Судијата Ристов и сопругата имале 600.000, а неговите родители 950.000 евра- финансиско вештачење за заѕиданите 350.000 во кујна
1Судијата Ристов и сопругата имале 600.000, а неговите родители 950.000 евра- финансиско вештачење за заѕиданите 350.000 во кујна
ЖивотСе одржа најлудата трка на светот- сите се тепаат за да го стигнат сирењето (ВИДЕО)Во Глостершир, Англија се одржа необично натпреварување кое со години ги привлекува локалните жители и гостите од целиот свет.Натпреварувањето се одржува секоја година и е единствена мешавина од адреналин, традиција и ризик. Учесниците се спуштаат, или поточно, (не)контролирано се лизгаат по Куперовиот рид, обидувајќи се да стигнат до пита сирење. Учесниците во веројатно најлудиот спортски настан во светот ризикуваат модринки, посекотини и сериозни повреди за да го освојат популарниот „Дабл Глостер“. Оваа година, неколку стотици од најхрабрите натпреварувачи „летаа“ од врвот на ридот. Во машка конкуренција, славеа Том Копке од Минхен (прва трка), Лук Бригс од Глостершир (втора трка) и Бајрон од Нов Зеланд (трета трка). Кај жените, во трката триумфираше Ева од Лондон. Правилата мора да се следат И, за да се избегне забуна, мора да истакнеме дека овој настан - прогласен за небезбеден од властите - има правила што мора да се почитуваат. Питата сирење се лансира по падина, а се проценува дека достигнува брзина до 100 км/ч. Неколку секунди подоцна, натпреварувачите полетуваат, обично тркалајќи се со брзина од 50 км/ч. Кој прв ќе стигне до подножјето, победува и го добива сирењето. Првиот пишан доказ за трки во Глостершир се наоѓа во порака до градскиот советник од 1826 година. Дури и тогаш, било очигледно дека настанот претставува стара традиција, а постојат шпекулации дека бил организиран уште во 15 век.Тагови: сирење трката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудијата Ристов и сопругата имале 600.000, а неговите родители 950.000 евра- финансиско вештачење за заѕиданите 350.000 во кујнаПарите со кои располагал обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов и неговата сопруга не ги оправдуваат 350 илјади евра заѕидани во домот на неговите родители.Парите со кои располагал обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов и неговата сопруга не ги оправдуваат 350 илјади евра заѕидани во домот на неговите родители, тврди обвинителството преку финансиското вештачење кое денеска го презентираше пред судот. Тоа покажало дека од 2016 до 2024 година, Ристов и сопругата располагле со околу 600 илјади евра, а неговите родители нaд 950 илјади евра. Но и по уплатите за становите и две уплати во кеш од над милион денари за кои немало потекло, не го оправдале износот за кој е обвинет. Одбраната пак тврди дека има доволно легални приходи и дека вештакот на обвинителството не ги проверил сите банкарски податоци. „Доминантно обвинетиот, сопругата и останатите имаат приливи од извори кои се обезбедени низ документите кои единствено постојат, кои не одговараат и не го оправдуваат износот за кој се гони обвинетиот.“ „Зошто самиот вештак не отишол во банките за да се утврди нешто што обвинителството како доказ му го дава не ги проверил тие докази не обезбедил дополнителни докази што е незамисливо за едно вакво вештачење. Нашиот вештак ќе ги даде сите податоци од каде потекнува кешот и ќе бараме усогласување меѓу двата вештака.“ Обвинителството презентираше и дел од содржината во телефонот на Ристов. Биле пронајдени контакти и комуникации со лица на влијателни позиции, но и со лица за кои се воделе или се водат активни судски постапки. Спомена дека како контакти во телефонот на апелацискиот судија биле пронајдени од Ана Камчева, Исмаил Јахоски, Фехми Стафа, Бојан Јовановски, Фросина Ременски и Вице Заев. Според одбраната самото тоа што Ристов ги имал тие луѓе во телефонот не докажува ништо незаконско. „Во таа смисла беа презентирани овие докази кои упатуваат на контакти и комуникации кои по наша оценка се недозволени од страна на судија на Апелација и со лица за кои сами забележавте се воделе и водат активни предмети и постапки.“ „Во телефонот ги имал овие лица, ги имал, Македонија е мала држава. Но ако било сомнително требало да обезбеди докази што работел со тие лица.“ На следното рочиште закажано за 15 септеври треба да се сослуша последниот сведок на обвинителството по што постапката ќе продолжи со сведоци на одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Македонија е сè што имаме“ - свечен настан на СДСМ по повод 35 години независностВечерва, 03.09.2026 година (четврток) со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Филхармонијата на Македонија, под слоганот „Македонија е сè што имаме“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира свечен настан.Вечерва, 03.09.2026 година (четврток) со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Филхармонијата на Македонија, под слоганот „Македонија е сè што имаме“, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира свечен настан по повод 35 години од независноста. На свечениот настан свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Во рамки на настанот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Глигоров од Македонија“, дело на Никола Т. Калајџиски и Аристид Филактов, посветен на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. Пренос во живо ќе биде обезбеден на официјалните канали на СДСМ (ФБ, Јутјуб) и на официјалната страница на претседателот Венко Филипче. Документарниот филм премиерно ќе биде прикажан во целост пред присутните гости на свечениот настан. Поради заштита на авторските права, целосната проекција на документарниот филм ќе може да ја проследат присутните во салата, додека преносот во живо ќе биде реализиран согласно законски дозволеното време и услови за емитување. Ги замолуваме претставниците на медиумите да пристигнат најдоцна до 18:45 часот, со цел навремено да ги завршат техничките подготовки и да бидат сместени пред почетокот на настанот. Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Истрагата за унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија, сѐ беше транспарентноИстрагата на новата унгарска влада за заемот од 1 милијрда евра што ѝ беше даден на Македонија е внатрешна работа на државата, целиот процес бил транспаретнен, изјави денеска премиерот Мицкоски .Истрагата за унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија, а средствата се потрошени транспарентно, вели премиерот Христијан Мицкоски, откако во вторникот унгарските власти отвориле кривична истрага за четири случаи за наводни злоупотреби во државната Ексимбанк вклучително и заемот од 1 милијарда евра за Македонија. Мицкоски и во оваа прилика изрази благодарност до Унгарија со чија финаксиска помош, според него, Владата го покривала наследениот долг од претходната власт. Дали стравувам од истрагата? Апсолутно не, затоа што сето тоа е дел од нашето стратешко партнерство, плус потврдено од двата парламенти и двете влади, а средствата се потрошени транспарентно . И, сакам да изразам моја благодарност кон нашиот стратешки партнер Унгарија што, во времето кога се боревме да ја извадиме државата од банкротот што го наследивме од бандитската влада на СДСМ и ДУИ, тие беа први што ни излегоа во пресрет, рече Мицкоски. Според лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, истрагата што ја отвори новата влада на Маџар е доказ за нелегалните процеси со унгарскиот кредит и сомнителното потекло на парите. Филипче и денеска ја обвини Владата дека планира ново задолжување од 1,3 милијради евра, а тврдењата дека тие се позајмуваат за враќање на стари долгови, ги смета за алиби. -Тука најдобро до израз доаѓа лицемерните пораки на премиерот во однос на задолжувањата. Доколку навистина економијата добро функционира, и навистина расте БДП, тогаш парите кои што Владата ги прави тука во земјата ќе се користат за враќање на старите долгови, па ќе се задолжуваме помалку отколку што сме се задолжуваме во минатото. И на тој начин вкупниот долг ќе се намалува, изјави Филипче. Како одговор на растечките трошоци за живот, Филипче најави дека следниве денови СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, а предлагаат и субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook