3Мицкоски се сретна со Пленковиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери
Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ЗабаваСекое утро Трејси пие сперма (видео) Трејси вели дека сега има повеќе енергија Оваа жена која е самохрана мајка на две деца, тврди дека животот и се променил откако почнала да пие по една лажица сперма секое утро. 29 годишната Трејси изјавила дека ова го практикува веќе еден месец, и дека се чуствува полна со енергија. Исто така и се подобрил и имунитетот, тврди Трејси. Спермата ја добивала три пати неделно од свој пријател. Трејси која е инаку веган, спермата ја чува во фрижидер. Секое утро Трејси употребува една банана, разни семиња и млеко од бадем и се разбира главната состојка една лажица сперма. Трејси работи како личен тренер и нутриционост. Таа тврди дека спермата содржи многу витамини и минерали. Трејси која живее во западен Лондон, тврди дека квалитето на спермата зависи од исхраната на донорот. Таа тврди дека нејзиниот пријател се храни многу здраво па поради тоа таа доивала квалитетна сперма. „Кога го прашав пријателот да ми ја донира неговата сперма тој беше малку уплашен. Тој мислеше дека ќе ја употребам спермата за да затруднам но кога му објаснив за што ми е потребна тој се согласи да донира“, изјавила Трејси. Трејси немала партнер веќе три години, и после три години таа се надева дека ќе најде некој кој ќе ја сака но исто така и ќе продолжи да и донира сперма. „Сакам врска во која мојот партнер ќе ме праша дали сакам една или две лажици сперма во мојот оброк“, додала Трејси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрбин загина на „Октоберфест“- го удрила гондола во забавниот парк Семејството и пријателите се во шок по трагичната смрт на Александар С. (52) на Октоберфест во Минхен. Српскиот државјанин починал откако бил удрен со гондолата на атракцијата „Hangover“, која се спушташе со голема брзина од висина од околу 80 метри, објави Телеграф. Трагедијата се случила во понеделник, 21 септември, околу 21:45 часот, околу десет минути пред да му заврши работното време. Неговата сопруга Адријана изјави дека разговарале околу еден час пред трагедијата и дека се договориле целото семејство заедно да го посети Октоберфест во вторник. Веста за неговата смрт силно ги погоди и пријателите на Александар. „Разговарав со Александар три дена пред трагедијата, ми рече дека ќе работи на Октоберфест како обезбедувач во забавниот парк и токму ја слушнав тажната вест кога неговиот син ми се јави и ми ја соопшти“, напиша еден од пријателите на Александар. „Тој беше добар човек. Многу ми е жал, секогаш се смешкаше, секогаш се шегуваше и ги правеше луѓето околу него да се смеат“, напишаа неговите пријатели и познаници. Да потсетиме дека Александар работел како обезбедувач во атракцијата „Hangover“. Неговата сопруга Адријана и нивниот син за „Билд“ изјавија дека сè уште не разбираат како се повредил и како завршил во зона каде што не му било дозволено да влегува. „Всушност, никој не смее да влезе таму бидејќи е забрането. Но, можеби некој ги изгубил очилата или мобилниот телефон, па сакал да го земе“, рече синот на трагично загинатиот српски државјанин.Тагови: Октоберфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноДрама во зоолошка: Птица од 1,8 метри избега во град (ВИДЕО)Птица ему утрово избегала од мобилна зоолошка градина во западна Јапонија, но подоцна била фатена и никој не бил повреден, соопштија локалните власти.Службите за итни случаи добиле пријава од минувач околу 6:45 часот по локално време дека голема птица трча по улица во Моријама, објави новинската агенција Кјодо. Вработените во зоолошката градина Хори ја фатиле птицата во дворот на блискиот станбен комплекс откако биле контактирани од локалната полиција. „Бегалецот“ е стар една година и висок околу 1,8 метри. Зоолошката градина соопшти дека истражува како птицата избегала, бидејќи железната порта била обезбедена со гумено јаже. Еден кенгур избегал од истата зоолошка градина во 2010 година, а три ежови во 2013 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИранскиот претседател во ОН покажуваше фотографии од мртви деца: Ние само се браневмеИранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска пред Генералното собрание на ОН дека неговиот народ е „жртва на тероризмот“ на Соединетите Американски Држави. Говорот го одржа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека може да ја „уништи“ Исламската Република, пишува АП. Пезешкијан покажа фотографии од починатиот врховен водач Али Хамнеи и повеќе од 150 училишни деца кои загинаа во првите денови од војната. „Ние само се браневме. Ние не сме терористи“, рече Пезешкијан на Генералното собрание. „Нашиот невин народ беше цел на кукавички напади и агресија што ѝ беше наметната на нашата земја. Се браневме со сите сили. Америка и Израел не нападнаа. Тие не погодија, но ние не попуштивме“, опиша иранскиот претседател. Техеран ја омаловажи важноста на состанокот Пезешкијан, кој важи за умерен во иранските политички кругови, пристигна во Њујорк во услови на засилени безбедносни мерки. Тој им се обрати на светските лидери еден ден откако Доналд Трамп од истата говорница рече дека може да го „уништи“ Иран доколку наскоро не се постигне договор за ставање крај на војната која трае речиси седум месеци. Неколку часа подоцна, Трамп им потврди на новинарите дека неговите главни пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се состанале со иранските власти на маргините на годишната сесија. Средбата траела околу три часа, но Трамп не соопштил многу детали за текот и содржината на разговорот. „Тоа беше многу добар состанок“, рече Трамп. Државниот секретар Марко Рубио вчера изјави дека Трамп е отворен за средба со Пезешкијан додека е во Њујорк. Техеран ја омаловажи важноста на ненајавениот состанок. Тоа беа први индиректни разговори меѓу американски и ирански официјални претставници по пропаѓањето на примирјето во јуни. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ги повтори преговарачките позиции на неговата земја и побара од Вашингтон да ја прекине блокадата на иранските пристаништа и да ги одмрзне иранските средства. Багаи рече дека разговорите, кои беа водени индиректно преку катарски посредници, „не се ништо ново“. Преговори без решение Пезешкијан ќе има можност подетално да ја објасни позицијата на Техеран по повеќе од една година прекинати разговори меѓу Иран и неговите долгогодишни противници, кои не успеаја да постигнат траен договор. Неговиот говор доаѓа во време кога нападите во Ормускиот теснец, долж брегот на Иран, продолжуваат да се случуваат повремено, додека комерцијалниот поморски сообраќај е сè уште послаб отколку пред војната. Неговото обраќање минатата година дојде неколку месеци по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран. Многу од највисоките воени и политички лидери на Исламската Република беа убиени во конфликтот, кој повторно ги прекина неколкунеделните преговори со Соединетите држави. „Дами и господа, сите бевте сведоци дека минатиот јуни мојата земја беше изложена на дива агресија и јасно кршење на најосновните принципи на меѓународното право“, рече тогаш Пезешкијан.Тагови: иранскиот претседател ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook