Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
2Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
КултураТраги-комедијата „Веселинови“ премерно во среда во штипскиот Центар за култураСекојдневниот живот, сиромаштијата, иселувањето на младите се темите во траги-комедијата „Веселинови“, која се работи по авторски текст на Трајче Кацаров. Главните улоги ги играат Оле Поцкова која ја толкува улогата на Весела и Игор Стојанов – Баркли, кој ја игра улогата на Веселко. Прмиерата на претставата е закажана во среда, а репризата во петок во малата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Авторот, Кацаров на денешната прес-конференција истакна дека претставата се работи веќе околу два месеца. -„Веселинови“ е огледало на нашата фамилија, на нашето секојдневие. Веселинови се пар кои се во постојона противречност, стравови. Стравови кои се предизвикани од плитките џебови, стравови кои се предизвикани од далечината на нивните деца и се она само по себе кое го носи секојдневното живеење. На некој начин ги лечи од сите они лоши особености, лоши моменти, кое што може да дојде било кое семејств, фамилија во услови тоа е денешницата, рече Кацаров. Поцкова и Стојанов велат дека го прифатиле предизвикот, а како што велат подолг период биле во дилема дали ќе можат да одговорат на предизвиците. -Ова за мене е прво искуство и многу драгоцено, јас до сега не сум играла театарска претстава. На инсистирање на овој голем човек Трајче Кацаров јас се зафатив за оваа работа. Прво ми беше тешко бев во недоумица дали ќе ја изнесам таа улога. Дали ќе можам да ги исполнам захтевите кои што не беа многу големи ама едноставно ми е прваа улога и јас не знаев дали можам да ги исполнам тие барања што ми ги кажа Трајче, вели Поцкова. Стојанов надополни дека во ликовите на Весела и Веселко сите можеме да ги препознаеме нашиите татковци, вујковци, дедовци, мајки, стрини, и како што вели сигурно некој ќе се препознае во ликовите, бидејќи е реална ситуација инспирирана од секојдневниот живот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисСабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?За првиот рекет во светот, Арина Сабаленка, настапот на турнирот од серијата WTA 1000 во Синсинати заврши неочекувано брзо.Белорусинката е поразена во осминафиналето од Чехињата Сара Бејлек со 7-6, 6-4, со што се отвори можност за промена на врвот на WTA-листата. Арина која во претходното коло убедливо ја совлада Кинезинката Ванг Синју, не успеа да го пронајде својот ритам во дуелот против 35-тата тенисерка во светот. Сабаленка испушти значителна предност во двата сета; таа водеше со 5-1 во тај-брејкот од првиот сет и имаше предност од 4-1 во вториот, но Бејлек одигра многу подобро во завршниците од двата сета и ја обезбеди победата. „Немам зборови... Неверојатно е“, изјави Бејлек откако ја оствари првата победа во кариерата против високорангирана тенисерка. Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Американката Медисон Киз. Овој пораз за Сабаленка доаѓа пред почетокот на УС Опен, кој стартува на 30 август. Со тоа, четирикратната гренд-слем шампионка продолжува со серијата слаби резултати, по елиминациите во осминафиналето во Торонто и на Вимблдон, како и во четвртфиналето на Ролан Гарос. Поразот на Сабаленка директно влијае врз борбата за првото место на ВТА-листата; Елена Рибакина сега има шанса да стане новата светска тенисерка број еден доколку стигне до финалето на турнирот во Синсинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАДончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф... Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготви посебна програма што оди далеку надвор од кошаркарскиот терен.Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал лет со приватен авион за 14 лица, а по пристигнувањето, играчите ќе ги пречекаат пакети подароци со словенечки производи. Собирот ќе се одржи од 20 до 24 август во Љубљана, а целта е тимот да почне да гради меѓусебна хемија пред сезоната 2026/27. Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги одведе соиграчите во еден од неговите омилени ресторани, а планирани се и излет на Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности. Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ. Се очекува да се вратат 16 од неговите 17 соиграчи, вклучувајќи ги Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс. Сандро Мамукелашвили би требало да му се приклучи на тимот одделно, бидејќи моментално се наоѓа во Грузија. Единствениот што нема да биде во Словенија е дебитантот Кем Кар, но не по сопствена одлука. Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА-ориентација за дебитанти во Соединетите Американски Држави. Така, Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерс во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона, прва по заминувањето на Кралот,- Леброн Џејмс, преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскањеДенеска и утре се реализира авионска дезинсекција против комраци, а од 23 до 26 август ќе се реализира теристична дезинсекција на подрачјето на градот, соопштија од Град Скопје.Како што се наведува во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението.Тагови: Град Скопје комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook