ДИК ги објави конечните резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15 АА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Државната изборна комисија денескана јавната седница ги објави конечните резултати од изборите одржани на 15 јули.

Според конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, Коалицијата „Можеме" предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Како што информира на денешната седница претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, во првата ИЕ Коалицијата „Можеме" освои осум пратеници, ВМРО-ДПМНЕ седум, ДУИ два, Алијанса на Албанците и Алтернатива два и Левица еден пратеник.

Во ИЕ2, ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме" освоија по седум мандати, ДУИ три, АА/А три пратеници. Во ИЕ3, ВМРО-ДПМНЕ освои 10 пратеници, „Можеме" девет и Левица еден пратеник.

1 КОАЛИЦИЈА МОЖЕМЕ

327,408 35.89% 46

2 ВМРО – ДПМНЕ и други

315,344 34.57% 44

3 ДУИ

104,699 11.48% 15

4 АА / A

81,620 8.95% 12

5 ЛЕВИЦА

37,426 4.1% 2

6 ДПА

13,930 1.53% 1

7 ИНТЕГРА

12,291 1.35% 0

8 ГДУ

3,555 0.39% 0

9 МОРО

3,245 0.36% 0

10 ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА

2,802 0.31% 0

11 ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

2,604 0.29% 0

12 СДУ

2,585 0.28% 0

13 ТВОЈА

1,894 0.21% 0

14 ДЕМОКРАТИ

1,558 0.17% 0

15 НП НА РОМИТЕ

1,225 0.13% 0

– Во ИЕ4 мандатите ги поделија ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме", односно по 10 пратеници. Во ИЕ5 ВМРО-ДПМНЕ и „Можеме" освоија по осум пратеници, ДУИ три, и АА/А еден пратеник. Во шестката, ДУИ освои седум, АА/А шест, „Можеме" четири, ВМРО-ДПМНЕ два и ДПА еден пратеник, рече Деркоски.

СДСМ и коалицијта освоиле 327.329 гласа, или 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, или 44 мандати, ДУИ 104.699 гласови, односно 15 пратенички места, Алијанса за Албанците 81.827 гласа, 12 пратеници, Левица 37.426 гласа, а тоа се два пратеника во новиот собраниски состав, и ДПА 13.930 глас, односно едно пратеничко место, истакна Дерковски.

Во ИЕ 1, Коалиција СДСМ освои 54.000 гласови, 31,15 проценти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 50.564 гласови – 31,63 проценти, ДУИ 19.488, 12,19 проценти, АА 14.337, 8,97 проценти, ЛЕВИЦА 12.000 7,51 процнети и ДПА 2,446 или 1,53 процнети од гласовите.

– Во Изборна единица 2, Коалиција СДСМ 47.891,31,21 посто , Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 47.929, 31,24 проценти, ДУИ 22.374, или 14,58 проценти, АА 20.912 или 13,63 проценти, ЛЕВИЦА 5.896 или 3,84 проценти и ДПА 2,517 или 1,64, појасни Деркоски.

Во ИЕ 3 Коалиција СДСМ 66.853 гласови 42,81 процнент, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 71.551 или 45,82 проценти, ДУИ 3.331 или 2,13 процнети, АА 992 или 0,64 проценти, ЛЕВИЦА 6.939 или 4,44 проценти и ДПА 242 гласови.

Изборна единица 4 – Коалиција СДСМ 77.195 гласови или 46,76 процненти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 74.478 или 45 процненти, ДУИ 293, АА 213 и ЛЕВИЦА 6.835 или 4,14 проценти.

Како што рече, во Изборна единица 5, Коалиција СДСМ 56.622 гласови или 36,67 процнети, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159 или 35,72 проценти, ДУИ 21.745 или 14,08 проценти, АА 10.716 или 6,94 приценти, ЛЕВИЦА 4.715 или 3,05 проценти и ДПА 781 гласови или 0,51 процент.

Во Изборна единица 6 Коалиција СДСМ 24.229 или 19,67 проценти, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 15.663 или 12,71 процент, ДУИ 37.468 или 30,41 процент, АА 34.450 или 27,96 проценти, ЛЕВИЦА 1.041 или 0,84 од гласови и ДПА 9083 гласови.

Прашан какви беа очекувањата за изборите, Деркоски истакна дека изборите во специфични услови во коишто се одвиваа завршија добро. Првпат нашата држава, како што рече, се соочила со организација на избори во специфични услови, во пандемија од КОВИД -19 и за сите нас беше тоа предизвик. Додаде дека првиот, вториот и третиот ден од изборите поминале добро без забелешки а тоа го констатирало и МВР.

– Од февруари наваму во еден петмесечен период ДИК беше во интензивни активности за припрема и организација на овие избори коишто завршија. Мислам дека јавноста ќе се сложи и со нас дека првиот ден помина одлично на гласањето, вториот ден исто така без забелешки иако имаше зголемен број на пријавени за гласање во домашни услови и третиот ден, исто така помина одлична во смисла на организација, спроведување, одвивање на гласањето, немаше никакви посериозни забелешки од страна и на граѓаните и на присутните коишто го набљудуваа процесот и она што се случи вечерта со објавувањето на резултатите, вие сте сведоци дека беше предмет на напад од надвор. Впрочем, тоа го кажа вчера и МВР. Кога ќе заврши истрагата таму и комплетно ќе бидете навремено известени, рече Деркоски.

После 12 часот се поканети сите пратеници да си ги подигнат уверенијата од просторијата на ДИК. /МИА

ЕУ го заостри визниот режим со Етиопија поради „несоработка“ во реадмисијата на азиланти

Советот на ЕУ денеска реши времено да суспендира одредени одредби од одлуката со кој се регулира издавањето визи за државјаните на Етиопија.  

Со денешната одлука се укинува ослободувањето од обврската за поднесување на доказите што треба да ги достават апликантите за виза, се забранува издавањето на повеќекратни визи и се укинува ослободувањето од обврската за плаќање визната такса за имателите на дипломатски и службени пасоши.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, рокот за одговор на поднесената апликација за виза се продолжува од досегашните 15 на 45 календарски дена.

Ваквата одлука на Советот на ЕУ е донесена врз основа на оценката на Еврокомисијата дека „соработката на Етиопија на полето на реадмисија на нејзините државјани кои илегално престојуваат во ЕУ е недоволна“.

Според ЕК, има недостиг на одговори од страна на етиопските власти во однос на барањата за реадмисија и постојат потешкотии со издавањето на итни патни документи и со организација на враќањето на одбиените баратели на азил.

Одлуката за суспензија е привремена, но нема конкретен краен рок на нејзината важност, туку тој ќе зависи од понатамошната оценка на Комисијата за постигнатиот напредок во соработката за реадмисија од страна на Етиопија.

Европската комисија редовно ја оценува соработката на трети земји во процесот на реадмисија на илегалните мигранти и одбиените баратели на азил. Врз основа на овие оценки, ЕК може да заклучи дека соработката на одредена трета земја при реадмисијата е „недоволна“ и може да ја суспендира одлуката за визна либерализација или да го заостри постојниот режим за издавање визи.

Во случајот на Етиопија, Еврокомисијата процени дека има „особено ниска стапка на реадмисија“ и се издадени мал бројот на патни документи врз основа на барањата за враќање на етиопските државјани во нивната матична земји, што во целост е оценето како „ниско ниво на соработка“. /МИА

Иран ги отфрли шпекулациите дека соработува со Северна Кореја во врска со нуклеарни прашања

Иранското Министерство за надворешни работи денеска по пристигнувањето на севернокорејската деловна делегација во Техеран, ги отфрли шпекулациите за соработка со Пјонгјанг во врска со нуклеарни прашања.

„Делегацијата, предводена од министерот за надворешни економски односи Јун Јонг Хо, отпатува во иранската престолнина минатата недела на економска конференција. Секоја поврзаност со соработка за нуклеарни прашања е „неоснована“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.

Во Јужна Кореја имаше шпекулации дека за време на посетата може да се разговара за воена соработка меѓу Северна Кореја и Иран.

Двете земји - и двете се соочија со строги меѓународни санкции и изолација на дипломатската сцена поради нивните нуклеарни активности - постојано беа обвинувани за активна соработка, особено во областа на ракетната технологија.

Контроверзната иранска нуклеарна програма е предмет на обновен интерес во последните месеци по избувнувањето на војната во Газа. /МИА

Сиднеј: Тинејџери планирале да купат оружје и да ги напаѓаат Евреите

 Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј, покажа полициската истрага, објавија денеска австралиските локални медиуми.

Петмина тинејџери, на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот беа обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, вклучително и заговор за учество или планирање терористички чин.

Полицијата соопшти дека сите тие „се придржувале до религиозно мотивирана, насилна екстремистичка идеологија“ и биле дел од мрежата во која беше и 16-годишно момче обвинето за прободување на епископот на Асирската православна црква Мар Мари Емануел на 15 април.

Според полициските информации доставени до Детскиот суд во Сиднеј, двајцата обвинети разговарале за купување оружје на 19 април, истиот ден кога е обвинет наводниот напаѓач на бискупот, објави весникот News Corp Australia.

Одделот за односи со јавноста на полицијата на Нов Јужен Велс денеска за Асошиетед прес изјави дека не може да ја потврди точноста на извештајот.

Родителите на момчето во интервју за австралиските медиуми изјавиле дека нивниот син бил насилен и дека се сомневаат дека има нарушување од спектарот на аутизам, но додале дека тој не е терорист.

Еј-Би-Си објави дека на нивниот син му се допаѓаат онлајн видеата на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а сликата на профилот на момчето Вотсап е слика на самиот Бин Ладен. /МИА

притисни ентер