СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ амнестијата на криминалот е поважна од правдата, заврши времето кога белиот дворец даваше насоки на обвинителството

За ВМРО-ДПМНЕ амнестијата на криминалот е поважна од правдата, заврши времето кога белиот дворец даваше насоки на обвинителството, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е за одбрана на криминалот, против правдата и против напредокот на државата.

Со несериозниот и неодговорен однос во процесот на носење на Законот за јавното обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека амнестијата на сторители на сериозни кривични дела од редовите на нивната партија им е поважна од правдата, од реформите, напредокот и иднината на државата.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ работи против реформите и не сака независно и професионално обвинителство. Затоа, наместо конкренти амандмани и предлози за законскиот текст за Јавното обвинителство, тие поднесуваат некакви „Принципи и насоки на ВМРО-ДПМНЕ во донесувањето на Закон за Јавното обвинителство".

Заврши времето кога од белиот дворец се испраќаа насоки за работата на обвинителствата и судовите, кога се нарачуваа и монтираа пресуди и случаи.

Денес, во Република Северна Македонија судовите и обвинителствата работат слободно и независно во согласност со законските надлежности, а законите важат за сите и секој кој направил каков било прекршок треба и мора да одговора.

Колку и да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО мора да продолжи да работи како посебно обвинителство на откривање и расчистување на случаи поврзани со висока корупција, мора да продолжи со предистражните постапки и обвиненија коишто се покренати и по 18-те месеци по предавањето на материјалите.

Новиот Закон за јавно обвинителство е најсоодветното решение и треба да се имплементира без одолговлекување, бидејќи е во интерес на правдата, граѓаните и државата.

Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Ријад како дел од посетата на регионот.

Блинкен од денеска до среда ќе ги посети Саудиска Арабија, Јордан и Израел, соопшти Стејт департментот.

Како што е наведено, на средбите ќе се разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што ќе обезбеди ослободување на заложниците.

Се додава дека ќе разговараат и за зголемување на хуманитарната помош испорачана во Газа.

„Секретарот, исто така, ќе ја нагласи важноста од спречување на ширење на конфликтот и ќе разговара за тековните напори за постигнување траен мир и безбедност во регионот“, соопшти Стејт департментот. /МИА

ЕУ изрази загриженост поради ирачкиот Закон кој предвидува затворски казни за истополови односи

Европската Унија изрази загриженост поради усвојувањето на измените на ирачкиот Закон со кој се предвидува затворска казна во траење од 10 до 15 години за лицата кои се впуштаат во консензуални истополови односи. 

Во реакцијата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се посочува дека со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, што Ирак го ратификуваше уште во 1971 година, предвидува дека со законите ќе се забранува каква било дискриминација и ќе се гарантираат еднаква и ефикасна заштита за сите лица од дискриминација по која било основа.

- ЕУ ги повикува ирачките законодавци да ги почитуваат меѓународните обврски на Ирак за човекови права и ефикасно да го имплементираат членот 14 од ирачкиот Устав, кој забранува дискриминација врз основа на потекло, религија, припадност на малцинска заедница и од други причини, се наведува во реакцијата.

ЕЕАС посочува и дека ЕУ ќе продолжи да презема активности на глобално ниво за да ги спречи и осуди сите форми на дискриминација, залагајќи се за почитување на принципите на различност, еднаквост и инклузивност како „основни принципи на праведните општества“.

Со новините во ирачкиот Закон против проституција од 1988 година, се предвидуваат затворски казни од 10 до 15 години за одржување хомосексуални односи, но и за размена на сексуални партнери во хетеросексуалните врски (свингинг). Казни се предвидени и за секој маж „чие однесување се смета за женствено“, како и седум години затвор за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, како и „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова трансформација.

Инаку, овие законски измени се сметаат за „поблаги“, имајќи пред вид дека во првичниот предлог за хомосексуални односи се предвидуваше смртна казна.

На усвојувањето на измените на Законот уште вчера реагираше организацијата Амнести интернешанл, која го оцени како „кршење на основните човекови права“ со што „се загрозуваат Ирачаните, кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Во Извештајот за состојбата со човековите права во Ирак за 2022 година на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч се посочува дека ирачкото општество „ја отфрла хомосексуалноста“, како и дека припадниците на ЛГБТ+ заедницата често се цел на „киднапирања, силувања, тортура и убиства“ од страна на вооружени групи кои остануваат неказнети за ваквите злосторства. /МИА

Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот

Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.

Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер со 49 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Следен противник на Минесота ќе биде победникот од мечот Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (резултатот во серијата е 3-1 во корист на Нагетс). /МИА

притисни ентер