Се откажа заедничката владина седница со Бугарија

Заедничката владина седница на Македонија со Бугарија, закажана за 22 мај, нема да се одржи.

Ова го изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски, откако, според него, нема услови за тоа.

Во моментов министерствата за надворешни работи разменуваат идеи, но нема договорено заедничко решение кое би послужило како основа за билатерален договор, нагласи тој.

Според македонскиот премиер, решение со Бугарија може да има само доколку тоа се заснова на европските вредности, принципите на зачувување на достоинството на двете земји и меѓусебно почитување.

Ковачевски најави и дека ќе ја предводи македонската делегација во Рим на прославата на 24 мај.

Наизменичен режим на сообраќај на патот кон ГП Блаце

Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила, поради одрон во близина на метото викано „Вражји вир".

– Поради одрони на патот на улица „Јадранска магистрала" поточно на м.в. Вражји вир, сообраќајот не е во прекин и се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информираат вечерва од АМСМ.

Претходно, денеска сообраќајот беше прекинат во двата правци./MИА

Започна ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари

Екипите на ЈП Улици и патишта, кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација, по налог на Град Скопје почнаа со ноќното обележување на сообраќајниците  низ градот.  

Во текот на изминатата ноќ се вршеше бележење на хоризонталната сигнализација на бул. Илинден во насока од бул. ВМРО кон улицата Никола Парапунов, машинско обележување на надолжни линии и такси станици кај СЦ Борис Трајковски, како и на улицата Франклин Рузвелт.

Вечерва машинско бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши во општина Центар на бул. М.Т.Гологанов на потегот од бул. Климент Охридски кон Рузвелтова.

Во рамки на пролетната акција во општина Ѓорче Петров вчера вечер започна обележувањето на такси станиците. Вечерва обележувањето на такси станиците од страна на ЈП Улици и патишта продолжува во населба Автокоманда.

Според однапред утврдената динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Град Скопје

Маск со критика до „Twitter“: Алгоритамот манипулира со корисниците

Илон Маск, избвршниот директор на компаниите „SpaceX“ и „Tesla“, истакна дека алгоритамот на „Twitter“: манипулира со корисниците.

Идниот сопственик на „Twitter“ на својот личен налог на оваа мрежа одлучи да го критикува алгоритамот на популарната платформа. Според неговите зборови, многи е важно Твитер корисниците да го поправат својот „Twitter feed“.

Маск истакна дека корисниците се „изманипулирани од страна на алгоритамот“ на начини кои и м се непознати на корисниците, и дека разликата можат да ја видат при префрлање меѓу „Latest Tweets“ и „Home Tweets“.

Маск објаснува дека не сугерира дека има „злоба во алгоритмот“, туку дека, во рамките на „Home Tweets“, алгоритмот се обидува да му покаже на корисникот што сака да прочита, што ненамерно ги манипулира/зајакнува неговите ставови без да сфати дека тоа се случува.

Маск понатаму споменува дека има грешки во кодот на „Twitter“, а за да се решат овие проблеми со доверба во алгоритмот, тој треба да биде со отворен код.

притисни ентер