ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?
1СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
2ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?
Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
ЖивотСексуалното насилство не се случува во вакуум – жените жртви симбол на опторот Сексуалното насилство не се случува во вакуум. Тоа е под влијание на општествениот систем што го вклучува и работното место. Жените кои претрпеле сексуално насилство не се жртви, тие се херои, успеале да преживеат, да издржат и да продолжат во животот. Овие жени се симбол за отпор против насилството. Вака звучи пораката на психолозите кои неуморно ја испраќаат до сите жени – борци, кои се соочиле со ваков вид насилство. Темата се актуелизира регионално, откако српската актерка Милена Радуловиќ неодамна јавно објави дека е жртва на силување на нејзиниот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ. По нејзината јавна исповед анонимните признанија на жртвите на сексуално насилство, како дел од иницијативите „Не барав" и „Не си сама" се проширија преку социјалните мрежи. Со искуства на сексуално вознемирување, па дури и силување, многу жени се појавија во јавност и со име и презиме. Регионалното „И јас" движење (Me Too) исто така започна бран извештаи за сексуално вознемирување во образовните институции, но и на работните места. Состојбата кај нас зовре откако во јавноста излезе дека 46-годишен тренер по џудо во Прилеп сексуално злоставувал малолетни девојчиња, кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, а кулминира со случајот „Јавна соба", група на Телеграм која еднаш веќе беше откриена лани, а полицијата тогаш тврдеше дека ја затворила и оти се е под контола, за повторно деновниве да излезе во јавноста дека групата функционира и дека во неа фотографии, видеа и лични податоци, адреси и броеви на девојки и жени без нивна дозвола се разменуваат во сексуална конотација. Кога говориме општо за феноменот сексуално вознемирување експертите ќе кажат насилникот најчесто е интимен партнер, поранешен партнер, сопруг, член на семејството, познаник, пријател, но и лице кое за жртвата не е познато. Сексуалното насилство врз жените е особено тежок и сложен вид на насилство особено за време на војни, катастрофи и епидемии. Научната терминологија го дефинира сексуалното насилство како општ назив што се користи за да се означат неколку различни видови агресија, кои имаат врска со сексуалноста – почнувајќи од силувањето, кое може да го врши непознат сторител, цела група, познато лице или член на семејството, до непосакуваното „додворување" и недобредојдени шеги со сексуална конотација. Како што појаснува за МИА, Елена Димушевска, директорката на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, поради сеопфатноста на терминот сексуално насилство, не постојат строго дефинирани форми. Меѓународните организации дефинираат различни форми, а некои од нив се – сексуален напад, сексуална експлоатација, сексуално вознемирување (на јавни простори и на работно место), како и сексуална злоупотреба. Заедничко за наведените облици на насилство е тоа што сексот и сексуалноста се користат како инструмент за манифестирање сила, односно моќ над жртвата, при што и се нанесува психичка болка (понижување, застрашување, срам и слично) и физичка повреда (од мали и минливи повреди до смрт) или штета (сексуално преносливи инфекции). Според СЗО, секаков вид на насилството врз жените е кршење на човековите права и дискриминација, а се однесува на физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените. Сексуалното насилство е „секое сексуално дело, обид за сексуален чин или друго дело насочено против сексуалноста на една личност со употреба на присила, од кое било лице, без оглед на нивниот однос со жртвата, во кое било опкружување". Вклучува силување, дефинирано како физички присилна или на друг начин присилна пенетрација. Психологот Маријана Марковиќ за МИА вели дека ставот кон полот во една култура има свое влијание врз ставовите за машко-женските релации, и следствено на тоа на начинот на кој се перципираат сексуалните престапници и жртвите. – Сексуалното насилство врз жените често е резултат на нееднаквата моќ меѓу мажите и жените и почесто се случува во култури кои поттикнуваат верувања за машката супериорност и социјалната и културната инфериорност на жените, потенцира Марковиќ. Во рамките на културите, улогите и претставите на половите и ставовите кон сексуалното насилство се разликуваат. Но, и покрај разликите во еманципацијата на жената и воспоставената еднаквост, сексуалното насилство на жените е присутно во сите култури. Според податоците на СЗО, на глобално ниво, една од три жени доживуваат физичко и / или сексуално насилство во текот на својот живот, претежно од интимен партнер. Сексуалното насилство зголемено и како резултат на пандемијата со Ковид-19 Сексуалното насилство врз жената е зголемено и како резултат на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19. Затворањето во домовите доведе до нарушување на семејната динамика, жртвата и насилникот се заглавија во ист простор од каде нема каде да се побегне. Според Димушевска, културата, менталитетот, начинот на воспитување, традициите, родовите улоги, родовите норми, општествените верувања и убедувања се само дел од факторите зашто жените и девојките во Македонија се поподложни и поранливи на различните форми на сексуално насилство. – Во едно родово нееднакво општество каде што жените во голем дел се сè уште економски зависни, каде се практикува традиционалното следење на родовите улоги и норми, и останатите традиционални практики според кои жената треба да биде покорна и да ги задоволува сите барања на сопругот, партнерот, без право да каже „не", ја прави ранлива на сите облици на насилство, а во голема мера и на сексуалното насилство, нагласува Димушевска за МИА. Сексуалното насилство табу тема – опстојува поради поддршката што општеството му ја дава на сторителот Димушевска смета дека она што е уште поважно за опстојување на сите форми на насилство врз жените е поддршката која ова општество му ја дава на сторителот. – Оправдувањето на неговите постапки и изнаоѓањето на причини и изговори дека тој не е виновен, туку таа го испровоцирала, внимавањето да не се оцрни неговото име без разлика дали истото ќе и се случи на неа, ниските казни за оние сторители кои евентуално ќе стигнат до суд и ќе бидат осудени, се само охрабрувачки фактори да најдат нова жртва и да продолжат со насилството, децидна е Димушевска. Особено ранливи групи на лица кај кои има поголема веројатност да бидат жртви на некоја од формите на сексуално насилство се жените и девојките, децата, лица со попреченост, сексуалните работници/чки, ЛГБТИ заедницата, луѓето сместени во психијатриски институции, домови за згрижување и затворите. Несоодветни системи за поддршка, чувство на срам, стравот од јавна осуда, страв или ризик од одмазда, страв или ризик да се биде обвинета, страв или ризик да не ѝ веруваат, страв или ризик да биде малтретирана и /или социјално отфрлена се главните причини поради кои овие жени се одлучуваат да молчат. Но, ова за медиумите, нагласува Димушевска, треба да биде поттик постојано да се залагаат за подигнување на јавната свест, бидејќи преку нивната моќ да ја промовираат родовата еднаквост и можат да спречат насилство врз жените. Недоволната информираност на општата популација за ова прашање го прави сексуалното насилство табу тема. Игнорантноста на институциите ја зајакнува оваа позиција. Димушевска потсетува дека и за семејното насилство се зборуваше како за табу тема, но кампањите на граѓанските организации, едукациите и сензибилизирањето на професионалците од институциите не доведе каде што сме денес. – Од 2015 имаме посебен Закон за семејно насилство, кое секако години предходно беше регулирано во рамки на друг закон, односно Законот за семејство. Националната мрежа против насилство врз жени од нејзиното формирање започна со активности за препознавање на различните форми на родово базирано насилство меѓу кои и на сексуалното насилство. Како резултат на нашите заложби, а и заложбите на другите граѓански организации кои работат на оваа тема, е ратификувана Истанбулската конвенција и конечно е усвоено новото законско решение – Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, посочува Димушевска. Овој закон, според неа, е сеопфатен и ги регулира сите форми на насилство врз жени и предвидува заштита за жртвите. Иако ова е позитивен чекор, сепак, додава, останува во иднина сите заедно да се погрижиме државата и институциите да ја разберат важноста и итноста на ова прашање и да ги превземат сите неопходни чекори за жртвите да ја добијат заштита која им е потребна, а сторителите да бидат најстрого казнети со што би се испратила порака дека постои нулта толеранција за насилство. Од друга страна, Марковиќ вели дека сексуалниот акт е најинтимен вид на релација со друга личност. Оваа релација, потенцира, сама по себе е исклучително сложена и е резултат на односот кон себе, кон другите кон своите потреби и кон социјалните норми. – Споделувањето на интимноста подразбира да се има доверба во другиот за да не се доведеме до ситуација на дополнително обвинување од страна на другите, нагласува Марковиќ за МИА. Жртвите со долгорочни последици по физичкото и менталното здравје Сексуалното насилство врз жената има долгорочни последици по нејзиното физичко и ментално здравје како и во однос на нејзината социјална позиција. Како резлутат на сексуално насилство можни се физички повреди, можна е појава на несакана бременост, небезбеден абортус, поголем ризик од сексуално преносливи заболувања, вклучително и ХИВ. Марковиќ појаснува дека по сексуалниот напад, преживеаните може да почувствуваат како нивните тела да не се навистина нивни. Преживеаните често пријавуваат чувство на срам и вина. Многумина се обвинуваат себеси за нападот. Како резултат на нарушување на менталното здравје се појавуваат следните растројства: депресија, анксиозност, посттрауматски стрес, нарушување на личноста, ризично однесување, зависности, идеи, обиди за самоубиство, социјална изолација. Стоп за секаков вид насилство! Општеството да го префрли срамот од жртвата на насилникот Зачудувачки е фактот што покрај многу проекти кои се реализираат, а чија цел е превенција на насилство од секаков вид, насилството е во пораст насекаде во светот. -Медиумите како да се натпреваруваат кој повеќе ќе емитува насилни содржини преку филмови, музика, социјални медуми…Начинот на кој жената се прикажува во медиумите е многу честа тема за истражување. Наодите од истражувањата укажуваат дека во најголем процент жената е прикажана како еротски објект, посочува Марковиќ. Порака првенствено се испраќа за целокупниот екосистем кој го произведува насилството: Стоп за секаков вид на насилство. Општеството мора да го префрли срамот од жртвата на насилникот. -Лицето кое било изложено на насилство задолжително треба да биде заштитено во рамките на системот и да добие соодветна правна, медицинска и психолошка помош. Лицата кои биле изложени на насилство, себе си се доживуваат како жртви и при тоа имаат чувствтво дека ја губат контролата на сопствениот живот, потенцира Марковиќ. Фокусот да се насочи кон унапредување на заштитата Зголемување на свеста кај жените да го пријават насилството не е она на што треба да се фокусираме, смета Димушевска. Фокусот мора да биде насочен кон унапредување на заштитата. – Која е поентата во освестување на жените да пријават, кога единствено ќе наидат на неразбирање, неприфаќање и непостапување. Недовербата која вработените во институциите ја покажуваат кон жртвите кои пријавуваат е клучна за нивно повлекување и незборување за насилството кое го преживеале, потенцира Димушевска. Разорните ефекти на сексуалното насилство врз жртвите, според психологот Марковиќ, може да се ублажат не само од страна на професионалци, но и од страна на пара-професионалци и организации во заедницата. -Промовирањето на родовата еднаквост е критичен дел во спречувањето на насилството. Врската помеѓу полот и насилството е сложена. Доказите сугерираат, сепак, дека половите нееднаквости го зголемуваат ризикот од насилство од страна на мажите врз жени и ја инхибираат способноста на засегнатите да бараат заштита, посочува Марковиќ. Наодите од истражувањата покажуваат дека училиштето, заедницата и медиумите, кампањите за подигање на јавна свест, имаат моќ да ја промовираат родовата еднаквост и да спречат насилство врз жените преку надминување на стереотипите кои им даваат на мажите моќ над жените. Наставните програми базирани на родова еднаквост можат да влијаат врз родовите норми и ставови пред тие да бидат усвоени кај децата и младите. Според психологот, интервенциите на заедницата можат да имаат влијание врз родовите норми и ставови преку, на пример: вклучување на жените во процесите на одлучување на локално и централно ниво, стимулирање на едукацијата на жените, вработување, поттикнување на жените да започнуваат сопствен бизнис, со цел да бидат едуцирани и економски независни од семејството и партнерот. МВР со апел – граѓаните да пријавуваат во најблиската полициска станица Актуелен пример е случајот „Јавна Соба" што на сите ни е добро познат. За овој случај имаше големо медиумско покривање, голем број на жртви и голем број на сторители. Групата „Јавна соба" во која над 6 500 членови споделуваа фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, во четвртокот беше избришана на социјалната мрежа Телеграм. Веќе се приведени четири лица, од кои две од Битола, едно од Велес и едно од Штип. – Министерството за внатрешни работи и особено Основното Јавно обвинителство имаат обврска да реагираат по допрен глас, а тие се уште продолжуваат со изговорите дека жртвите не пријавиле. А деновиве низ социјалните медиуми се појавија приказните на жртвите и нивните искуствата со полицијата, односно односот на полицијата кога се охрабриле да пријават, смета Димушевска. И ова, според неа, не е единствен случај на непостапување на надлежните институции. -И се додека жртвите се третирани со недоверба, и додека полицијата и ОЈО очекуваат жртвите да дојдат со спремни јасни докази, не можеме да зборуваме за освестување на жртвите и охрабрување да пријават, вели таа. Според податоците од МВР најголем број кривични дела против полова слобода и половиот морал, се однесуваат на полов напад на дете кое не наполнило 14 години казниво по член 188 од Кривичниот законик, а најмалку пријави се регистрирани за родосквернавење казниво по член 194 од Кривичниот законик. Сите пријави се однесуваат на жени и девојчиња. За секоја од пријавите МВР постапува соодветно. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за МИА изјави дека вакви злоупотреби не се новост на интернет. Потсети дека вакви случаи имало и минатата година но посочи оти ги следат сите случаи и реагираат соодветно. -Конкретно за Јавна соба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Обвинителството презема и веќе презеде одредени мерки и активности со цел расчистување на овој случај. Тој информира дека постои уште една група слична на Јавна соба која веќе функционира, но како што додаде, работат на санкционирање на учесниците и на таа група. -Се разбира, продолжуваме со понатамошните мерки и активности со цел да ја сузбиеме оваа појава, додаде Ангеловски. Тој испрати апел до до граѓаните сите кои имаат било какви информации да ги достават до најблиската полициска станица затоа што секоја информација, како што рече, може да помогне во расчистувањето на слуачјот. -Апелирам исто така и до оние кои се во групите, било какво учество во ваквите групи е поддржување на ваквите дела и тоа ќе биде исто така санкционирано. Имаме различни кривични дела. Имаме злоупотреби зависно од тоа какви фотографии, какви содржини се постирани, според тоа ќе биде и кривичното дело. Секој кој направил кривично дело, соодветно ќе одговара, додаде порпаролот на МВР. Според статистичките податоци на МВР, за кривичното дело „силување" во последните години има околу 30-тина вакви пријавени дела, и тие дела се расчистуваат соодветно со кривична пријава до обвинителството./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаСДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на МихаиловаНаместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски.Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата. Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“. А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда. А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на Ива Михаилова во Бугарија? Дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација и одлуката за продолжување на нејзиното лекување надвор од Македонија? Ива Михаилова, е осомничена во кривично правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите што се изнесуваат во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, другар на Филипче и Заев, во кој се наведува дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија. Како е донесена одлуката, врз основа на кои стручни медицински процени и дали врз неа влијаел каков било надворешен фактор? Ова се прашања што мора да добијат одговори врз основа на документи и факти, а не на политички препукувања. И додека надлежните институции и политички субјекти јавно реагираат на постапките и односот на официјална Софија, Филипче и СДС молчат за улогата на бугарските власти во овој случај. Македонија не смее да биде заложник на политички долгови на Заев и Филипче на нивните лични релации или задкулисни договори. Ниту една медицинска состојба не смее да биде инструмент за политички манипулации, а уште помалку повод за поткопување на довербата во домашните институции. Затоа, ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат сите околности околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали: Напредокот на Црна Гора ја зајакнува европската перспектива на регионотПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија...Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, на која разговараа за билатералните односи, процесот на пристапување кон Европската Унија и можностите за продлабочување на институционалната соработка. Сали го поздрави напредокот на Црна Гора во пристапните преговори и ја потврди поддршката на Македонија за нејзината амбиција да стане следната членка на Европската Унија. Тој истакна дека овој напредок претставува охрабрувачки сигнал за регионот и за кредибилитетот на политиката на проширување. На средбата беа разгледани можностите за поинтензивна размена на експертиза, врз основа на Договорот за соработка во контекст на пристапувањето кон Европската Унија, потпишан во 2012 година. Областите од интерес ги опфаќаат координацијата на преговорите, усогласувањето со европското законодавство, реформата на јавната администрација и управувањето со европските фондови. Министерот ги претстави и приоритетите на Македонија за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на конкретните придобивки за граѓаните и бизнисите. Сали ја нагласи важноста на праведен и предвидлив пристапен процес, заснован на заслуги, како и на регионалната соработка за напредување кон заедничката цел — членство во Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter