25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
125 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
Шоу бизСе распадна уште еден холивудски брак- беа заедно 14 години и имаат три деца Британскиот комичар Саша Барон Коен, познат како славниот Борат, и актерката Исла Фишер, се разведуваат по 14 години брак, пишува Page Six.Се зборува дека тајно раскинале минатата година. Сепак, тие сега го споделија со јавноста. Во емотивна објава, со заедничка фотографија со Саша, Фишер напиша: - По долг тениски меч кој траеше повеќе од 20 години, конечно ги спуштивме рекетите. Заеднички поднесовме барање за развод во 2023 година. Наш приоритет отсекогаш била нашата приватност, па затоа ја поминавме оваа промена во тишина. Ја споделуваме нашата посветеност и љубов кон нашите деца засекогаш – напиша актерката. Исла и Саша се запознале на забава во Сиднеј во 2002 година, кога почнале да се забавуваат, а се венчале во 2010 година. Во меѓувреме добиле три деца, две ќерки и еден син.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Македонија25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото ЉубанциУтринава цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана. Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски БачилаДенес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили. Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации. Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисВидео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на ЈадранотНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега. Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море. Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска. Finally Novak is back to the court practice🎾 When the 23, 25 years old youngsters are all "injured" and rest🤨🙄 Our 39 years old father is still hard training in the hot and humid weather in 🇲🇪 #Djokovic #GOAT pic.twitter.com/YEJIUlylTv — NovakAnalysis (@NovakAnalysis) August 10, 2026 Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев. Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter