Седницата за Предлог-законот за попис ќе продолжи утре на пладне

Пратениците попладнево во рамки на продолжението на 29. седница расправаа за Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите, по скратена постапка. Седницата ќе продолжи утре во 12 часот.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека треба попис и се за спроведување попис, но, како што велат, според европски регулативи. Според нив, процесот се води скандалозно, без ВМРО-ДПМНЕ, и нема да даде точни податоци и имаат сомнеж за резултатите од пописот. Прашаа дали ќе се попишуваат државјани на земјава или резиденти, што ќе се случи со двојните државјани, дали ќе се добијат реални податоци и дали тие понатаму ќе се класифицираат, што е целта со податоците што ќе се добијат… Со вака предложениот закон, според нив, му се даваат преголеми овластувања на едно лице, тоа е директорот на Државниот завод за статистика, кој ја пропишува методологијата за пописот.

Сметаат дека за пописот нема национален и општествен консензус и оти поднесените 40 амандмани на опозицијата не биле прифатени од владејачкото мнозинство. Посочија дека поради КОВИД-19 многу поразвиени држави го одложиле пописот, како Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Хрватска…

-Овој закон треба да го повлечете ако имате доблест. Да не го злоупотребувате европското знаменце, изјави пратеникот Бојан Стојаноски. Тој повика да се отвори дебата меѓу релевантните ентитети во земјава, да се постигне консензус, а ако тоа не се случи најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и ќе поднесе иницијатива за собирање потписи за поништување на овој Предлог-закон.

Пратеникот Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека пописот е една статистичка операција од која зависи иднината на државата. -Од оваа статистичка операција, која треба да биде статистичка, а не политичка, зависи развојот и на економијата, на образованието, на земјоделството…, истакна Ефтимов, додавајќи дека се се сведува на еден политички договор.

Пратениците, пак, од СДСМ истакнаа дека со овој закон се прави попис, а не се спроведуваат избори и не се прави избирачки список. Прашаа зошто ВМРО-ДПМНЕ во минатото и сега бега од попишување на населението и домаќинствата. Нагласија дека мораме да имаме попис и мораме да знаеме со што располагаме, со кои човечки и други ресурси и во која насока да се креираат идните политики на државата. Според нив, една сложена статистичка операција пратениците од опозицијата на говорница ја претвораат во, како што велат, лакрдија и политичко надмудрување. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер