Атлетичарите од Куманово на државно првенство освоија 14 медали - Канал 5

Атлетичарите од Куманово на државно првенство освоија 14 медали

Одлични резултати остварија атлетичарите од атлетскиот клуб „Куманово“ на државното првенство во атлетика за атлетичари под 16 години, соопштија денеска надлежните од клубот. 

Атлетичарите од Куманово на државно првенство освоија 14 медали

Атлетичарите од Куманово настапија во машка и женска конкуренција и освоија вкупно 14 медали, од кои седум златни, пет сребрени и два бронзени.

Првенството, како што информираа од АК „Куманово“, се одржа вчера на градскиот стадион во Скопје.

- Задоволни сме од резултатот, но секогаш може и подобро. Очекуваме уште повеќе натпревари и подобри резултати на државното превенство во атлетика кое ќе се одржи на 25 мај годинава во Скопје, изјави тренерот Филип Колевски.

Марко Ѓуровски освои први места во фрлање ѓуле и скок во височина, Клеа Петрушевска на трка од 600 метри, Ведран Николовски освои две први места во 600 метри и 100 метри со пречки, Кристијан Чедомировски прво место во 300 метри со пречки и второ место на 100 метри со пречки, Меланија Станковиќ прво место во фрлање ѓуле, Теодор Даутовски, второ место во скок во височина и трето во скок од далечина, Јан Вуковиќ второ во 300 метри со пречки и трето во 100 метри со пречка, Алек Кипријановски сребро во 800 метри и второ место на штафета 4×100м 2 место (Чедомировски, Вуковиќ, Даутовски, Николовски).

- Имаме соодветни услови за тренинг, во однос на условите, особено кога времето е добро тренираме на атлетската патека. Во постудените месеци импровизираме и тренингот го спроведувме во спортски сали во градот, теретани, и тренинзите продолжуваат и во некои соседни балкански земји, посочи Колевски.

Клубот е еден од најстарите во градот, формиран од 1959-тата година и низ децениите од функционирањето бележи подеми и падови. Последнава деценија остварува одлични резултати на државните првенства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорската полиција на нозе: Со дронови бара свој поранешен колега- бегалец од половина милион евра

Голем број полицајци синоќа со часови пребарувале ресторан во Грахово, Црна Гора, барајќи го екс колегата во бегство, Љубо Миловиќ.

Црногорската полиција на нозе: Со дронови бара свој поранешен колега- бегалец од половина милион евра

Полицијата наводно се сомневала дека во ресторанот има таен тунел, објави Дан.

Сепак, ниту Миловиќ ниту тунелот не се пронајдени.

Во операцијата учествувале неколку полициски служби. Додека го пребарувале ресторанот, дронови летале над областа Грахово, објави Адрија ТВ.

Полицијата го бара Миловиќ од јули 2022 година, кога Специјалното државно обвинителство издаде налог за негово апсење.

Бегалецот е обвинет дека е дел од криминална група, заедно со неговиот поранешен колега, суспендираниот службеник на Агенцијата за национална безбедност Петар Лазовиќ, исто така на водачот во бегство на криминалниот Кавачки клан, Радоје Звицер.

Во пресудата, донесена кон крајот на јули од страна на судијата на Вишиот суд во Подгорица, Вељко Радовановиќ, сите тројца беа прогласени за виновни - Звицер доби четири децении затвор, додека Лазовиќ беше осуден на 20, а Миловиќ на 19 години затвор.

Лазовиќ и Миловиќ беа осудени со таа првостепена одлука за членство во криминалната организација на Звицер, шверц со цигари и дрога.

Месец и половина претходно, Миловиќ беше осуден на четири години затвор во друг судски процес против него и неговиот поранешен колега Марко Новаковиќ за припадност на криминалниот Кавачки клан .

Таа пресуда, изречена од судијата на Вишиот суд во Подгорица, Амир Ѓокај, беше исто така првата што му беше изречена на полицаец во бегство.

Минатиот месец, Министерството за внатрешни работи објави награда од половина милион евра за информации што доведоа до апсење на Миловиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Семејството на Павароти огорчено, откако политичар го искористил неговиот глас без дозвола

Семејството на покојниот италијански тенор Лучијано Павароти се дистанцира од употребата на неговиот глас во видео објавено на социјалните мрежи од Роберто Ваначи, поранешен генерал и лидер на крајно десничарската партија Футуро Национале.

Семејството на Павароти огорчено, откако политичар го искористил неговиот глас без дозвола

Ваначи објави видео генерирано од вештачка интелигенција на кое се гледа како е опкружен со пиштоли насочени кон него. Во позадина се слуша изведбата на Павароти на познатата арија Несун дорма од операта „Турандот“ на Пучини, вклучувајќи го и нејзиниот препознатлив крај „All'alba vincerò“, т.е. „Во зори ќе победам“.

Семејството тврди дека не дало дозвола

Семејството на Павароти изјави дека никогаш не дало дозвола неговиот глас, име или идентитет да се користи во содржината.

„Силно се дистанцираме од каква било поврзаност на неговиот лик со политички пораки, ставови или иницијативи“, соопшти семејството на познатиот тенор.

Во видеото, Ваначи одговара на низа критики и обвинувања што беа упатени кон него и неговата партија во последните денови, вклучувајќи го и тврдењето дека е „Тројански коњ на Москва“. Тој одговара на обвинувањата со зборовите „Me ne frego“, што може да се преведе како „Не ми е гајле“. Терминот има и историска тежина во Италија бидејќи беше широко распространет како слоган за време на фашистичкиот режим.

Партијата на Ваначи силно расте

Ваначи привлече внимание во последните години поради контроверзните изјави за мигрантите, ЛГБТ лицата и други социјални прашања. Тој ја основаше Futuro Nazionale во февруари оваа година откако се раздели од Лигата, а партијата значително порасна во анкетите за само неколку месеци.

Според анкетата на SWG објавена на крајот на август, Futuro Nazionale достигна 7,5 проценти поддршка, надминувајќи ја Forza Italia со 7,1 процент и Liga со 5,7 проценти. Ова ја направи партијата на Ваначи четврта политичка сила во Италија според таа анкета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ерупција на вулканот Анук Кракатау: Прекинат е сообраќајот на аеродромот во Џакарта (ВИДЕО)

Меѓународниот аеродром Соекарно-Хата во Индонезија ја продолжи суспензијата на летовите до недела во 9:30 часот по локално време (02:30 GMT) поради вулканска пепел .

Ерупција на вулканот Анук Кракатау: Прекинат е сообраќајот на аеродромот во Џакарта (ВИДЕО)

Меѓународниот аеродром Соекарно-Хата во Индонезија ја продолжи суспензијата на летовите до недела во 9:30 часот по локално време (02:30 GMT) поради вулканска пепел предизвикана од тековната ерупција на вулканот Анак Кракатау, соопшти главниот аеродром во Џакарта на Инстаграм.

Прекинот на сообраќајот претходно беше планиран до 5:30 часот наутро, што влијаеше на 33 летови, вклучувајќи неколку меѓународни, соопшти индонезиското Министерство за транспорт.

Вулканот еруптира од петокот

Вулканот Анак Кракатау еруптира со денови, а вулканска пепел беше забележана на аеродромот рано во неделата, според соопштението.

Агенцијата за ублажување на катастрофи во саботата објави дека нема непосредна опасност од цунами предизвикано од вулканот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер