СветСе огласи Трамп по нападот во Колорадо: Ова веќе нема да го толерираме Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалните мрежи за прв пат по вчерашниот напад во Колорадо.„Вчерашниот ужасен напад во Болдер, Колорадо, НЕМА ДА БИДЕ ТОЛЕРИРАН во Соединетите Американски Држави. Тој беше предизвикан од смешната политика на отворени граници на Бајден, која ѝ нанесе толку многу штета на нашата земја. Мора да помине под влијание на политиките на „ТРАМП“. Терористичките дела ќе бидат гонети. Ова е уште еден пример зошто мора да ги чуваме нашите граници БЕЗБЕДНИ и да ги депортираме нелегалните, антиамерикански радикали од нашата татковина“, напиша Трамп. Тој додаде дека неговото „срце е со жртвите на оваа ужасна трагедија и со големите луѓе од Болдер“. pic.twitter.com/GmmP5VddGr — Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 2, 2025 Да потсетиме дека најмалку осум лица беа повредени во терористички напад во Болдер, Колорадо, кога вооружен човек насочи импровизиран пламенофрлач кон произраелските демонстранти, соопшти полицијата. Сите осум повредени се хоспитализирани поради изгореници, а едно лице се здоби со сериозни повреди. Возраста на повредените се движи од 52 до 88 години, според полицијата.Тагови: Колорадо трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter