3Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
ЖивотСекоја трета: Насилството врз жените во Европската УнијаОдвај и да има ден да не биде ранета или убиена жена во Европската Унија поради тоа што е жена. Огромното мнозинство од сторителите на ваквото физичко или психичко насилство се нивните сегашни или поранешни партнери.ЕНР - Брисел 8 март 2025 Одвај и да има ден да не биде ранета или убиена жена во Европската Унија поради тоа што е жена. Огромното мнозинство од сторителите на ваквото физичко или психичко насилство се нивните сегашни или поранешни партнери. „Основни причинители на насилството врз жените се контролата, доминацијата и нееднаквоста“, рече Карлиен Шеле, директорката на Европскиот институт за родова еднаквост, кога во февруари го презентираше најнеодамнешниот извештај на организацијата. ЕУ ја вметна и борбата против родовото и семејното насилство во своите политики. Комисијата, со Стратегијата за родова еднаквост 2020-2025 на ЕУ, се обврза да помогне во спречувањето и борбата против насилството, да ги поддржи засегнатите и да се погрижи сторителите да сносат одговорност. Се обврза да направи „значаен напредок“ кон целта – родово еднаква Европа Еврокомесарката за еднаквост Хаџа Лабиб вчера ги претстави новите насоки на Комисијата за зајакнување на правата на жените, наведувајќи го ослободувањето од родовото насилство како прв чекор. Во последниве години, ЕУ презеде неколку чекори кон оваа цел, при што го заврши и процесот на пристапување кон Истанбулската конвенција – чијашто членка Комисијата стана во октомври 2023. Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, како што гласи нејзиниот официјален назив, е првиот правно обврзувачки меѓународен инструмент на оваа тема. Го дефинира насилството врз жените преку неговите четири главни облици: физичко, сексуално, психолошко и економско. Во мај 2024, Советот ја усвои Директивата на ЕУ за борба против насилството врз жените и семејното насилство. Таа, на ниво на ЕУ, криминализира одредени облици насилство врз жените, како што се осакатување гениталии и принуден брак, а исто така и онлајн насилство – на пример, споделување интимни слики без согласност, демнење и малтретирање преку интернет и поттикнување омраза и насилство врз полова основа. Директивата беше поздравена како значаен чекор во вистинската насока, но наиде и на критики бидејќи земјите-членки не успеаја да се договорат за криминализацијата на силувањето. Не постигнаа консензус околу немањето согласност како основа на дефиницијата за силување. Широко распространето насилство Земјите-членки имаат рок до јуни 2027 да ја внесат директивата во нивните национални закони и политики. Но, напредокот е нерамномерен, а опсегот широк. Статистичките податоци, кои секоја година се објавуваат во деновите околу Осми март, меѓународниот ден на жената, не се баш пријатно четиво. Индексот за родова еднаквост за 2024 на Европскиот институт за родова еднаквост укажа на неодамнешните политички и правни настани поврзани со насилството врз жените во ЕУ и земјите-членки. Во него се наведува дека насилството врз жените е „широко распространето и недоволно се пријавува“. Во овој композитен индекс на насилство во 12 земји-членки, резултатот беше 31,9 поени, при што Грција (со 24,6 поени) и Финска (со 41,7 поени) се најдоа на спротивните краеви. Според бројот на поени, 1 укажува на ситуација во која нема насилство, а 100 дека насилството врз жените е широко распространето и тешко. Според статистиката и податоците од цела ЕУ добиени преку истражувањето и употребени за овој индекс, 31 отсто од жените над 15 години во ЕУ доживеале физичко и/или сексуално насилство, а 57 отсто од жртвите претрпеле и здравствени последици. Во едно неодамнешно германско истражување, 92 отсто од жените меѓу 18- и 35-годишна возраст изјавиле дека биле малтретирани или нападнати. Што е фемицид? Според Европскиот институт за родова еднаквост, тешко е да се утврди точниот број фемициди – убиства на жени или девојчиња поради полот – во целиот блок, затоа што дефинициите се разликуваат од земја до земја. Немаат сите земји-членки специфични закони за фемицид, иако земјите како Малта, Кипар или Хрватска имаат конкретни закони за фемицид во нивните кривични законици. Но, жените сè уште ги убиваат во Европа, како што покажуваат овие примери: Во Франција, Министерството за внатрешни работи соопшти дека 96 жени биле жртви на „брачен фемицид“ во 2023. Во 2024 во Шпанија, 48 жени биле убиени во случаи на „родово насилство“ во врската или семејството. Истата година, девет малолетнички биле убиени во злосторства извршени од нивните татковци или брачниот другар на нивната мајка. Имало и најмалку шест фемициди извршени од некој што не им бил сегашниот или поранешниот партнер. Овој број убиства поради родово насилство бил најмалиот регистриран од 2003. Од таа година па наваму, 1293 жени во Шпанија биле убиени од нивните партнери или поранешни партнери. Во 2024 во Босна и Херцеговина, 12 жени биле убиени во случаи на фемицид, но земјата нема унифициран регистар на семејно насилство, што го отежнува следењето на опсегот на проблемот и ефикасното реагирање од страна на институциите. Италија пријавила над 90 фемициди во 2024. Најмалку 48 од жртвите биле убиени од сегашниот или поранешниот партнер, според Министерството за внатрешни работи на земјата. Секоја петта жртва имала над 70 години. Во Германија речиси секој ден се пријавува фемицид. Во 2023, околу 938 девојки и жени биле жртви или на обиди за убиства или на фемициди. Од овие жени, 360 умреле. „Речиси секој ден има фемицид. Секој ден околу 400 жени стануваат жртви на семејно насилство“, рече министерката за женски прашања Лиза Паус во ноември, кога го презентираше првиот извештај за оваа ситуација насловен како „Родово специфични прекршоци против жените“. Заштита на жртвите Низ Европа, правните системи на земјите се во различни фази во борбата против родовото насилство. Во Шпанија, каде што владата борбата против родовото насилство веќе долго време ја смета за приоритет, парламентот разговара за обновувањето на државниот пакт против родово насилство, со околу 460 мерки за заштита на жртвите. Според официјалната статистика, во Словенија, секоја втора жена и девојка на возраст над 15 години доживеала некаков облик насилство. Кон крајот на 2024, земјата усвои акциски план за спроведување на национална програма за спречување на семејното насилство и насилството врз жените. Тој предвидува поголемо финансирање и зајакнување на програмите за социјална заштита и друга помош. Дополнително внимание добива и проблемот на фемицид. Се подготвуваат и измени на кривичниот законик, со кои ќе се воведат построги казни за убиства во семејството или во други услови на заеднички живот. Земјата-кандидатка за членство во ЕУ Северна Македонија неодамна ја ратификува Истанбулската конвенција, но, според активистите, има уште нерешени сериозни проблеми: иако измените на кривичниот законик во 2023 ја ажурираа дефиницијата за силување врз основа на немање согласност и го криминализираа демнењето и сексуалното малтретирање, некои жртви останаа незаштитени бидејќи не беше дефинирано ниту криминализирано психичкото насилство. И Босна и Херцеговина усвои закон за заштита од семејно насилство. Сојузниот министер за правда Ведран Шкобиќ изјави дека законот става силен акцент на заштитата на жените и претставува имплементација на Истанбулската конвенција како и на одредени препораки и директиви на ЕУ, кои се основни обврски во процесот на пристапување кон ЕУ. Сепак, социјалната работничка и психотерапевтка Теа Ребац Микулиќ истакна дека жените во БиХ често не пријавуваат насилство поради традиционалните родови улоги, економската несигурност и несоодветното реагирање на институциите. Во Бугарија, според податоците на Евростат од 2024, земјата регистрирала дека само 6 отсто од жените доживеале непартнерско насилство. Ова е најнискиот таков процент во ЕУ. Но, Министерството за внатрешни работи информира дека се зголемил бројот на случаи на семејно насилство, како и на издадени налози за заштита и поведени постапки за кривични дела поврзани со семејно насилство. Министерот за правда Георги Георгиев рече дека владата активно се подготвува за примена на Директивата на ЕУ. Полската министерка за еднаквост Катажина Котула многу често зборува на темата насилство врз жените, нагласувајќи ја неговата сериозност и системска природа и повикувајќи на системски промени. Напредокот е бавен и загрозен Напредокот е нерамномерен во целиот блок. Пет земји-членки – Бугарија, Чешка, Унгарија, Литванија и Словачка – сè уште ја немаат ратификувано Истанбулската конвенција. Иако ЕУ презеде цврсти чекори од правен аспект, Европскиот институт за родова еднаквост тврди дека борбата за вистински напредок изискува итна акција од творците на политиките, граѓанското општество и граѓаните. Извештајот открива вознемирувачко ниво на толерирање насилство врз жените, при што 17 отсто веруваат дека пријавите за сексуална злоупотреба или силување често се преувеличени; 46 отсто мажи и 26 отсто жени веруваат дека финансиската контрола во односите е прифатлива; а 27 отсто мажи и 15 отсто жени мислат дека сексуалното малтретирање на работното место е прифатливо. И бројот на политичките противници на родовата еднаквост расте. Извештајот на Ју-ен вимен, женската организација на ОН, неделава предупреди дека во четвртина од земјите во светот, правата на жените бие уназадени од разни причини, почнувајќи од климатските промени па сè до слабеењето на демократијата. „Слабеењето на демократските институции оди рака под рака со пружањето отпор кон родовата еднаквост“, се вели во извештајот и се додава дека „чинителите против женските права активно го поткопуваат долгогодишниот консензус околу клучните теми поврзани со правата на жените“. „Кога се доведува во прашање родовата еднаквост, се доведува во прашање и напредокот. Околу родовата еднаквост не треба да се расправа – таа треба да биде природна како и воздухот што го дишеме. Таа е во срцето на нашиот европски начин на живот“, рече еврокомесарката Лабиб за време на петочната презентација. „Овие насоки за правата на жените се нашата водилка, нашата визија за свет во кој жените и девојките ќе можат да предничат, да напредуваат и да го остварат сиот свој потенцијал, без насилство и дискриминација“, рече Лабиб. Според комесарката, насоките имаат за цел да бидат одговор на структурните дискриминаторски норми во европските општества. Освен што се стремат кон ослободување од родовото насилство, се стремат и кон подобар здравствен стандард на жените, еднакви плати за жените, рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот, еднакви можности за вработување и еднаква застапеност, меѓу другото. Иако многу земји-членки имаат акциски планови за справување со насилството врз жените, не се сите исто ефикасни. На пример, финансираните превентивни програми, како и достапните засолништа, советувања или други услуги за жртвите, не ги исполнуваат потребите, критикува Европскиот институт за родова еднаквост. Марија Молика, која го предводи тимот на Генералниот директорат за правда на ЕУ што се фокусира на родовото насилство, се надева дека имплементацијата на Директивата на ЕУ за насилство врз жените до јуни 2027 ќе исправи многу од овие недостатоци. „Преку транспонирањето на Директивата, поголемиот дел од барањата на Истанбулската конвенција ќе мора да влезат во националните законодавства, дури и кај земјите-членки што сè уште не ја ратификувале Конвенцијата“, рече таа. Борбата против насилството врз жените не само што бара промена во општествените ставови кон него, туку бара и поголемо финансирање, рече Стефани Футер-Орел, директорка на мрежата Жените против насилството во Европа. Родовото насилство, покрај тоа што донесува неописливо страдање, носи и големи економски трошоци. Проценката на Европскиот институт за родова еднаквост направена во 2021 вели дека овие трошоци во ЕУ изнесувале околу 366 милијарди евра, при што насилството врз жените сочинувало 79 отсто од износов. Трошоците се предизвикани од физичкото и емоционалното влијание на насилството, трошоците на службите за кривична и граѓанска правда и изгубениот економски учинок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
СудбинаМајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден. Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“. Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт. На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир. Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот. Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата. Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето. Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“. Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна. Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател. Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди. Таа е осудена на две години затвор. „Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки. „Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.Тагови: кокаин мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
СветМистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле. Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат. Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“. Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот. View this post on Instagram A post shared by Fox News (@foxnews) „Барале вредни предмети“ Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција. Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот. Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот. Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.Тагови: Њујорк канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter