Нормално, за потребите на снимањето, Кортни не носела шминка, а до израз дошле нејзините пластични операции кои ги има на своето лице.
„Многу тешко го прифатив фактот дека стареам. Но, не вреди. Со тоа не може да се борите. Нема човек кој измислил формула против стареењето. И сите ќе остарат, сечија младост ќе помине. Јас се обидов да ги замрзнам своите години. Нормално, не успеав. Операциите само ми го уништија лицето и ми е жал поради тоа, но сега е доцна. Но научив неколку лекции за животот, но за некои работи сега е доцна“ – изјави Кортни.