Се разгорува конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

Судирите меѓу Ерменија и Азејберџан добиваат на жестина.

Судирите меѓу Ермиенија и Азејберџан добиваат на жестина. Над 39 лица загинаа во борбите меѓу двете поранешни советски републики, кои имаат спор за областа Нагорно-Карабах, која меѓународната заедница ја признава како дел од Азејберџан, но е контролирана од етнички Ерменци.

Според последните информации, загинати се и седум цивили, бидејќи гранатирани биле и населени места. Снимките кои пристигнуваат од Нагорно-Карабах најдобро говорат за силината на судирите, каде шти се употребнува тешка артилерија и ракетни фрлачи...

По ерменската Влада и азејберџабнската прогласи воена состојба и започна делумна мобилизација. Ваквата ескалација беше повод меѓународната заедница да побара итен прекин на борбите. Прва реагираше Европската Унија, а се огласи и претседателот на САД Доналд Трамп.

-Ние многу внимателно ја следиме ситуацијата. Имаме многу добри односи во тој регион. Ќе видиме дали можеме да го запреме изјави Донал Трамп – Претседател на САД.

Зошто Нагорно- Карабах е толку важен и за Ерменија и Азејберџан? Регионот има навистина стратешка позиција, а низ него поминуваат меѓународни нафтоводи и гасоводи.

Корените на конфликтот околу оваа област датираат уште од пред речиси 100 години, кога советските комунистички власти регионот му го подариле на Азербејџан и покрај тоа што тогаш 96% од населението го сочинувале етнички Ерменци.

Со распадот на Советскиот Сојуз настанале и проблемите на Ерменците во оваа област кои на референдум се изјасниле дека сакале да се припојат кон Ерменија. На ова се спротиставиле азејберџанските Власти кои имале цел да ја укинат автономијата на областа и целосно да воспостават контрола врз регионот.

Според некои податоци во војната меѓу Азербејџан и ерменските сепаратисти, од февруари 1988 година до мај 1994 година, загинале повеќе од 20.000 луѓе.

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест,претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните  им се потребни подобри услови

Посочувајќи дека меѓуетничките односи и темелите на нашата држава се потпираат на идејата, на концептот на Крушевскиот манифест, претседателскиот кандидат Пендаровски од Крушево порача дека наместо нов Устав, на граѓаните на оваа земја им се потребни подобри услови за живот, подобра економија и поголеми инвестиции, повеќе работни места и можности за младите, за да останат дома, во својата татковина.

„Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам не ни треба некој да биде повисоко, некој пониско. Нам ни треба подобра економија, подобра социјала, повеќе инвестиции, повеќе работни места. Ако го направиме тоа, можеме да кажеме дека бил успешен мандатот. Сè друго е карање со комшиите и внатре со најблиските, и карање на регионално ниво, со соседите – и тоа е погубно“, рече Пендаровски пред присутните.

Во оваа насока тој додаде дека и натаму ќе се залага за концептот на заедништво, бидејќи смета дека сите граѓани мора да бидат еднакви. „Отсекогаш сме биле мултиетничка држава и единствениот рецепт за просперитет е да се почитуваме едни со други“, рече Пендаровски.

Пендаровски ги повика крушевчани масовно да излезат на гласање и на 8 мај.

„Тогаш ќе ја видиме вистинската слика на тоа каква ја сакаме Македонија – внатре без две или три категории на граѓани, во која сме солидарни, во која си помагаме еден со друг, стари на млади, млади на стари, Македонци на Власи, Власи на Албанци, Албанци на Турци и.т.н. Една сложна фамилија. И убеден сум дека има мнозинство такви граѓани“, додаде Пендаровски.

Пендаровски во Крушево, во споменикот Македониум, положи и свежо цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев, соопштуваат од неговиот тим.

Силен земјотрес го погоди Тајван, засега нема информации за штета

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Хуалиен, источниот регион на Тајван, соопшти Метеоролошката служба.

Земјотресот бил почувствуван во главниот град Тајпеј, каде што се нишале згради, објави Ројтерс.

Метеоролошката служба соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 24,9 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Хуалиен беше погоден од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер на 3 април, при што загинаа 17 луѓе.

После тоа се забележани уште 1.000 последователни потреси.

Карате мајстор победи мечка- со еден удар ја избрка и се спаси

Масато Фукуда (50) посетил водопад во близина на градот Најеро, на северниот остров Хокаидо, а потоа видел две мечки.

Една од нив се нафрлила на човекот и брзо зажалила. Масато е карате мајстор, па реагираше со молскавична брзина за да си го спаси животот.

„Морав да реагирам, бидејќи во спротивно немаше да преживеам“, изјави тој за медиумите.

Огромната мечка се обидела да го гризне Масато, но била принудена да се повлече по прецизен удар во глава, пишува Daily Star.

„Во таа прилика ја повредив ногата, но си го спасив животот“, објасни тој.

Животните веднаш побегнале, а човекот дотрчал до својот автомобил и ги снимал од безбедно растојание.

„Имав многу среќа. Кој знае што ќе се случеше ако не отстапеше“, додаде тој.

притисни ентер