Се појавија првите скици од новата Шкода Октавија - Канал 5

Се појавија првите скици од новата Шкода Октавија

Се наближува премиерата на сосема новата Октавија , која покрај Голфот на VW е најочекуваното ново возило за крајот на сезоната.

Се појавија првите скици од новата Шкода Октавија

Првите скици на Шкода барем малку ќе ја задоволат љубопитноста. Според скиците автомобилот делува како слаба верзија на Артеон, со лежерна силуета на покривот, огромни тркала и многу остри линии.

И судејќи според прототипите, не треба да се очекува нешто повеќе од еволуцијата во насока на смален Суперб со отфрлена идеја за двојни предни светла. Исто така, како што пристигна Скала, новата Октавија може да стане уште потешка за пристап. Сместена на платформата MQB, лесно би го достигнало нивото на кое неодамна стоеше Passat.

На 11 ноември ќе можеме да ја видиме новата Октавија. Кога станува збор за моторите, заедно со стандардните бензински и дизел мотори, треба да се смета и на хибридни опции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни униформи за 7.500 ученици во Општина Аеродром

Општина Аеродром и оваа учебна година обезбеди 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците од основните училишта на територијата на општината. Униформите до 20 септември ќе бидат поделени во сите основни училишта.

Бесплатни униформи за 7.500 ученици во Општина Аеродром

Со обезбедувањето на бесплатните униформи, Општина Аеродром продолжува да создава еднакви услови за сите ученици, а воедно им овозможува и значителна поддршка на семејствата при почетокот на новата учебна година.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што на учениците им ги додели бесплатните училишни униформи.

Униформите за секој ученик се состојат од две поло-маички, две блузи со долги ракави и еден дуксер, со што се обезбедува комплетна гардероба за потребите на учениците во текот на учебната година.

Проектот е дел од континуираните активности на Општина Аеродром насочени кон унапредување на условите во основните училишта и создавање современа, уредна и еднаква училишна средина за сите деца.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот простор

Секој петти адолесцент во светот бил изложен на сексуално вознемирување и злоупотреба во дигиталниот простор во текот на изминатата година, потврдува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ спроведен во 21 земја.

Секој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот простор

Овие загрижувачки наоди покажуваат дека интернетот сè повеќе станува небезбедна средина за најмладите, а посебно предупредување упатува фактот што сторителите на ваквите дела во голем број случаи не се непознати профили, туку лица од нивното непосредно или пошироко опкружување. За родителите и семејствата ваквите податоци значат итен повик за будност и преиспитување на дигиталните навики во домот. Експертите укажуваат дека алгоритмите на популарните социјални мрежи системски го задржуваат вниманието на малолетниците, вовлекувајќи ги во појавата позната како „думскролинг“, односно непрекинато следење на вознемирувачки содржини што директно го зголемува ризикот од тешки психолошки состојби, анксиозност и депресија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Се потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.

СДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг.

Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации.

Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП.

Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери.

Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари.

Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра.

Буџетот денес е околу 7 милијарди евра.

Од повеќе пари народот не добива ништо.

Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите.

Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените.

Ништо нема за народот, само нови долгови.

Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер