Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
2Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
ЖивотСедумгодишно момче ги стигнува рекордите на светските спортисти (ВИДЕО)Малиот Рудолф ,,Блејз “ Инграм е детето кое многу млад ќе може да ги достигне рекордите на најуспешните спортисти во историјата. Седумгодишното момче од Флорида има неверојатни физички способности. Може да претрча 100 метри за само 13,48 секунди и затоа го нарекуваат ,,новиот Усеин Болт”. View this post on Instagram 2019 Track Season Starting Off Amazing 60 Meter Dash 8.69 ⚡️⚡️ 100 Meter Dash 13.48 Record Breaking ⚡️⚡️#sctop10 A post shared by Blaze The Great (@blaze_813) on Feb 9, 2019 at 5:38pm PST Блејз го забележал и легендата на НБА , Џејм Ле Брон , кој сподели едно од неговите видеа , каде момчето претрчува на натпревар на американски фудбал. View this post on Instagram Just Want To Be The Greatest Of All Time Great Season 10-0 Heading Into The Playoffs ➡️Season Highlights In Bio⬅️ A post shared by Blaze The Great (@blaze_813) on Oct 22, 2018 at 4:51pm PDT Малиот Рудолф почнал да трча на само четири годишна возраст , па сега има 36 медали , од кои 20 златни на различни национални натпревари. View this post on Instagram Behind The Scenes Of My First Commercial 🖤🖤#BeGreat # A post shared by Blaze The Great (@blaze_813) on Dec 15, 2018 at 3:52pm PST Блејз , освен со атлетика , почнал да се занимава и со американски фудбал , а таму важи како најбрз играч. View this post on Instagram STUDENT Athlete Remember Student Comes First Straight As 📚📖📝#BeastInTheBooks #BeastOnTheField ##studentathlete A post shared by Blaze The Great (@blaze_813) on Sep 17, 2018 at 1:08pm PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПродолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS. Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН. Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени. Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор. Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина. Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево. Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.Тагови: ЕУФОР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамТојота подготвува големи измени за своите хибриди- новиот мотор ветува голема заштеда на гориво Тојота подготвува нова генерација хибридни погонски склопови што би можеле значително да ги намалат трошоците за возење.Јапонскиот производител развива целосно нов 1,5-литарски четирицилиндричен бензински мотор, со кој идните хибриди би требало да постигнат повеќе од 15 проценти подобра потрошувачка на гориво. За разлика од претходниот пристап, Тојота овој пат не го адаптираше постоечкиот бензински мотор на хибридниот систем. Новиот мотор, електричниот мотор и електрониката беа развиени како една единица од самиот почеток, што треба да донесе помала тежина, покомпактни димензии и поголема ефикасност. Моторот ќе биде достапен во атмосферска и турбо верзија, а атмосферската варијанта треба да ги замени постоечките 1,8-литарски четирицилиндрични и 1,5-литарски трицилиндрични мотори во хибридите на Тојота. Големи промени доаѓаат и во електричниот дел од погонот. Новите електрични мотори, инвертори и контролна електроника ќе бидат помали и полесни, со употреба на компоненти базирани на силициум карбид, кои ги намалуваат електричните загуби. Со помалку механичко триење, подобро термичко управување и подобрена аеродинамика, Тојота има за цел да ја подобри потрошувачката на гориво за повеќе од 15 проценти. Интересно е што новата генерација хибриди ќе користи платформа што ја делат електричните и plug-in хибридните автомобили. Покомпактниот погонски склоп ќе овозможи пониска хауба на моторот, подобра аеродинамика и поголема слобода во дизајнот на ентериерот. Таквиот пристап би требало да го поедностави и производството, бидејќи Тојота ќе може полесно да го прилагоди бројот на електрични и хибридни автомобили според побарувачката на различните пазари. Сè уште не е потврдено кој модел прв ќе го добие новиот погонски склоп, но следната генерација на Corolla се споменува како еден од главните кандидати. Неофицијално се очекува дека новата технологија би можела да почне да се користи во 2027 година.Тагови: тојота хибриди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Граѓаните со свои предлози и идеи за Кавадарци во 2027 годинаЗапочнаа посетите и средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници на територијата на Општина Кавадарци.Со голем одзив и во позитивна атмосфера, вечерва ги реализиравме првите средби во УЗ „Браќа Досеви“, УЗ „Задругар“, УЗ „Слога“ и МЗ „Ваташа“. Отворените разговори донесоа бројни предлози, идеи и конкретни иницијативи од граѓаните, насочени кон подобрување на инфраструктурата, комуналните услуги и севкупните услови за живот во нивните населби и населени места. Токму преку ваквите непосредни средби ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите кои ќе бидат дел од годишната програма за работа за 2027 година. Се гледаме утре - САБОТА • Ресава – 11:00 часот • Дабниште – 11:45 часот • Бегниште – 12:30 часот Продолжуваме понатаму, со средби во сите урбани и месни заедници!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter