Во целото подрачје од вчера е прогласена вонредна состојба , а премиерот Киријакос Мицотакис го прекина одморот на Крит и отиде на самото место за да им даде поддршка на пожарникарите.
Чад што се издига од Евиа , ветрот го носи и над Атина , каде е загаден воздухот , предупредуваат активистите за животна средина.
Италија , по повикот од Грција за помош од земјите на ЕУ, испрати два авиони . Иако условите се подобрени , како што јавуваат грчките медиуми новите пожари продолжија да се разгоруваат.
„Тоа е силен пожар, тоа е реалноста ... не постои опасност по човечки животи и тоа е она што е важно“, изјави Костас Бакојанис, регионален гувернер за централна Грција, за телевизијата Скај.
Пожарникарите соопштија дека четири села и стотици луѓе вчера биле евакуирани, а еден пожарникар е хоспитализиран откако претрпел изгореници.
„Ситуацијата на Евија беше многу тешка и останува тешка“, рече Христос Стилијанид, комесар за помош на Европската унија, по состанокот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Државната телевизија соопшти дека околу 28.000 хектари борова шума е претворена во пепел.