Се појави нов, бразилски сој на коронавирусот –Британија воведува строги мерки - Канал 5

Се појави нов, бразилски сој на коронавирусот –Британија воведува строги мерки

Британија забрани пристигнување од сите земји на Јужна Америка, но и од Португалија, поради новиот сој на ковид-19, кој за прв пат е идентификуван во Бразил. Забраната стапува на сила утре во 16 часот.

Се појави нов, бразилски сој на коронавирусот –Британија воведува строги мерки

Забранети се и пристигнувања од Португалија „поради нејзините силни врски со патниците од Бразил“, но превозниците се ослободени од одредбата.

Од неодамна, се појавија се повеќе верзии на ковид-19 што се чини дека се повеќе заразни од оригиналот што ја предизвика оваа пандемија. Тука спаѓаат британскиот сој, кој стана доминантен во поголемиот дел од Велика Британија и се прошири во повеќе од 50 други земји, потоа јужноафриканскиот сој, кој исто така е регистриран во најмалку 20 други земји, и новата варијанта од Бразил.

Научниците веќе извесно време предупредуваат дека со зголемениот број на заразени лица, се јавува се поголем број на мутации, што може да резултира со варијанта која е позаразна или поопасна од матичната.

Бразилскиот сој, како британскиот и јужноафриканскиот , веројатно е многу позаразен од оригиналната варијанта. И тоа беше формирано по мутација на протеинот spike (на израстокот). Овој протеин е еден вид клуч што го користи вирусот за да ги отклучи вратите на клетките во нашето тело и да ги нападне. Затоа, овие варијанти се поуспешни во ширењето, бидејќи полесно продираат во клетките.

Експертите сметаат дека британскиот сој,што се појави во септември минатата година, може да биде за 70% позаразен, иако најновото истражување на Агенцијата за јавно здравје на Англија (PHE) покажува дека има за 30% до 50% поголема способност за ширење. Токму оваа варијанта е одговорна за голем број нови инфекции и новите заклучувања низ Велика Британија, пишува Би-Би-Си.

Јужноафриканската варијанта се појави во октомври и има потенцијално посилни промени во шилестиот протеин од британскиот вид. Имено, овој вид има една од мутациите како британскиот, плус уште две за кои научниците веруваат дека можат да влијаат на ефективноста на вакцината.

Затоа Велика Британија воведе забрана за директни летови од Јужна Африка и ограничени летови кон таа земја.

Бразилската варијанта се појавила уште во јули, но досега не се проширила премногу на другите континенти. Неодамна е откриена кај четворица патници кои пристигнаа во Јапонија од Бразил. Има три клучни мутации во протеинот spike, сличен на јужноафриканскиот.

Вакцини се направени според претходните верзии, но научниците веруваат дека треба да делуваат и против овие понови соеви, иако постои можност за намалена ефикасност. Здравствените работници веруваат дека вакцините ќе продолжат да бидат ефикасни до одреден степен, бидејќи тие го обучуваат нашиот имунолошки систем да напаѓа различни делови на вирусот, не само оние на кои се случиле мутации.

Во тек се лабораториски студии за да се тестира дали овие нови соеви влијаат на нивото на ефикасноста на вакцините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала до умерена облачност

Денес претпладне времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност.

Денес сончево со мала до умерена облачност

Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.

Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Почитувани, вечерва во Само Вистина ќе гостува Љубомир Гајдов.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 22. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 22. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 22. јуни 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна.

Кариера

Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога.

Кариера

Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени.

Здравје и совет

Не се откажувајте од своите идеали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос.

Кариера

Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Кариера

Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето.

Здравје и совет

Бидете подготвени за акција.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи.

Кариера

На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај.

Здравје и совет

Потсетете се на сопствените приоритети.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено.

Кариера

Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор.

Здравје и совет

Ќе бидете креативни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите.

Кариера

Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Здравје и совет

Внимавајте на здравјето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири.

Кариера

Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате.

Здравје и совет

Сигурен пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега.

Кариера

Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука.

Здравје и совет

Сакате да престанете со нездрав живот .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања.

Кариера

Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник.

Здравје и совет

Делувајте паметно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема.

Кариера

Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност.

Здравје и совет

Контролирајте го своето однесување.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна.

Кариера

Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер