Седлоски: Пехарот не треба да нè дигне во облаци

Тренерот на Вардар Гоце Седлоски на прес-конференцијата по натпреварот со Работнички и освоениот Супер куп истакна дека е среќен поради освојувањето на трофејот по пенал серијата, и напомена дека не треба да се лета во облаци, затоа што за кратко време следува уште еден меч со Работнички во првенството.


- Добро го отворивме натпреварот, поведовме доста рано со 1:0, а потоа застанавме. Знаевме дека против себе имаме квалитетен тим. Во вториот дел уште на стартот примивме гол по наша наивна грешка. Пеналите се лотарија, а ние имавме повеќе среќа и го добивме овој натпревар. Убаво е кога се освојува трофеј, но овој успех не треба да нè дига во облаци, веќе во недела играме против истиот Работнички во рамките на 8. коло во шампионатот на Македонија. Ќе се обидеме да ги отстраниме грешките кои ги пројавивме на оваа средба. Според мене мислам дека не се штедеа играчите, и сите го сакавме пехарот. На крајот ние успеавме да го освоиме, рече Седлоски.

Тренерот на Работнички, Игор Ангеловски го честиташе освојувањето на трофејот на Вардар и потенцираше дека се одигра еден квалитетен и неизвесен натпревар.

- Честитки за освоениот трофеј на играчите, стручниот штаб и раководството на Вардар. Мислам дека се одигра квалитетен и неизвесен натпревар во кој ние достојно го претставуваме нашиот клуб. И покрај тоа што во стартниот состав беа неколку младинци, мислам дека добро се држевме на теренот. Потоа кога израмнивме се обидовме да постигнеме уште еден гол, но не успеавме. За пеналите што да се каже, тие се рулет во кој на крајот не успеавме, посочи тренерот на Работнички.

Вардар синоќа на „Филип Втори“ го победи Работнички на пенали со 4:3, откако по 120 минути игра беше нерешено 1:1.

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер