Се одржа Вториот конгрес на македонското здружение на медицински сестри - Канал 5

Се одржа Вториот конгрес на македонското здружение на медицински сестри

Викендов од 04-06 Април 2025 година, во хотел „Аквалина“-Охрид, се одржа Вториот конгрес на македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега- МЗМСАРИН, конгрес со Интернационално учество.

Се одржа Вториот конгрес на македонското здружение на медицински сестри

Викендов од 04-06 Април 2025 година, во хотел „Аквалина“-Охрид, се одржа Вториот конгрес на македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега- МЗМСАРИН, конгрес со Интернационално учество.

Вториот конгрес сплоти околу 250 учесници, колешки и колеги од скоро сите јавни и приватни здравствени установи од земјава и регионот и уште еднаш на задоволство на сите се покажа обединетост на медицинските сестри во желбата за континуирана едукација и професионален развој.

Република Македонија ја претставуваа колешки и колеги од Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), ГОБ „ 8-ми септември“, ЈЗУ „ Св.Наум Охридски“, Клиничка болница „Аџибадем Систина“, УК Неврохирургија, ПЗУ „Ре-Медика“, ЈЗУ УК за Нефрологија, УК за Државна кардиохирургија, Асоцијација за дезинфекција и стерилизација, Специјална очна болница „Деница“, УК за Неврологија, ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“- Битола, ПЗУ Болница „Плодност“-Битола, ЈЗУ СБОТ „Св.Еразмо“-Охрид, Општа болница Охрид, ЈЗУ Општа болница „Ферид Мурад“-Гостивар.

Со свое обраќање и предавања, конгресот и учесниците ги поздравија почитуваната Проф Д-р Билјана Кузмановска - Национален координатор за трансплантација и Д-р Александра Гавриловска-Брзанов, М-р, Сци -заменик национален координатор за трансплантација во Република Македонија.

Гости од Република Србија беа медицински сестри и техничари од Здружението на анестетичари, интензивна нега и трансфузија на Србија-УАИНТС, Институт за онкологија и радиологија-Белград, КБЦ „Бежанијска коса“- Белград, Специјалната очна болница „ Милош клиника“-Белград, Институт за здравствена заштита на мајке и дете- Србије.

Гости од Црна Гора беа медицински сестри и техничари од Клиничкиот центар на Црна Гора,

Во текот на двата конгресни дена беа презентирани 27 теми, практични примери, работилници, искуства, примена на нови апарати и техники на работа, како и протоколи за работа од различни центри, а темите предизвикаа голем интерес и внимание, како и дискусии на крајот од секоја сесија.

Уште од самото свое формирање МЗМСАРИН ги постави и зацрта своите професионални цели, а тоа е сплотеност, афирмација на нашата професија и континуирана едукација во и надвор од границите на нашата држава. Една од целите е веќе постигната, а тоа е единственоста и сплотеноста на членовите на здружението, а сите други идни планови ќе ги остваруваме со заеднички сили и желба за унапредување на нашата професија.

Оваа година Научно-стручниот и организациски одбор донесе одлука по завршување на сите предавања и презентации, да се овозможи on-line гласање за три најдобри теми и воедно најдобри презентери, а спонзорите на конгресот се погрижија за соодветни награди за истите.

За најдобра презентација на конгресот беше избрана темата „Разлика помеѓу TIVA и TCI“- презентер Ивица Петровски -Клиничка болница „Аџибадем Систина“, втората награда и припадна на Сара Недев од ЈЗУ УК за Неврологија со темата„Појава и препознавање на синдромот на согорување (Burnout) кај медицинските сестри“, а треттата награда и припадна на Д-р Александра Гавриловска-Брзанов, М-р, Сци за темата „Медицинските сестри и системите за анестезија - безбедносен столб во секоја процедура“.

Крајот на конгресот беше обележан со една плодна дискусија за состојбата на сестринството во нашата земја и идните погледи и желби за поставување на професијата во законски рамки, со јасно поставени компетенции и описи на работни задачи. Самата различност во однос на искуството, работниот стаж и видовите на медицинските установи од каде доаѓаат сите учесници на конгресот, му даде на овој настан посебен белег на размена на младост и искуство, на стари и нови пристапи ,на традиционални и современи протоколи за работа.

Им благодариме на сите учесници, предавачи, гости од Македонија и од регионот, на сите оние кои со своето присуство придонесоа за прекрасна работна атмосфера и дружба.

Благодарност и до спонзорите на овој конгрес, нашите пријатели без кои овој настан не можеше да биде реализиран: Клиничка болница „Аџибадем Систина“, АЛкалоид, Биотек, Дрегер, Кубис медикал, Медитрејд 94, ММ Хоспитал Хигиена, Промедика, Rauche, Carso pharm, People Media.

Исфрлете ги токсините и регулирајте го шеќерот!

Овие состојки го чистат црниот дроб и панкреасот, ја прочистуваат крвта и даваат енергија: 

Исфрлете ги токсините и регулирајте го шеќерот!

Стручните лица советуваат максимално да го намалите консумирањето на преработени овошни сокови.

Црниот дроб и панкреасот се од клучна важност за целиот организам, па и мало нарушување на нивната работа може да има големи последици врз здравјето. Овие два органа неуморно работат на одржувањето рамнотежа во организмот. Додека црниот дроб делува како главен филтер за детоксикација и метаболизам, панкреасот го регулира шеќерот во крвта и варењето.

Нутриционистот Дубравка Тишма наведува дека двата органи се изложени на токсичните и штетни влијанија кои во голем дел потекнуваат од храната.

Овие два органа се важни за целокупното здравје, бидејќи од нивната функција зависи нивото на шеќер, масти, витамини во телото.

-Црниот дроб е најголем внатрешен органи кој врши над 500 важни функции. Ја чисти крвта од токсини (алкохол, лекови и штетни материи) ги складира витамините (А и Б-12) и минералите (железо во форма на феритин), го преработува билирубинот од еритроцитите. Ја произведува жолчката која е неопходна за варење на мастите. Го регулира метаболизмот на холестеролот и во метаболизмот на протеините го разградува амонијакот во помалку токсична материја. Со разградување на јаглехидратите ја депонира гликозата во гликоген, кој го одржува стабилно нивото на гликемија – вели Тишма.

За црниот дроб е многу подобро да изедете овошје, отколку да се напиете цеден сок.

-Фруктозата која во големи количини ја има во индустриските сокови, слатките и пченкарниот сируп е едноставен јаглехидрат (монохидрат), кој се нарекува овошен шеќер. Црниот дроб е единствениот орган кој може да ја метаболизира фруктозата, претворајќи ја во триглицериди. Вишокот на триглицериди доведува до неалкохолно замастен црн дроб. Исто така, фруктозата го зголемува нивото на мочна киселина која се таложи во вид на кристали на зглобовите и надвор од зглобните ткива предизвикувајќи гихт. Се препорачува да се ограничи внесувањето на фруктоза, така што ќе јадеме цело овошје, а не преработени овошни сокови кои поради технологијата на преработка содржат поголема концентрација на фруктоза. Освен тоа, во овошјето фруктозата е врзана во сахароза, или во растителни влакна, многубројни витамини и минерали и така потешко доаѓа во крвотокот, отколку кога е слободна, како во соковите и пченкарниот сируп – нагласува Тишма.

Која храна најмногу корисна за црниот дроб?

Природните зачини (лукот, куркумата, магдоносот)

Растителни влакна кои помагаат да се исфрли холестеролот (зелка, јаболка, овес, лен)

Омега- 3 масни киселини (риба, ореви и чиа семки)

Антиоксиданси (куркума, боровинки, зелен чај)

Растителни протеини бидејќи полесно се варат од животинските (соја, грав, леќа)

Панкреасот е регулатор на шеќерот во крвта и има две главни улоги:

Произведува инсулин (го намалува шеќерот во крвта) и глукагон (делува на складирањето на шеќерот во црниот дроб – глукагон кој ја ослободува гликозата во крвта кога е потребно).

Лачи ензими за варење на мастите, протеините и јаглехидратите.

Храна која е добра за панкреасот:

растителни влакна (го забавуваат апсорбирањето на шеќерот)

омега-3 масни киселини (намалуваат воспаление)

антиоксиданси (ги штитат клетките кои лачат инсулин)

бројни протеини (го олеснуваат варењето)

Според нутриционистот, кога користите преработени производи треба да ги читате етикетите и да ги избирате оние со најмалку адитиви.

Трпение и прецизна рака: Повеќе од две години склопува макета од познатиот автомобил (Фото)

Малку по малку, овој млад човек го претвори своето хоби во уметност.

Трпение и прецизна рака: Повеќе од две години склопува макета од познатиот автомобил (Фото)

Михајло Павловиќ (33) од Краљево, иако со години живее и работи во Белград, своето слободно време го посветува на едно необично хоби - склопување прецизни модели на автомобили.

Неговиот најнов подвиг е завршувањето на макета во размер на иконскиот американски модел „Dodge Charger RT“, на кој работеше повеќе од две и пол години.

„Сè започна кога првпат видов детална реплика на овој модел. Бев фасциниран од идејата дека можам да склопам автомобил во смалена верзија, со сите функционалности – од моторот до ентериерот“, вели Михајло за „RINA“.

Самиот модел, иако изгледа како играчка, е далеку од тоа. Тоа е модел кој е изграден од стотици делови, а секој нов дел се издава еднаш неделно.

„Трпението е најважното нешто во ова хоби. Ако брзате, лесно можете да направите грешки.“

„Најголемиот предизвик беа „микроскопските“ делови од моторот и деталите на хаубата, светлата и внатрешноста на автомобилот. Потребна е огромна прецизност. Еден погрешен потег може да го уништи целиот сегмент“, вели Михајло, кој никогаш не се откажал.

Иако изгледа како работа за професионалци, Михајло тврди дека склопувањето макети е всушност форма на релаксација за него.

„Тоа е како вентил за мене. Потребна е концентрација, но во исто време ја стимулира креативноста и целосно ме опушта“, вели овој креативен моделар.

Откако успешно го заврши „ Charger “, тој веќе има нови планови.

„Наскоро почнувам да работам на следниот модел – „Nissan Skyline GT-R (R34)“. Тоа е следниот скапоцен камен во мојата колекција.“

За Михајло, макетите во размер не се само хоби – тие се уметност, предизвик и бегство од секојдневниот живот во свет на прецизност и страст.

Извор: Б92

Нилсен: Гренланд не е недвижен имот за продажба

Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен денеска во Копенхаген изјави дека арктичкиот остров нема да биде „недвижен имот за продажба“, а американските изјави за присоединување на данската автономна територија се знак на непочитување.

Нилсен: Гренланд не е недвижен имот за продажба

Американскиот претседател Доналд Трамп неколку пати изјави дека сака да ја преземе контролата над Гренланд поради безбедносни причини.

- Никогаш, никогаш нема да бидеме недвижен имот што некој може да се купи и тоа е порака што мислам дека е најважно да се разбере … Сега се наоѓаме во ситуација во која мораме да останеме обединети, изјави Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.

Нилсен, кој од вчера е во тридневна посета на Копенхаген, додаде дека Гренланд е подготвен за силно партнерство со САД и поголем развој, но „сакаме почит“.

Фредериксен наведе дека Данска е подготвена повеќе да вложува во Гренланд.

Кралот на Данска Фредерик утре ќе отпатува на Гренланд како знак на понатамошна солидарност. /МИА

притисни ентер