Арсовски: Очекувам првата порака на фон дер Лајен да биде политичка, дека сега е моментот за евроатлански интеграции
2Арсовски: Очекувам првата порака на фон дер Лајен да биде политичка, дека сега е моментот за евроатлански интеграции
3 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
Шоу бизСе разведува позната порно актерка: Maжот на Сторми Даниелс поднел барање за разводСопругот на американската порно актерка Сторми Даниелс, која тврди дека имала сексуални односи со американскиот претседател Доналд Трамп пред 12 години, поднел барање за развод.Веста за разводот ја соопштил нејзиниот адвокат Мајкл Авенати. „Мојата клиентка Сторми Даниелс и нејзиниот сопруг Глен се одлучија да стават крај на својот брак. Ќерката на Сторми ќе остане нејзин приоритет. Таа љубезно моли за приватност за доброто на семејството“ – навел Авенати на својот налог на твитер. Даниелс, чие право име е Стефани Клифорд, венчана е со тапанарот Глендон Крејн од 2015 година. Крејн, кој исто така работел во сексуалната индустрија под името Брендон Милер е третиот сопруг на Даниелс. Тој со неа ретко се појавуваше во јавноста, посебно после аферата за нејзиниот однос со американскиот претседател. Барањето за развод е поднесено недела дена откако Даниелс е уапсена во еден стриптиз клуб во Охајо, а кризата во бракот, според пишувањето на „TMZ”, датира од претходно. Даниелс е уапсена бидејќи наводно му дозволила на муштерија да ја допира на бината, но потоа е ослободена со кауција од 6.000 долари. Според законот во Охајо забрането е било кој да допира гола и полугола танчарка доколку не е во сродство со неа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВремето утре сончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степени Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 11 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Маврови Анови, 19 Берово, Претор, Прилеп, 20 Крива Паланка, 21 Битола, Охрид, 22 Тетово, 23 Штип, 24 Виница, Демир Капија, Кавадарци, 25 Зајчев Рид, Скопје Петровец, Струмица, Велес, 26 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево со слаб до умерен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрсовски: Очекувам првата порака на фон дер Лајен да биде политичка, дека сега е моментот за евроатлански интеграцииФон дер Лајен ќе пристигне во Скопје утре точно напладне, по што ќе следува тет а тет средба и работен ручек со премиерот Мицкоски, а потоа ќе имаат заедничка прес конференција.. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски очекува три теми да доминираат на нејзините средби со државниот врв.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп одби да го поддржи Нетанјаху на претстојните избори Американскиот претседател Доналд Трамп се воздржа од поддршката за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нов мандат пред изборите што ќе се одржат во Израел на 27 октомври. Во интервју објавено денес, Трамп избегна директна поддршка на својот долгогодишен сојузник. Избегнување на директна поддршка Кога списанието TIME го праша дали Нетанјаху треба да добие уште еден мандат, Трамп одговори: „Сè што можам да кажам е дека повеќе не сум во политиката, освен што сме популарни...“. Кога новинарите го повторија прашањето, тој повторно избегна јасен одговор. „Не, најважно за мене е да помогнам во одбраната на Израел“, рече тој во интервјуто во понеделник. Наместо тоа, Трамп се осврна на сопствениот углед меѓу израелската јавност и тврдеше дека неговата популарност таму достигнува „околу 99 проценти“ благодарение на потезите од неговиот мандат. Коментар за изборите На прашањето дали Вашингтон може поефикасно да соработува со кандидатот на опозицијата и поранешен началник на Генералштабот Гади Ајзенкот, Трамп рече дека „не слушнал ништо лошо за него“. Сепак, тој предупреди дека Нетанјаху не треба да биде отпишан прерано. „Луѓето го отпишаа Биби многу, многу пати, исто како што ме отпишаа мене многу пати“, рече Трамп, додавајќи: „Не би го потценил Биби“. Односите меѓу Трамп и Нетанјаху наводно се затегнале во последните месеци. Како причини се наведуваат војната во Иран и продолжувањето на израелските воени операции во Либан и Газа.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter