Сулејман Величествениот за неа ја оставил сопругата – еве како денес изгледа Шехерезада! - Канал 5

Сулејман Величествениот за неа ја оставил сопругата – еве како денес изгледа Шехерезада!

Таа важи за една од најубавите природни актерки во Турција, а тие двајца се едни од најхармоничните парови во јавноста.

Сулејман Величествениот за неа ја оставил сопругата – еве како денес изгледа Шехерезада!

Нивната љубов пламнала на актерскиот сет. Тогаш оженетиот Халит Ергенч не можел да ѝ одолее на маркантната Бергузар, која впловила во романса со него за време на снимање уште во 2008 година. Како што објавија некои медиуми, тогашната сопруга на Халит, кога дознала дека тој има друга, пометнала.

Бергузар иако тогаш била свршена за балетан, судбината имала поинакви планови за неа. Позната како „Шехерезада“ од серијата „1001 ноќ“, кај гледачите таа остана запаметена по нејзиниот благороден и мудар карактер, но и софистицираната и безвременска убавина.

Бергузар сега е на прагот на петтата деценија, но нејзината младост сè уште е видлива. Не само физички туку и психички. На фотографиите што ги споделува на социјалните мрежи невозможно е да не се забележат младешкиот дух што го негува и нејзината весела природа.

Навидум физички спротивни, како сопружници се многу компатибилни и важат за еден од похармоничните парови во јавноста. Како што изјавил Халит во една прилика, неговата сопруга е многу љубоморна, но тоа многу успешно го решаваат со терапевтот. Двајцата имаат три деца, два сина и една ќерка која ја добија минатата година.

Таа деновиве сподели фотографија од патувањето во Лондон поздравувајќи ги своитте придружници ширум светот, а на Инстаграм ги има над два милиони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Редок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.

Крадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собарка

Кражба од пред еден век

Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко.

Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко.

Нова изложба во музејот „Конде“

Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници.

Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба.

Ретки розови дијаманти

Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато.

Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!

Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата.

За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници.

Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив.

Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата.

Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер