Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб
2Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб
3Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
МакедонијаСедум години од потпишувањето на Договорот од Преспа На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Договорот беше постигнат во период кога кај јужниот сосед на власт беше СИРИЗА, кај нас СДСМ и го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји. Осум месеци по потпишувањето и откако беше ратификуван во нашето Собрание и во грчкиот Парламент, Договорот, на 12 февруари 2019 година и официјално стапи во сила. Согласно договореното, Република Македонија се преименуваше во Република С. Македонија, државјанството е македонско/државјанин на Република С. Македонија, а јазикот македонски. Земјата стана 30-та членка на НАТО и иако името континуирано со години со споменуваше како пречка за ЕУ перспективата на земја, сепак не го отвори целосно патот кон Европската Унија. Со Грција, седум години подоцна и покрај промената на власта и во двете земји, билатералните односи се на добро ниво. На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, периодично беа со позасилено темпо и почести средби, но имаше и периоди кога беа во застој и прекин, но секогаш завршуваа без заемно прифатливо решение, се до крајот на 2017 година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат Договорот. Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето на договорот, односно на 30 септември 2018 година, македонските граѓани беа повикани на раферендум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Излезноста на референдумот беше мала, гласаа само 36,91 отсто од гласачите, од нив 91,47 проценти беа „за“, а 5,64 отсто „против“. Согласно конечните резултати од гласањето одлуката на референдумот не беше усвоена, бидејќи не гласаа повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список. Во Грција, иако една година по потпишувањето, се смени власта, сепак, Договорот се почитува, во изминатите години беше интензивирана соработката меѓу двете земји, во низа области како што се економијата, енергетиката итн, а Атина е силен поддржувач на европската перспектива на сите земји од регионот, меѓу кои и нашата. Ставот на Владата на Нова демократија е дека и покрај тоа што како опозиција не го поддржаа Договорот, сметајќи дека е штетен за националните интереси, како Влада има обврска да го почитува, бидејќи станува збор за меѓународен договор што ја обврзува секоја Влада во рамките на континуитетот на државата. Ланската промена на власт кај нас, го актуализираше Договорот од Преспа, со пораки од Атина до Скопје дека мора да се почитува, но една година подоцна задржана е билатералната комуникација, на ниво на средби меѓу министри од владите од двете земји. Што е имплементирано од Договорот? И додека нашата исполни голем дел, а можеби и сите обврски од Договорот од Преспа, во однос на имплементацијата, како што се промената на уставното име и Уставот, менување на пасошите, регистарските таблици, менување на имињата на Министерствата и институциите и слично, од грчка страна, како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, постојат одредени доцнења што се однесуваат на спроведувањето на договореното. Трите меморандуми за соработка потпишани во 2019 година, а за првпат доставени во грчкиот Парламент на средината на септември 2020 година, сè уште не се ратификувани и покрај тоа што опозициската СИРИЗА, лани ги достави по втор пат, а дополнително, не е одржан вториот Совет на високо ниво. Согласно Договорот од Преспа, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“. Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција. Решението на спорот со името целосно ги нормализираше билатералните политички односи кои влегоа во нормален тек, со редовна и активна меѓусебна комуникација, со средби и посети, а резултираше и со прва официјална посета во Грција на претседател на Северна Македонија, како и прва официјална посета на грчки премиер на земјава. Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот шеф на државата кој ја посети Грција и со високи почести беше пречекан во Атина, додека пак помалку од една година по потпишувањето на Договорот, во април 2019 година, тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас го посети Скопје и се одржа првиот Совет за соработка на високо ниво кој го сочинуваат претставници на двете влади, заеднички предводен од премиерите. Меѓутоа, актуелниот грчки премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на поранешната претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, иако доби официјална покана од тогашниот нејзин македонски колега. Актуелните премиери на двете земји, Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис, за сега немаат одржано билатерална средба, а идентична е ситуацијата и на претседателско ниво. Во нашата земја од лани, а кај јужниот сосед во февруари годинава беа избрани нови шефови на државата.Тагови: грција Преспа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛутиот Рио Фердинанд остро ги нападна фудбалерите на Јунајтед по дебаклот против КомоКога легендарниот Рио Фердинанд командуваше со одбраната на Манчестер Јунајтед, противничките напаѓачи тешко наоѓаа пат до голот на „Црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд.Сепак, времињата кога славниот англиски клуб влеваше страв кај своите ривали се одамна минато, а најновиот пораз дополнително го продлабочи незадоволството. Вчера екипата на Комо – која до неодамна настапуваше во четвртиот ранг на италијанскиот фудбал – му одржа лекција на големиот Манчестер Јунајтед предводен од Мајкл Керик. Ваквото издание го разбесни легендарниот Фердинанд, кој е познат по своите директни и остри коментари, па тој не го поштеди ниту сегашниот состав на Јунајтед. „Поради појавувањето на Сеск Фабрегас на теренот, изгледавме како тим што добил на лотарија за да учествува во Лигата на шампионите. Во одредени моменти изгледаше како Комо да има 12 играчи на теренот. Бевме целосно безопасни во нападот. Во тимот немаше никаква енергија за трчање. Не бевме способни да извршиме притисок врз Комо. Без никаков план кога ја имавме топката во посед“, напиша Фердинанд на Твитер. Сепак, легендарниот дефанзивец не сакаше да ги омаловажи заслугите на италијанскиот тим и неговиот тренер, Сеск Фабрегас, кого го пофали за начинот на кој го изградил тимот и ги спровел своите фудбалски идеи. – Големи заслуги му припаѓаат на Сеск за начинот на кој го изгради овој тим, а исто така се гледа и како ги вградил своите идеи во екипата. Секој си ја знае својата задача и сите се максимално фокусирани, како со топката, така и без неа. Тие им додаваат топки на соиграчите дури и кога се под притисок – тоа е одличен пример за меѓусебна доверба. Фердинанд не застана тука, туку продолжи со критики за состојбата во неговиот поранешен клуб. Тој е особено загрижен поради недостатокот на самодоверба, а како дополнителен проблем ги наведе и бројните повреди. – Но, тоа не ни е никакво оправдување. Вечерва бевме слаби и во моментов изгледаме како тим што нема апсолутно никаква самодоверба – потребно е многу работа за да се промени ова... А да не зборувам воопшто за повредите! Разликата во буџетите дефинитивно не се одрази на разликата меѓу двата тима на теренот. Инаку, Нико Паз е одличен фудбалер. Неговите зборови уште еднаш го покажаа степенот на незадоволство од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, додека Комо продолжува да го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност со своите настапи под водство на Фабрегас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!70.358 денари за основни трошоци, над 85.000 денари за семејствата под кирија! А Владата без срам ни продава приказни за раст на платите и подобар животен стандард!Кого лажете?! Родителите кратат од сопствените потреби за да ги прехранат децата, работниците живеат од плата до плата, а младите сè почесто ја бараат својата иднина надвор од Македонија! Дури 10.200 денари разлика меѓу владината и синдикалната кошничка! За вас игра со бројки, за граѓаните храна на масата и неплатени сметки! Ги одбивате конкретните предлози на ЛДП, а со ребалансот повторно нудите празни ветувања наместо вистинска помош. Доста со економската пропаганда! Граѓаните не јадат проценти, не плаќаат сметки со прес-конференции и не живеат од вашите самопофалби! Ако економијата ви цвета, зошто народот ви осиромашува?! Време е да престанете да се фалите и да почнете да одговарате!Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЕХО 17: Од длабочините на Врело до највисоките планини - пет дена филмски приказни во СкопјеПланината не завршува на својот врв. Понекогаш нејзините најневеројатни приказни се кријат длабоко под површината. Меѓународна експедиција со светски рекорди, врвни алпинистички филмови, женски приказни од планината и теми за природата и климатските промени се дел од програмата на 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм, што ќе се одржи од 26 до 30 октомври во Скопје. Планината не завршува на својот врв. Понекогаш нејзините најневеројатни приказни се кријат длабоко под површината. Токму од таму доаѓа и една од посебните содржини на овогодишното издание на ЕХО - презентацијата на Спелеонуркачкиот клуб Врело за меѓународната експедиција во подводната пештера Врело, во Матка, која истражувањето го продолжи до длабочина од 338 метри и постави три светски рекорди. Ова е само една од приказните што ја поврзуваат овогодишната програма: љубопитноста, истрајноста и човечката потреба да се истражува непознатото, без разлика дали станува збор за подводен свет, карпеста северна стена или заедница што се соочува со промените во својата природна средина. ЕХО 17 ќе се одржи од 26 до 30 октомври, со филмски проекции и придружна програма што ги обединуваат алпинизмот, планинарењето, екологијата, културата и животот во планинските предели. Фестивалот и оваа година носи меѓународна селекција на филмови што ја прикажуваат планината од различни перспективи - како простор за големи спортски подвизи и лични предизвици, но и како дом, природно наследство и дел од културниот идентитет на многу заедници. Особено силен дел од програмата се алпинистичките филмови, со приказни за големи искачувања, ризикот, границите на човечките можности и односот меѓу човекот и планината. Значајно место имаат и жените во планинарењето и алпинизмот, преку филмови што ги претставуваат нивните искуства, избори и достигнувања во средини во кои традиционално доминирале мажите. Еколошките филмови, пак, отвораат прашања за климатските промени, чувствителноста на планинските екосистеми и одговорноста кон природата. Програмата не се ограничува само на спортските достигнувања, туку ги истражува и планинските заедници, локалните традиции, културното наследство и начините на кои луѓето живеат со планината. Во селекцијата се застапени и скијањето и сноубордингот, како дел од разновидната култура на планинските спортови. Фестивалот ќе биде отворен на 26 октомври во 19:00 часот, во киното Фросина при Младинскиот културен центар во Скопје, со проекција на филмот Frost: The Story of a Lifetime. Во текот на петте фестивалски дена, покрај филмската програма, публиката ќе има можност да присуствува и на презентации на гости, разговори, работилници и други придружни настани. Со тоа ЕХО продолжува да создава простор за средба на филмаџии, алпинисти, планинари, екологисти, истражувачи, уметници и публика што сака да ги запознае различните приказни поврзани со планината. По 17 изданија, ЕХО е многу повеќе од фестивал за луѓето што се искачуваат на планини. Преку филмовите, разговорите, преводите на книги и активностите надвор од Скопје, фестивалот ја приближува планинската култура до пошироката публика и отвора прашања што ги надминуваат границите на спортот. ЕХО 17 – Фестивал на планински филм 26–30 октомври 2026 Кино Фросина и Џебно кино, Младински културен центар, Скопје Отворање: 26 октомври, 19:00 часот Комплетната програма и информациите за проекциите и придружните настани се достапни преку официјалните канали на фестивалот. Link од трејлерот на фестивалот https://youtu.be/kZB7N0oHE7g / https://vimeo.com/1237746166?fl=pl&fe=shКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter