Се очекува денеска да започне судењето на Имамоглу - Канал 5

Се очекува денеска да започне судењето на Имамоглу

Долгоочекуваното судење по обвинение за корупција и организиран криминал против разрешениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, се очекува да започне денеска.

Се очекува денеска да започне судењето на Имамоглу

Тој беше приведен на 19 март 2020 година, а на 23 март 2025 година беше уапсен и оттогаш е во затвор во Силиври, во близина на Истанбул. Денот пред неговото притворање, му беше одземена дипломата за високо образование, што му го одзема правото да се кандидира за претседател во иднина.

На првото рочиште за случајот против Екрем Имамоглу, кое е закажано да започне денеска, ќе се појават и други 407 обвинети, од кои 105 се во притвор. Рочиштата ќе се одржуваат четири дена во неделата до крајот на април, објави НТВ.

Случајот ќе го разгледува Првиот совет на 40-тиот суд за сериозни кривични дела во Истанбул.

Судењето беше закажано да се одржи во новата судница на затворскиот комплекс Мармара во Силиври, но поради доцнења во изградбата, првата седница ќе се одржи во постојната судница, која има помал капацитет.

Затоа се воведени голем број ограничувања и за адвокатите на одбраната и за присутните во судницата. Дозволени се максимум три адвокати по обвинет, а роднините на притворените ќе имаат предност пред другите кои сакаат да го следат судењето на лице место. Бројот на новинари на кои им е дозволено да го следат судењето е ограничен на пет странски новинари и еден новинар од турски медиум, или вкупно 25 лица.

Обвинението, чии детали претходно беа објавени во турските медиуми, содржи 3.739 страници.

Судењето, кое се очекува да започне денеска, се оформува како најголем случај на корупција пред претседателските избори, кои се закажани за 2028 година, и поради оваа причина се очекува да биде следено со зголемено внимание, според голем број аналитичари од проопозициските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН се пофали со работата во досегашниот мандат, ДУИ критикува дека нивниот учинок е „ништо“

Под мотото „ВЛЕН – 24 месеци работа: транспарентност и отчетност“, партијата се пофали со успесите од сработеното во претходните две години... 

ВЛЕН се пофали со работата во досегашниот мандат, ДУИ критикува дека нивниот учинок е „ништо“

Опозициската ДУИ пак одржа прес-конференција во која криткуваше дека учиникот на вреди е ништо.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски порача дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии.

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

По новите обвинувања од СДСМ, Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во изјава за медиумите порача дека раководството на СДСМ повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги претстави како проблем на другите партии.

„Раководството на таа некогаш државотворна партија, која денес е сведена на ниво на ликвидација, во континуитет сопствените грешки ги бара во туѓите редови. Колку тоа ЗНАМ се распаѓа, најдобро гледаат медиумите и граѓаните на трибините што ги организираме низ Македонија, каде салите се премали да ги примат сите заинтересирани граѓани“ - изјави Димитриевски.

Тој истакна дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички спинови и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики поради кои ја изгуби довербата на граѓаните, оценувајќи дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

„За нив можам да кажам само едно - тоа е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче“ - истакна Димитриевски.

Претседателот Димитриевски потенцираше дека најсилниот одговор на ваквите напади е сè поголемата поддршка што Движењето ја добива на средбите со граѓаните низ целата држава.

„Ние нема да се занимаваме со спинови и измислици. Ќе продолжиме да разговараме со граѓаните, да нудиме решенија и да работиме за европска Македонија со силни институции, национално достоинство и одговорна политика.” - заклучи Димитриевски.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најниски 22 степени се измерени на Попова Шапка, во Велес највисоки 39 степени

Денеска најтопол град во Мекедонија бил Велес со измерени 39 степени, соопшти УХМР.

Најниски 22 степени се измерени на Попова Шапка, во Велес највисоки 39 степени

Измерени се 22 степени на Попова Шапка, 26 Крушево, 28 Лазарополе, Маврови Анови, 30 Претор, 31 Берово, 32 Охрид, Прилеп, Крива Паланка, 34 Битола, Тетово, 35 Струмица, Гевгелија, 36 Виница, 37 Штип, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, 38 Скопје- Петровец, Кавадарци, 39 Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачноста. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево и топло со променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ до вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер