Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ
2Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ
1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
Шоу бизСе појави ново видео од нападот врз Арнолд Шварценегер-бил нападнат за бизарна причина (ВИДЕО)До денеска не се знаеше зошто беше нападнат холивудскиот актер Арнолд Шварценегер на натпревар цо Јужна Африка.Сега се појави нова снимка на која напаѓачот , додека обезбедувањето го влечка подалеку од холивудската ѕвезда вика : ,,Помогнете ми , ми треба Ламборџини! “ Шварценегер и самиот го сподели видеото , а воедно им се заблагодари на своите фанови , кои изразија загриженост за неговата состојба по нападот. View this post on Instagram In case you’re worried about the kick video going around. A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) on May 18, 2019 at 8:32am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувањаОпштина Кисела Вода, во соработка со здружението „ХЕМА-ОНКО“, попладнево во Паркот на братнителите во Драчево, одржа едукативна трибина за превенција од малигни заболувања.Целта на настанот под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, е да се подигне свеста за рано откривање и навремено лекување.. Под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, денес во „Паркот на бранителите“ во населбата Драчево се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања. Настанот беше организиран од страна на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“. Со оваа трибина, официјално се означи почетокот на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Кампањата која симболично стартуваше токму од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври. Присутните граѓани имаа можност да слушнат корисни и стручни совети од врвни специјалисти кои работат во оваа област, но и да проследат силно лично искуство од членка на „ХЕМА-ОНКО“, која ја сподели својата храбра борба со болеста. На трибината свое излагање имаа Наташа Бабулова од „ХЕМА-ОНКО“, специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски и медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, како и доцент д-р Билјана Божиновска, радиолог од ГОБ „8 Септември“. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, во своето обраќање ја истакна важноста на превенцијата и навремената дијагностика како клучни фактори во борбата за животот, потенцирајќи ја континуираната поддршка од општината. -Здравјето е наш најголем приоритет, а превенцијата е најсилното оружје кое го имаме. Нашата цел е да ја подигнеме јавната свест, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се од исклучително значење. Ги охрабрувам сите граѓани да се грижат за своето здравје и редовно да прават прегледи. Во оваа борба никој не е сам, а Општина Кисела Вода останува силен партнер и поддржувач на секоја иницијатива која значи живот и здраво општество- порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје„Алкалоид“ со донација од 2,2 милиони денари за нова опрема за Универзитетската клиника КозлеСо донација од 2,2 милиони денари, Алкалоид обезбедува нова опрема за Универзитетската болница Козле. По повод 90-години постоење, денеска се одржа хуманитарен пикник под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
ЖивотЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години Одат ли социјалните мрежи под клуч за најмладите во земјите од Европската Унијата? Децата под 13 години би можеле да останат без пристап до TikTok, Instagram и другите платформи, а за оние под 15 години да важат строги ограничувања. Европа бара начин како да ги заштити младите од штетните содржини, без притоа да ја загрози нивната приватност. Но, идејата за ограничување на пристапот веќе отвора и дилеми. Дел од активистите за детски права и некои земји членки предупредуваат дека целосните забрани можат да го ограничат правото на младите на информирање и изразување. Затоа, предлогот не се однесува само на социјалните мрежи – опфатени се и платформите за видеоигри и чет-ботовите со вештачка интелигенција. Доколку ваквите правила станат дел од европската регулатива, Македонија не треба да остане настрана од процесот. Комуникологот Бојан Кордалов за Канал 5 смета дека земјава треба да ги следи европските законски решенија и практики за заштита на децата во дигиталниот простор. „Македонија треба да ја следи Европската легистатива и таа што предложува и прави,не би рекол дека зборуваме за ограничување туку за целосно редифинирање на праксата и можностите кои се нудат, тоа значи различни опции за деца од 11 години...понатаму за малолетници до 15 и до 18 години“-– Бојан Кордалов. Самата забрана тешко дека би била доволна за вистинска заштита на децата, оценува Кордалов Според него, ефект би имало доколку ограничувањата се спроведуваат со јасен план и правила – под кои услови младите ќе можат да ги користат социјалните мрежи, со вклученост на институциите и следење на решенијата што ги предвидува европското законодавство. ,,Јас секогаш кажувам забрана како забрана сама по себе не може да биде ефикасна но,план програма под кои услови, што ќе се користи и која ќе биде алтернативата е многу поразлично од самата забрана дека од утре нема да има социјални мрежи“, – Бојан Кордалов. Во Македонија, засега, нема најава за ваква забрана. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека не се планира ограничување на пристапот до социјалните мрежи за децата, туку се разгледуваат други мерки за нивна заштита. Во декември лани,Австралија веќе стана првата земја во светот што забрани користење социјални мрежи за лица под 16 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook