Се огласи Вимблдон по повод објавата на Кејт Мидлтон дека има рак - Канал 5

Се огласи Вимблдон по повод објавата на Кејт Мидлтон дека има рак

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон неодамна дозна, а денеска јавно објави дека боледува од рак, а тоа го објави и најпрестижниот тениски турнир.

Се огласи Вимблдон по повод објавата на Кејт Мидлтон дека има рак

Вимблдон на својот Инстаграм профил објави дека е со целото семејство и ѝ посакуваат брзо закрепнување.

- Мислите на сите во Ол Ингланд клубот во овој момент се со нашиот покровител Нејзиното Кралско Височество Принцезата од Велс, Неговото Кралско Височество Принцот од Велс и нивните семејства. На принцезата од Велс ѝ посакуваме сѐ најдобро додека поминува време за целосно закрепнување“, стои на профилот на Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка.

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на перспективите за енергетска транзиција и развој на извозно ориентираното производство во земјата.

Настанот, кој за првпат се организира во Македонија во партнерство со државните институции, претставува значајна платформа за размена на искуства и идеи меѓу носителите на политики, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор, со цел поттикнување на одржлив економски развој и инвестиции.

Министерката Божиновска беше панелист на дискусијата посветена на енергетската транзиција, заедно со претставници на IFC, Светска банка, МЕПСО и приватниот сектор.

„Создаваме правна рамка за поотпорен и посигурен енергетски систем. Новиот Закон за енергетика, донесен во 2025 година, ја усогласува Македонија со Пакетот за чиста енергија на Европската Унија и воспоставува посилна рамка за развој на обновливите извори на енергија, системите за складирање на енергија, пазарите за тргување ден однапред, поголемо учество на потрошувачите, планирањето во вонредни услови и десетгодишното планирање на мрежата. Особено важно е што законот воведува појасни правила за приклучување на електроенергетската мрежа и го третира складирањето на енергија како посебна регулирана дејност, што е од суштинско значење доколку сакаме обновливите извори на енергија да ја зајакнат, а не да ја нарушат сигурноста на снабдувањето.“ истакна Божиновска.

Во своето обраќање таа ги претстави приоритетите на Министерството во насока на модернизација на енергетскиот сектор, забрзување на инвестициите во обновливи извори на енергија и создавање предвидлива и транспарентна инвестициска клима.

Божиновска истакна дека во завршна фаза е усвојувањето на законодавството усогласено со Европската Унија Пакетот за интеграција на енергетските пазари, кој потоа ќе биде предмет на верификација од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската комисија. Македонскиот оператор на организираниот пазар на електрична енергија (МЕМО) активно соработува со БСП и во рамки на поширокиот процес на поврзување на пазарите во Југоисточна Европа. Нашата цел е македонскиот пазар поефикасно да се интегрира со регионалните и европските пазари на електрична енергија, бидејќи подлабоката пазарна интеграција значи поголема ликвидност, подобри можности за управување со ризиците и поголема доверба кај инвеститорите, истакна Божиновска

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на спроведување на реформите и создавање услови за одржлива енергетска транзиција, преку соработка со домашните и меѓународните партнери, во интерес на економскиот развој и енергетската стабилност на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Тепачка на трибините на мечот Иран - Нов Зеланд

Голема навивачка тепачка го одбележа натпреварот од Светското првенство меѓу Иран и Нов Зеланд одигран во Лос Анџелес. 

Видео: Тепачка на трибините на мечот Иран - Нов Зеланд

Првото коло од Светското првенство донесе интересен дуел меѓу Иран и Нов Зеланд, кој на крајот заврши без победник со резултат 2:2.

Нов Зеланд двапати имаше предност во текот на средбата, но Иран се врати двата пати и успеа да освои вреден бод на почетокот од Мундијалот.

Иако двете селекции имаа свои можности за победа, на крајот мораа да бидат задоволни со поделбата на бодовите.

Покрај на зелениот терен овој дуел бил интересен и на трибините.

По натпреварот се појавија видеа од инциденти на трибините, каде што беа снимени судири меѓу навивачите, што фрли дополнителна сенка врз воведниот натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Во тек обнова на чешми за пиење вода

Во Општина Карпош во моментов се обновуваат чешмичките за пиење вода на неколку локации на локалната самоуправа. 

О. Карпош: Во тек обнова на чешми за пиење вода

Изминатите денови, старите чешмички беа заменете со нови во населбата Бардовци, Карпош 3 и Влае на плоштадот Делфина. Станува збор за веќе постоечи чешми кои беа нефункционални, скршени и не беа во состојба за користење.

Целта на оваа акција е карпошани да имаат достапна вода за пиење на локациите каде што се поставени чешмите, каде можат да се разладуваат во овие топли летни денови.

Промената на чешмите ја врши фирмата ,,Хидротек”, а средствата се обезбедени во рамки на Програмата на Секторот за екологија и енергетска ефикасност.

Карпош продолжува секојдневно со инвестирање и преземање активности за подобрување на квалитетот на животот на своите жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер