МакедонијаСе уште не е познато кога ќе се случи најавената јунска реконструкција на владата Ниту од Влaдата, ниту од најголмеата владејачка партија, се уште нема информации кога ќе се случи и кој се ќе биде опфатен со реконструкцијата што ја најави премиерот Мицкоски.Од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 велат дека во партиските тела досега немале разговарано на оваа тема, а Централниот комитет го има овластено лидерот Мицкоски да одлучува за предлог членови и да преговара со коалиционите партнери. Први внатрешната дискуијата за реконструкцијата ја почнале колаиционите партнери од Вреди, на првата седница на Црнтралното собранието што го одржале синоќа. - Беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните, стои меѓудругото во соопштението на Вреди. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи очекува со промените да бидат опфатени една третина од владиниот тим, но смета дека неопходно е и освежување во пониските ешалони кадешто има послаби резултати. Во меѓувреме во политичките кругови се шпекулира за низа имиња на кои им виси функцијата и ќе се најдат на списокот за реконструкција на Мицкоски. Извесно е дека владиниот кабинет ќе го напушти вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој веќе со месеци не оди ниту на работа. Ќе има промена и во министерството за социјална политика откако Фатмир Лимани и јавно кажа дека им се разделија патиштата со Вреди, но неофицијално е можно премиерот да го ротира на функцијата на Иван Стоилковиќ во министерството за односи меѓу заедниците. Се шпекулира и дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ќе си ги заменат здравство и образование, но од Вреди тврдат дека уште нема дефинитивни одлуки за овие ресори. Освен овие кадри, се споменува и смена на еден од двајцата министри од редовите на ЗНАМ- Игор Филков од министерството за правда, а неизвесно е и како тоа ќе се одрази на коалициските односи со Максим Димитриевски. Од кои сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ пак не е задоволен премиерот, засега не се знае. Според досегашните изјави тој е уверен дека Владата ги исполнува очекувањата на граѓаните и нема потреба од предвремени парламентарни избори, но изразува подготвеност да се одржат и порано од 2028 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook