Се враќа ли од утре старата цена на осигурителните полиси?

Утре владината комисија при Министерството за финансии за автоодговороност ќе одлучува за новата цена за осигурување на возилата. 

Според неофицијални информации, поскапувањето за 15 % кое го донесе Нациналното биро по барање на осигурителните компаниии - комисијата при ресорното министерство ќе го поништи, со што се очекува да се врати старата цена .

Претходно реагираа и од Агенцијата за супервизија на осигурување од каде посочија дека зголемувањето на цената е неорпавдано.

Од Националното биро за осигурување пак велат дека цената на авто-осигурувањето е непроменета од 2008 година, и според нив, поскапувањето на осигурителните полиси е реално, поради како што велат – повисоките цени на автомобилите и резервните делови.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,  „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје.

На средбата на којашто присуствуваа ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, ректорот проф. д-р Јусуф Зејнели, ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, проректорот проф. д-р Јове Талевски и проректорот проф. д-р Беким Фетаји, беа упатени честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова и беа изразени очекувања за успешна соработка.

Соговорниците разменија мислење за тековните реформи во високото образование со цел прилагодување на високообразовните институции на глобалните трендови и достигнување на европските критериуми и стандарди.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека, како личност што доаѓа од академската заедница, ќе го поддржува поттикнувањето на научно-истражувачката дејност, посочувајќи дека високото образование е клучно за просперитетот, развојот и напредокот на државата и подигнувањето на неговиот квалитет мора да биде наш врвен приоритет.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата државните институции заедно со универзитетите да ги интензивираат напорите за поцелосно искористување на ресурсите од механизмите на ЕУ наменети за високото образование и да се искористи можноста македонските студенти и академски кадар да имаат зголемено ниво на соработка преку проектите на програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

Во насока на поттикнувањето на развојот преку науката, дигитализацијата и развојот на човечките капацитети, претседателката ја посочи нејзината подготвеност како професор со долгогодишно искуство во високото образование да помогне во правец на подобрување на квалитетот на образованието за сите млади луѓе, промовирање на културната разновидност, поттикнување на иновациите и подобрување на технолошките вештини кај младите.

Траги-комедијата „Веселинови“ премерно во среда во штипскиот Центар за култура

Секојдневниот живот,  сиромаштијата, иселувањето на младите се темите во траги-комедијата „Веселинови“, која се работи по авторски текст на Трајче Кацаров. 

Главните улоги ги играат Оле Поцкова која ја толкува улогата на Весела и Игор Стојанов – Баркли, кој ја игра улогата на Веселко. Прмиерата на претставата е закажана во среда, а репризата во петок во малата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Авторот, Кацаров на денешната прес-конференција истакна дека претставата се работи веќе околу два месеца.

-„Веселинови“ е огледало на нашата фамилија, на нашето секојдневие. Веселинови се пар кои се во постојона противречност, стравови. Стравови кои се предизвикани од плитките џебови, стравови кои се предизвикани од далечината на нивните деца и се она само по себе кое го носи секојдневното живеење. На некој начин ги лечи од сите они лоши особености, лоши моменти, кое што може да дојде било кое семејств, фамилија во услови тоа е денешницата, рече Кацаров.

Поцкова и Стојанов велат дека го прифатиле предизвикот, а како што велат подолг период биле во дилема дали ќе можат да одговорат на предизвиците.

-Ова за мене е прво искуство и многу драгоцено, јас до сега не сум играла театарска претстава. На инсистирање на овој голем човек Трајче Кацаров јас се зафатив за оваа работа. Прво ми беше тешко бев во недоумица дали ќе ја изнесам таа улога. Дали ќе можам да ги исполнам захтевите кои што не беа многу големи ама едноставно ми е прваа улога и јас не знаев дали можам да ги исполнам тие барања што ми ги кажа Трајче, вели Поцкова.

Стојанов надополни дека во ликовите на Весела и Веселко сите можеме да ги препознаеме нашиите татковци, вујковци, дедовци, мајки, стрини, и како што вели сигурно некој ќе се препознае во ликовите, бидејќи е реална ситуација инспирирана од секојдневниот живот. /МИА

Белоусов: На руските војници им треба подобра грижа, тоа треба итно да се реши

Андреј Белоусов, изненадувачкиот избор на рускиот претседател Владимир Путин за нов министер за одбрана на Русија, денеска рече дека на војниците им треба подобар пристап до домување, болници и социјална помош.

Белоусов, економист кој претходно беше вицепремиер, ја истакна потребата од подобра грижа за руските војници во обраќањето пред парламентарната комисија, негово прво обраќање откако Путин во неделата го назначи да го замени Сергеј Шојгу.

Државните медиуми ја цитираа неговата изјава дека има премногу бирократија околу исплатата на бенефиции за воениот персонал, како и проблеми со сместувањето и лекувањето.

„Мислам дека е хаос кога учесниците на специјалната воена операција кои се враќаат на одмор се принудени да одат во болници кои често се преполни. Ова прашање треба да се реши“, рече Белоусов.

Тој зборуваше пред Комисијата за одбрана и безбедност на Горниот дом на Парламентот, Советот на Федерацијата, како дел од процесот на потврдување на новиот кабинет по петтиот претседателски мандат на Путин што започна претходно овој месец. /МИА

притисни ентер