МакедонијаСедница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застојЕвроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас обраќајќи се пред Националниот совет за евроинтеграции, ја пофали Македонија во нејзината способност да испорача реформи и ја поздрави работата на Собранието .Евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас обраќајќи се пред Националниот совет за евроинтеграции, ја пофали Македонија во нејзината способност да испорача реформи и ја поздрави работата на Собранието во однос на реформските закони, притоа повикувајќи на консензус при донесување на клучните закони. Рокас вели дека Брисел несомнено сака да ја види државава како дел од Унијата, а владеење на правото останува клучен предуслов за сите земји кандидатки. -Партиите гледаме дека покажуваат конструктивен пристап, постои добра демократска атмосфера и мора да постои заедничка добра волја и многу работа со цел ова да се постигне. // Кога се работи за овие точки, многу е важно секако со наша помош, да се постигне консензус, најмногу за Изборниот законик, потоа и Кривичниот законик. // Владеење на правото е главна област каде ќе се проценува прогресот на секоја земја. Суштинско е законодавството но исто така и јавната администрација да биде добро поткована. Најважно е испразнетите позиции во јавната администрација и судството да бидат пополнети.-Михалис Рокас амбасадор на ЕУ во Македонија. Ресорниот министер Беким Сали оцени дека државава е една од водечките во спроведување на реформите. Осврнувајќи се и на последниот Извештај за владеење на правото, Сали вели дека се превземаат законски мерки кои што треба доследно да се спроведат. -Во судството има стратегија за реформата 2024 – 2028, новиот закон за Судски совет и измените во законот за јавни обвинители. Но предизвиците во судството се автономијата, обвинителството, кадровските, финансиските капацитети и опасностите од политизација. // Со последните оценувања на ЕУ, се доделија 65,7 милиони евра додека вкупниот број на ослободени средства е 128,1 милион евра. На 15ти јули доставивме и четврто барање за два чекори со бруто вредност од над 112 милиони евра. - Беким Сали, министер за европски прашања. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции – Венко Филипче е на ставот дека додека регионот напредува на европскиот пат, а Македонија е во состојба на „статус кво“. Оваа стагнација, според него, значи опасност од губење на европските фондови како и перспективата. -Се поставува прашањето – дали намерното запирање на европскиот пат не е форма на државен удар? Кога се знае што треба да се направи и кога ниту едно поглавје не е отворено а четири земји кандидати за ЕУ беа на меѓувладини конференции во Брисел? // Очигледно е дека немаме алтернатива, очигледно е дека не одиме напред и ние сме единствена земја која што нема отворено поглавја за преговори, додека овие четири кандидатки очигледно е дека ќе бидат следните земји членки. -Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции. Дел од претставниците од албанскиот опозициски блок во Националниот совет за евроинтеграции, повикаа на уставни измени што е, како што велат, неопходен чекор во деблокада на преговорите со ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“ Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот. Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро. Тие немале гаранција дека ќе победат. Немале сигурност дека ќе се вратат во своите домови. Немале можност да знаат како ќе изгледа светот што ќе го остават зад себе. Но, имале нешто посилно од стравот. Имале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот. Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно. Ја отворија вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено. Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата. Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи. Честит 11 Октомври! Да е вечна Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветВидео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредениДванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран. Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба. Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена. 🇸🇦🇺🇸A US citizen is DEAD after Saudi airport attack 12 lives lost, over 300 wounded and counting… King Khalid Airport in Riyadh is in total CARNAGE. Officials insist the conflict is "contained," while ballistic missiles flatten civilian departure lounges and KILL travelers from nine other nations. This isn't distant crossfire anymore, it's a full-scale international inferno. Writer: Bri https://t.co/eBvPg9qvO0 — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 10, 2026 По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион. Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад. По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00