СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тоне - Канал 5

СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тоне

ВМРО-ОКГ се фали со извоз на земјоделски производи од 417 милиони евра.

СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тоне

Тие резултати ги остварија земјоделците. Сами. Со мака.

Без вистинска поддршка од државата.

Субвенциите доцнат или ги нема. Откупот е намален.

ИПАРД е блокиран. Горивото и ѓубривата поскапеа, а мерки немаше.

Земјоделците работат во тешки услови, а власта сега ги презентира нивните резултати како свој успех.

Да имаше државата реална политика, Македонија повторно би можела да го храни регионот.

Наместо тоа - изолација и фалби со туѓата работа.

Eкономски колапс во Македонија.

За две години оваа власт:

• ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра,

• странските инвестиции паднаа за повеќе од 60%,

• минималната плата не е зголемена,

• потрошувачката кошница продолжи да расте,

• инфлацијата ги топи платите и пензиите,

• младите масовно ја напуштаат земјата.

Владата нема резултати. Има само пропаганда.

Се фали со туѓи успеси, а сопствените промашувања ги крие зад бројки и спинови.

Земјоделците работат.

Граѓаните преживуваат а ВМРО-ОКГ се фали.

Тоа е целата економска политика на оваа власт, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, и од овој момент па натаму грижата е целосно кај Водовод во Гостивар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие

Институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата, а како Владата, водата ја прочистиле за неполн месец. За обвинувањата на опозицискиската СДСМ дека власта е одговорна за загадувањето на водата за пиење, Мицкоски рече дека градоначалникот на Гостивар е кадар што на последните избори бил поддржан од СДСМ.

-Јавното претпријатие има свое раководство. Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на вонредните избори од СДСМ. Затоа вие нема да слушнете од страна на СДСМ – одговорност од градоначалникот бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност од таму каде таа одговорност ја нема туку, напротив, од страна на Владата ние дадовме се што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега, односно за помалку од 4 недели комплетно е прочистен системот, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, прашуваат зошто и по пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар досега не одговара никој од власта, а не е објавен, како што велат, ниту еден официјален извештај ниту анализа за водата во Гостивар. Го повикаа државниот обвинител Савески да постапи по кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе.

-Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар, изјави Штерјова од СДСМ.

Премиерот Мицкоски, коментирајќи го случајот со дезинформациите дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли кажа дека Владата имала информации ден претходно дека опозициски партии подготвувале обид за ширење на хистерија преку социјалните медиуми, а паралелно, за лажните вести гледа и комерцијална заднина.

- Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е мислам дека тука има и некои други, би рекол, повеќе комерцијални обиди, бидејќи за еден ден најненадејно голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви на и количини на флаширана вода, Мицкоски.

За ширењето на лажни вести за водата во Скопје досега на разговор во полициска станица се повикани повеќе од 10 лица, но МВР засега нема поднесено пријава против никого. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството од каде велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во Белгија немав политички средби, но имав состаноци со инвеститори

Еднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања.

Мицкоски: Во Белгија немав политички средби, но имав состаноци со инвеститори

Еднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања за наводно водење тајни преговори за европската иднина на Македонија за време на семејното патување. Целта на семејното патување во Белгија, како што појасни Мицкоски, била посета на историско-културни места во земјата.

-Дел од воспитувањето кое што го имам јас со моите два сина е да, еднаш годишно, отприлика викенд, четврток – недела, одиме во некој европски град и таму посетуваме значајни, би рекол, места и разговараме и ја изучуваме историјата на таа држава. // Рековме екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научно-образовна екскурзија во Белгија. // Да, бев три дена во Брисел и немав политички средби, исто така правевме обиколка во Брисел, имав три средби со инвеститори, кои што во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Како што велат од опозициската СДСМ, премиерот во Брисел одел на „неофицијални“ разговори и средби за европскиот пат на државава, без знаење и учество на дипломатијата, туку со семејството. Од СДСМ посочуваат дека доказ оти имало разговори зад затворени врати, биле неодамнешните изјави на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и на евроамбасадорот Михалис Рокас.

-Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел? Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани? Одговорот е еден и јасен: Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост. // Граѓаните имаат право да знаат: Што е договорено? Што е прифатено? Што е скриено? Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така и нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии,- -СДСМ.

Премиерот Мицкоски денеска беше прашан и за коментар на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека српската црква е „иста и во Скопје и во други градови низ светот“. Мицкоски не сакаше да ја коментира оваа изјава која предизвика и реакција од МПЦ – ОА , бидејќи како што рече, не сака да навлегува во комуникација која што прилега на минатиот век.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода

Меѓу гостиварци полека се враќа довербата дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење. 

Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода

Велат дека ги почитуваат инструкциите на надлежните и повторно ја користат водата од чешмите, но сепак, по речиси еден месец неизвесност, од од нив и натаму пристапуваат со претпазливост.

Дел од Гостиварци велат довербата не се враќа преку ноќ, но добро е што сите инстутуции се обединија и брзо реагираа. Особено претпазливи се оние кои во изминатиот период поминале и низ здравствена голгота и побарале лекарска помош, па велат и стравот оправдано е тука.

Надлежните најавија дека редовниот мониторинг на водоводот ќе продолжи и во иднина и дека наместо сегашните два пати, анализите ќе се вршат три пати неделно. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители.

Откако анализите покажаа неисправност, на 17 јули беше воведена забрана за нејзино користење за пиење. Во меѓувреме следуваа повеќе лабораториски испитувања и земање мостри од водоводниот систем и хиперхлорирање, а граѓаните беа принудени да користат флаширана вода или вода од цистерни.

За случајот со загадувањето на водата со фекалии, Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководните позиции во ЈП „Комуналец“, добија 30-дневен притвор.

Тие се осомничени дека со дејствија поврзани со водоснабдителниот систем овозможиле мешање на загадена вода со водата наменета за пиење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер