Се зголемува бројот на болни и починати од Ковид-19, Владата усвои нови мерки - Канал 5

Се зголемува бројот на болни и починати од Ковид-19, Владата усвои нови мерки

Владата на синоќешната седница донесе најнови мерки, протоколи и препораки за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести. 

Се зголемува бројот на болни и починати од Ковид-19, Владата усвои нови мерки

Во земјата деновиве постојано се зголемува бројот на заболени и починати од Ковид-19. Така, вчера се регистрирани нови 999 случаи, починати се 14, а оздравеле 184 пациенти.

Од 1 септември домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19, или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Македонија.

За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД – 19, ќе се одреди мерка карантин од седум дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани, пак, кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.

На предлог на Министерството за образование и наука, а со одобрување на Комисијата за заразни болести, донесена е одлука учебната 2021/2022 година да започне со физичко присуство, со полн капацитет, според утврдените и донесени протоколи. Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни семејства, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето.

На седницата било истакнато дека постојано ќе се следат состојбите и дека како алтернатива постојат дополнителни две сценарија: преминување на целосно онлајн настава или комбинирано, доколку дојде до промена на состојбата со пандемијата.

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително ќе се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД – 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат во сила по нивното објавување во „Службен весник", односно од денеска.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД – 19 документи.

На оваа своја седница Владата го усвои и Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Според последната статистика, од направени 7.245 тестирањa регистрирани се 999 нови случаи на Ковид-19, 14 починати и 184 оздравени пациенти.

Од 999 нови случаи во Скопје има 325 регистрирани, во Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово – по 15, Прилеп – 14, Кавадарци и Ресен – по 10, Штип и Радовиш – по 8, Велес – 7, Делчево и Валандово – по 6, Кратово и Македонски Брод – по 5, Дебар – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Пријавени се 14 починати лица и тоа по пет починати лица од Скопје (59г,74г,77г,79г и 84г) и Тетово (61г,64г,75г,76г и 78г), две лица од Гостивар (57г и 58г) и по едно лице од Куманово (80г) и Кичево (57г). Еден од пријавените е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 184 оздравени пациенти од: Скопје – 72, Гостивар – 24, Тетово – 20, Куманово – 19, Кичево – 13,Битола – 7, Струмица – 6, Дебар – 5, Кочани и Кавадарци – по 4, Прилеп и Валандово – по 3, Радовиш – 2, Велелс и Свети Николе – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.073.017 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 163.452 бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734.

Според епидемиолошки анализи моментно најмногу активни случаи има во Скопје 2246, во Тетово 1330, во Гостивар 927, во Куманово 422, во Кичево 366, во Струга 164 и во Дебар 122.

Министерството за здравство повторно потенцира дека вакцинацијата е единствен начин да постигнеме колективен имунитет, мерките кои се практикуваат не се никаква дискриминација, туку се неопходни за да се заштити јавното здравје.

На вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани.

Потврдата за прележан Ковид 19, може да ја извадат единствено граѓани кои се заведени во Институтот за јавно здравје дека биле заразени со вирусот, а потврди освен на vakcinacija.mk, може да извадат и кај својот матичен лекар.

Националниот сертификат за вакцинација, исто така може да го извадат од сопствениот профил на веб страницата vakcinacija.mk, а сличен е принципот и за вадење на CommonPass, за кој има и мобилна апликација, а со која исто така може да влезат во објектите опфатени со мерките, информираат од Министерството и ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат.

Болниците и ковид-центрите во неколку градови во земјата, каде се регистрирани најмногу заболени од Ковид-19, се полнат со заболени пациенти. Истовремено во целата земја се зголемува интересот за вакцинација против Ковид-19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртвите во трагедијата во Шпанија, земјата завиена во црно

Бројот на жртви од судирот меѓу два брзи воза во близина на Урда, во шпанската покраина Толедо, се искачи на 74, според Комисијата за истрага на железнички несреќи (CIAF), додека спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на настанот.

Расте бројот на жртвите во трагедијата во Шпанија, земјата завиена во црно

Прелиминарните наоди укажуваат дека технички дефект, проследен со низа човечки грешки, довел до несреќата во Шпанија, објави весникот „Ел Диарио“.

Проблемите започнале околу 8:30 часот наутро во среда, кога софтверски проблем предизвикал системот за контрола на сообраќајот на LZB да престане да работи.

И покрај ова, контролниот центар му наредил на машиновозачот на возот „Ренфе АВЕ“ да продолжи со нормална брзина, што, според медиумските извештаи, било спротивно на протоколите за безбедност на железницата, кои во такви околности бараат возење со брзина прилагодена на видливоста, не повеќе од 40 километри на час.

Слични инструкции му биле дадени и на машиновозачот на возот „Ирјо“, но таа подоцна, во 8:48 часот, го информирала контролниот центар дека нејзиниот воз сè уште е запрен на пругата и не успеал да продолжи да се движи.

Според достапните информации, во тој момент не е забележан друг воз што се движи со голема брзина кон запрениот воз Ирјо.

Истрагата треба да утврди зошто патувањето продолжило под нормални услови и покрај тоа што безбедносниот систем не функционирал, како и зошто возот Ирјо не се движел од местото каде што бил запрен.

Кога системот LZB не работи, управувањето со сообраќајот се префрла на класична сигнализација покрај пругата, додека системот за автоматско сопирање ASFA обезбедува дополнителна заштита. Во такви околности, според железничките правила наведени во извештајот, машиновозачот мора да ја прилагоди брзината за да може да го запре возот ако види пречка.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Силна поддршка за Стојанчо Радичевски во Брвеница!

Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ.

ЗНАМ: Силна поддршка за Стојанчо Радичевски во Брвеница!

Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ, на кој присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, потпретседателот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

На состанокот беше потврдена силната поддршка на Движење ЗНАМ за кандидатурата на Радичевски.

Со координација, меѓусебна поддршка и заедничка посветеност, продолжуваме да придонесуваме кон остварување на приоритетите за развој на Брвеница и подобар живот на граѓаните.

Заедно за Брвеница и за граѓаните!

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четиригодишен брат и неговата двегодишна сестра починаа во сон, истрагата е прекината (ВИДЕО)

Брат и сестра, на возраст од четири и две години, починале од вдишување чад додека спиеле, пишува „Романски обсерватор“.

Четиригодишен брат и неговата двегодишна сестра починаа во сон, истрагата е прекината (ВИДЕО)

Електричен апарат, оставен вклучен за да ја загрее собата, наводно го запалил душекот на креветот, кој потоа почнал да тлее, објави Обсерватор.

Мајката на децата исто така била во куќата, но во друга соба, и ја открила трагедијата предоцна. Она што е особено шокантно е што жената претходно била жртва на семејно насилство и самата се грижела за децата.

Трагедијата се случила синоќа во градот Талмациу, во округот Сибиу. Околу 19:30 часот, службата за итни случаи 112 добила повик дека една соба во куќата е исполнета со чад.

Двегодишно девојче и четиригодишно момче спиеле во собата

Во собата работел електричен грејач. Од сè уште непознати причини, неколку парчиња ткаенина паднале врз жешкиот апарат, се запалиле и зафатиле дел од душекот на креветот.

„Децата си играа и врескаа, викаа. После тоа, кога влегов во куќата, јадев и погледнав низ прозорецот, видов дека пристигнала спасувачката екипа на SMURD“, рекоа мештаните.

Спасувачите кои пристигнаа на местото на настанот ги пронајдоа децата во несвест, со симптоми на вдишување чад.

„Ги слушнав пред малку, си играа во дворот.“ „Ќорбан, неколку чаршафи, не знам, можеби се запали од електричен грејач“, рекоа мештаните.

„Децата беа пронајдени во кардиореспираторен застој поради вдишување чад. Мерките за реанимација беа применети околу еден час“, рече Елена Ангелика Бутанеску, лекар специјалист во Општата болница во Сибиу.

За жал, децата не реагираа, па лекарите беа принудени да ги прогласат за мртви.

„За жал, вечерва се случи трагедија во градот Талмаци. Се надевам дека ова ќе биде предупредување за сите оние кои користат различни извори на греење во текот на студените месеци“, рече градоначалникот на Талмаци, Јоан Оанца.

YouTube video

Децата биле одгледувани само од нивната мајка

Децата живееле со нивната мајка во изнајмената куќа каде што се случила трагедијата. Жената претходно била жртва на семејно насилство и била вклучена во програма за заштита до јуни.

После тоа, таа била оставена сама и продолжила да се грижи за децата.

Кога душекот почнал да тлее, мајката била во куќата, но во друга соба. Според извештајот, таа сфатила што се случува предоцна.

„Секако дека биле под надзор. Таа била со нив цело време. Кога излегла низ портата, ги држела за раце за да не им пречат“, рекле мештаните.

„Причината за пожарот се утврдува“, изјави Андреа Стефан, портпаролка на Инспекторатот за вонредни состојби на округот Сибиу.

„Полицијата презема соодветни мерки за да ги утврди околностите под кои се случил овој настан“, изјави Влад Теодосиу, портпарол на полицијата на округот Сибиу.

Телата на децата се преземени од страна на службата за судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција. Полицијата отвори кривична постапка под сомнение за предизвикување смрт од небрежност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер