Села: Албанците со години веруваа, но секогаш беа разочарани од албанските политички партии

Државата досега беше еднострана, така што е време да се создаде држава за сите, каде што сите ќе се чувствуваат еднакви.

Денот на гласање е ден кога граѓаните имаат моќ да ја направат промената, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села на средба со жителите на кумановското село Черкези.

– Ние се соочуваме со ситуација што доаѓа еднаш на четири години и затоа треба да се зборува за тоа. Има многу партиски функционери кои доаѓаат и се обидуваат да ја загрозат политичката волја на граѓаните, волјата што тие сакаат да ја изразат. Денот на гласањето е ваша симболика, тие „пет минути" кога чекориш кон гласачката кутија. Во седум часот наутро, лидерите на партиите, да немате дилеми, не вредат ни нула. Бидејќи политичката моќ се мери во девет часот навечер и ние ќе бидеме толку силни колку вие ќе ни дадете политичка моќ, еден по еден со еден глас, истакна Села претставувајќи ги целите на програмата „Држава за сите" на коалицијата „Сега е време".

Тој, исто така, повика да не биде исклучен ниту еден Албанец, туку сите заедно да разговараат меѓусебно за политичката понуда што ја нудат Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Лидерот на Алијансата за Албанците истакна дека Албанците со години верувале, но секогаш биле разочарани од албанските политички партии и како резултат за малку нова надеж го насочиле својот глас кон македонски субјект.

– Каде сме денес? Пред неколку месеци пред да започне пандемиската криза, го посетивме секое место, секое маало, секое село и секоја населба. Ние сме биле и тука во Куманово. И го видов третманот што СДСМ им го прави на Албанците. Тоа го имате видено и од медиумите. Тие велат општество за сите, но нема училиште за Албанците во Идризово, општество за сите, но нема училиште за Албанците во Чашка. Има илјадници албански деца кои учат на македонски, а не на албански јазик, нешто што е загарантирано и со човековите права дека секој може да се образува на својот мајчин јазик. Е ова не е заедничко општество за сите, потенцираше меѓу другото Села. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер