Се обезбедуваат нови средства во Буџетот за поддршка на економијата

Домашната, како и останатите економии и натаму регистрираат штети од кризата со Ковид 19, а Министерството за финансии веќе изработува нови проекции за економскиот раст.

Домашната, како и останатите економии и натаму регистрираат штети од кризата со Ковид 19, а Министерството за финансии веќе изработува нови проекции за економскиот раст, кој според Светската банка и финансиските експерти годинава во државава ќе се намали за околу четири проценти. Владата тврди дека презема мерка за внесување пари во стопанството, но според опозицијата и стопанствениците досегашните мерки се недоволни и потребна е поголема финансиска инјекција.

Министерата за финансиии Нина Ангеловска вчера соопшти дека изработуваат проекции за економскиот раст, истакнувајќи дека очекува брзо опоравување на економијата откако здравствената криза ќе го достигне пикот и ќе почне да опаѓа.

– Пред само еден месец проекцијата за економскиот раст беше 3,8 проценти, исто пред само еден месец Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидуваше раст кај 160 економии, а денес директорката на ММФ веќе изјавува дека се очекува пад кај најголем дел од економиите или кај 180 економии. Целиот свет се соочува со криза од непознат размер. Се предвидува дека во еврозоната рецесијата ќе изнесува над околу четири проценти, рече министерката за финансии Нина Ангеловска, на вчерашната пре-онференција на која го појасни користењето на мерката за помош од државата со ислата на минимална плата од 14.500 денари.

Според Ангеловска, позитивна вест за економијата е дека оваа криза не е предизвикана од пад или нарушување на системот, односно се рабпти за здравствена криза што се прелева во економијата и поради тоа се очекува поцесот на опоравување да биде побрз. – Тоа на некој начин е позитивно, но секако се зависи од нас во однос на рестрикциите што ги преземаме како земја, за да го заштитиме здравјето и ја запираме економската активност, а сега ќе зависи од тоа какви ќе бидат условите, кога здравствената криза ќе го достигне пикот и ќе почне да опаѓа за веќе да започнеме со опоравување, рече Ангеловска.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, прогнозира дека негативните ефекти врз македонската економија предизвикани од пандемијата на Ковид 19 вирусот ќе предизвикаат драматично зголемување на јавниот долг во однос на Бруто домашниот производ и би можел да достигне 70 проценти од БДП.

Апелира да не се враќаат веднаш парите што ќе и бидат доделени на државава, со мерките за помош да биде вклучен и март како исклучително тежок од аспект на шокот кој го претрпуваат компаниите, како и да се релаксира фискалната политика.

Направеното досега влијае негативно и не е доволно за македонската економија и за реалниот сектор за да може да ги истрпи на нозе сите негативни ефекти од пандемијата, рече Мицкоски во видео обраќање.

Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии во владејачката СДСМ, пак, вчера порача дека мерките што Владата ги презема за справување со штетните последици врз економијата се навремени, сеопфатни и насочени кон оние кои се најпогодени од кризата со коронавирусот.

Владата, потсети Битиќи, веќе прераспредели повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки со кои се опфаќаат 250.000 вработени и над 35.000 компании.

-Малите, микро и средни претпријатија покажуваат голема заинтересираност за бескаматните кредити.Досега одобрени се бескаматни кредити за 136 компании со 1.737 вработени. Поради големиот интерес за оваа конкретна помош, Развојната банка го зголеми буџетот и обезбеди дополнителни 8 милиони евра кои им се ставени на располагање на микро, малите и средните претпријатија, рече Битиќи.

За да ги зачуваме работните места, но и никој да не остане без приходи додека трае кризата, како што дополни, Владата обезбедува 14.500 денари за сите вработени во погодените компании за април и мај, а истата мерка се однесува и за заенаетчиите, спортските работници и самостојните дејности. Покрај оваа мерка фирмите можат да изберат и помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси на секој вработен.

Меѓународниот монетарен фонд вчера и одобри на нашата држава финансиска поддршка од 176 милиони евра со каматна стапка од 1,05 проценти и рок на отплата од пет години со грејс период од три години и три месеци. Како што оцени гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска, финансиската поддршка од ММФ за нас е од исклучително значење, како за спроведување на фискалните мерки, така и за обезбедување натамошен раст на девизниот потенцијал на нашата економија, односно за зголемување на девизните резерви.

– На овој начин се создава поголем простор за спроведување релаксирана монетарна политика и за обезбедување олеснети финансиски услови за кредитирање на погодените компании и граѓани, оцени гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Како што најави министерката за финансии, се очекува кредитна поддршка и од Светска банка, а почната е и постапка за издавање еврообврзница, процес кој би траел 40 до 60 дена. Министерството за финансии и Царинската управа работат и на анализа по барањето на Стопанската комора да се изедначи цената на акцизата за екстра лесното гориво со акцизата за дизелот. Решението што ќе донесе, тврди таа, нема да удри по џебот на граѓаните.

Против зголемување на акцизата на нафтените деривати се Сојузот на стопанските комори (ССК), превозниците, фармерите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според ССК, излезот од кризата не лежи во зголемување на акцизите, а преку тоа и на цените заради полнење на Буџетот, туку во обезбедување на институционална финансиска инјекција кон приватниот сектор и граѓаните.

Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк во најновата анализа прогнозира пад од 3,8 проценти на економијата во државава годинава. Се очекува најголем интензитет во вториот квартал за кога се проектира намалување на БДП од 12.7 проценти, а следните квартали да забележат економска консолидација. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер