито против Манчестер Јунајтед – со кој Сити обезбеди победа од 1:0 на „Олд Трафорд“ – не требало да биде признат. 

Премиер лигата конечно призна: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признат

Во соопштението објавено во неделата навечер се потврдува дека дошло до „грешка во проценката“.

Од „Pro Ref“ открија дека стапиле во контакт со Манчестер Јунајтед и ја признале грешката. Тие сметаат дека, во врска со голот на Ерлинг Халанд, ВАР-системот „требало да препорача преглед на снимката на самиот терен“.

Судиите во ВАР-собата проценија дека дефанзивецот на Јунајтед, Патрик Доргу, со својата позиција го држел Халанд во дозволена позиција. Сепак, проблемот беше Енцо Фернандез, играчот на Сити кој се наоѓаше во задниот дел на теренот и се обидуваше да стигне до топката пред таа да стигне до Халанд.

Иако Фернандез не ја допре топката, неговото движење очигледно влијаеше врз реакцијата на дефанзивецот на Јунајтед, Лисандро Мартинез, по што Халанд постигна гол на подалечната статива. Според фудбалските правила, голот требало да биде поништен поради ова.

По инцидентот во 60-тата минута од неделниот натпревар во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на „Олд Трафорд“, можеме да ја разјасниме ситуацијата околу голот доделен на Ерлинг Халанд. Судиите на теренот досудија офсајд за Ерлинг Халанд. ВАР (VAR) го провери инцидентот и утврди дека тој не бил во офсајд.

Во текот на истата акција, беше утврдено дека Енцо Фернандез не играл со топката – фактор што ја прави секоја одлука за офсајд субјективна. Сепак, во овој случај, ВАР (VAR) не го препозна веројатното влијание на неговата позиција врз играта и требаше да препорача преглед на снимката покрај теренот.

„Pro Ref“ (Professional Game Referees) е телото задолжено за судењето во англискиот фудбал, познато како PGMO пред неговото ребрендирање ова лето.

Организацијата, предводена од поранешниот судија во Премиер лигата, Хауард Веб, го надгледува судењето во првите четири нивоа на машкиот фудбал, како и во Националната лига, Женската суперлига (WSL) и Премиер лигата 2 (за играчи до 21 година).

Во објава на платформата X, со која се објаснуваше зошто голот е признат, Центарот за натпревари на Премиер лигата наведе: „ВАР ја провери одлуката донесена на теренот за поништување на голот поради офсајд. Беше утврдено дека Халанд не бил во офсајд и беше дадена препорака голот да се признае. ВАР исто така процени дека Фернандез, иако бил во офсајд позиција, не играл со топката“.

Нагласувањето на фактот дека Фернандез не ја допрел топката се совпаѓа со снимката прегледана за време на проверката со ВАР (VAR), при што официјалните лица се обидуваа да утврдат дали играчот од средниот ред на Сити остварил контакт.

Сепак, правилото за офсајд јасно наведува дека играч може да се наоѓа во офсајд-позиција и без да ја допре топката.

Тоа се случува доколку тој попречува противник со тоа што го спречува да игра со топката или му го попречува видното поле, влегува во дуел со противник за топката, јасно се обидува да одигра со топка што е во негова близина – со што влијае врз противникот – или прави очигледно движење што недвосмислено влијае врз способноста на противникот да игра со топката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер