Се балсамирала?!

Познатата креаторка Вера Ванг го прослави 73-тиот роденден!

Познатаа модна креаторка Вера Ванг претходната недела го прослави својот 73-ти роденден. По повод овој настан беше организирана раскошна забава, како и караоке забава во Њујорк, на која Ванг ги изненади присутните со својот изглед.

Таа носеше розови шорцеви со фустан-туника, а на нозете имаше високи сребрени потпетици.

Со затегнати нозе и мазна права коса, Вера може да ѝ парира на секоја девојка. На главата носеше розово-сребрена тиара, како вистинска принцеза. Таа позираше и со шише просеко од брендот Вера Ванг, како и со раскошна торта.

На својот Инстаграм профил таа сподели многу фотографии од забавата.

Многу обожаватели ја прашаа која е нејзината тајна и дали знае за некаков еликсир на младоста. Доста луѓе прокоментирале дека изгледа како да била балсамирана.

Познатата дама многу често нагласуваше дека не постојат случајности или некаква среќа кога е во прашање нејзиниот беспрекорен изглед. Како што своевремено изјавила за магазинот „Пипл“, целата заслуга ја должи на повремените вежби, но и на таканаречената „мускулна меморија“ бидејќи со години била активен спортист. Спортот ја обликувал и се покажало дека, како што самата тврди, имал долгорочен ефект.

Извор: srecna.republika.rs

Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили, со дејство и од земја и од воздух. 

Огнот е опкружен и догорува само во контролирани површини, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Со локализирање на пожарот се прегрупираат силите за негово догасување. Дел од луѓето на терен ќе дежураат до рано наутро кога е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар, по што ќе се одлучи како ќе се дејствува за негово догасување, велат од ЦУК.

За гасење на пожарот во текот на денот беа ангажирани еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пожарникари и вработени во шумските стопанства и комунални претпријатија од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, а помогна и дел од локалното население.

Лукаревска: Советничката група на СДСМ е нова енергија за Тетово

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од дрѓавата и пред очи ни се таканаречените резултати.

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од дрѓавата и пред очи ни се таканаречените резултати, за инает не се поддржуваат добри проекти, постојано празни ветувања, повикување на претходниците и удирања во гради со проекти од претходниците, не е лошо, полошо е, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во обраќањето на промоцијата на советничката листа на СДСМ за локалните избори во Тетово.

„Да не дозволиме на 20 август да се изберат луѓе кои ќе бидат покритие уште неколку години, години на празни ветувања. Да бидеме мотивирани и на 20 август употребете го вашиот глас, гласајте за кандидатите за советници од СДСМ, за овие луѓе кои имаат свои идеи, кои ќе работат во интерес на граѓаните и кои нема да молчат ако градоначалникот не работи добро“ порача Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска истакна дека кандидатите за советници од СДСМ се вистинското решение за Тетово.

„Нашите идни советници се новата енергија за Тетово. Тие советници ќе туркаат напред, и ќе бодат гласни и да можат да го кажат вашиот проблем, да нудат решенија за секојдневните а всушност најбитните проблеми од вашето живеење. Централната власт не го заборави Тетово и натаму ќе придонесува за развој на овој град. На 20 август одлучно гласајте за број еден, да не дозволиме општината да биде парализирана и некој да има оправдување дека има нефункционален совет. Гласајте за никој да не биде над вашиот глас, туку да биде во полза на вашиот глас. Да имате убави улици, нови паркови, да имате чист воздух, тоа не е политика, тоа е обврска која ќе ја имаат нашите другари, идните советници.“ порача Лукаревска.


Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

Во изминатиот период, по наше барање како граѓани, се реализираа значајни проекти, кои се од голема важност за жителите на Општина Тетово, порача носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Тетово, Глигорије Стојановски.

„Нашата заложба за модерно, европско Тетово, нема да престане. Со проектите кои се предвидени во нашата изборна програма на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за Тетово" ќе покажеме како треба да се работи во интерес на сите граѓани.

Ви гарантирам, Ве уверувам дека ќе вложуваме во урбанизмот и руралниот развој, со решавање на градската и приградската мрежа; во комуналната област, преку реконструкција на уличната водоводна мрежа; во заштитата на животната средина преку мониторинг и евидентирање на локалитетите, кои го загадуваат воздухот и се опасност по здравјето на луѓето;, преку локалниот развој на малите и средни претпријатија;, додека пак во образованието, ќе ги подобриме севкупните услови во училиштата.

Ќе се заложиме за подобри здравствени услуги, ќе вложуваме во спортот и културата.

За квалитетен живот на сите граѓани, ќе ја дадеме нашата поддршка на иницијативата ,,Тетово сака парк", а позади Спортскиот центар, ќе се изгради нов Спортски комплекс, кој ќе биде со мини терен за мал фудбал, кошарка и терен за тенис, урбана опрема за забава на најмладите и детска патека за ролери и велосипеди, бесплатно достапен за сите!

Во с. Сараќино и с. Фалише ќе бидат ставени во функција спортските игралишта. Што се однесува до културните настани, како личност која доаѓа од културната сфера, ветувам дека ќе се заложиме за континуирано финансирање на културните настани и манифестации, кои се неопходен дел од културниот живот во Тетово.“ порача Стојановски, носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата.


притисни ентер