СДСМ: Владата предводена од СДСМ отвора фронт против корупцијата, следува ред, правда и дисциплина

Новата ефикасна и одговорна Влада преводена од СДСМ отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата, цврсто одлучна да обезбеди редот и законот да важат за сите и секаде подеднакво.

Во новата програма на Владата, поставени се јасни столбови во борбата против корупција, преку воспоставување прецизни и соодветни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители.

Транспарентноста и отвореноста се врвен приоритет, а тие ќе бидат спроведени од највисоко до најниско ниво.

Ќе се работи на развивање на системска алатка и концепт за следење на парите и капиталот на функционерите, за да може да се превенира незаконско зголемување на имотот на функционерите за време на вршење на јавната должноста и на сервис и одговорност кон граѓаните.

Се работи на ревидирање на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, а главната максима во неговата имплементација е нулта толеранција за корупција, нулта толеранција за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да сноси одговорност.

Сите надлежни институции како што се МВР, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, УЈП, инспекторатите и целата извршна моќ и институции кои имаат надлежност и се платени од граѓаните да се борат против криминалот и корупцијата, редовно ќе се координираат и ќе се премостат сите пречки во нивната меѓусебната комуникација.

Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, чесни, одговорни и искрени кадри, на што во следните четири години Владата ќе посвети сериозно внимание.

Владата предводена од СДСМ е цврсто решена да обезбеди ред, правда и дисциплина и силни, ефикасни и професионални институции и тоа ќе го стори во новиот четиригодишен мандат.

СДСМ

Песната „Сакам да кажам" од Нокаут победничка на 35-то издание на „Макфест"

Победничка песна на 35-то издание на „Макфест" е „Сакам да кажам"  од групата Нокаут, втората награда е за „Ден по ден" изведена од Ѓоко Таневски и трета награда за „Ако те изгубам" во изведба на Омар Џаферовски.

Никола Перевски-Пере од Нокаут за МИА вели дека ова е награда по 24 години работа, а слатка трема немал да почуствувано никогаш.

-По 24 години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го примети дека има некаков квалитет, што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирото, тоа го почуствувало. Најважно е за мене да почуствува песната, да се пренесе енергијата, кај публиката, еве и кај жирото и сметам дека е заслужено, вели Пере од Нокаут.

Тој во разговорот за МИА открива дека песната е направена пред три години, а инспирацијата доаѓа од љубовта. Прашан како го доживува „Макфест" по 35 години, одговорот му е „Како никогаш досега, затоа што „Макфест" досега се правеше на затворено, а сега за првпат е кога „Макфест" се организира под отворено небо и навистина чувството е прекрасно и мислам дека треба да продолжи во ваков некаков континуитет, рече Перевски-Пере од Нокаут.

Досега на „Макфест" имал две композиции едната е „Танго" во 2014 и победничката е втора песна со која настапи на 35-то издание.

Публиката синоќа не гласаше, изборот на наградите го направи стручното жири, составено од познати македонски музички имиња, актери, од модата. Што се однесува за почитувањето на здравствените протоколи фестивалот беше беспрекорно организиран. Волонтерите на ОО Црвен Крст постојано беа меѓу публиката, кои предупредуваа на држење дистанца и задолжително носење на заштитни маски./MИА

Сончево и топло преку ден, утринските температури ниски

Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За денеска, според метеоролозите, утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 24 до 29 степени.

Слично време ќе преовладува и во Скопје каде утринската температура ќе се спушти до 13-тиот степен, а дневната ќе се искачи до 28-тиот степен.

Се најавува период на претежно стабилно време но со ниски утрински температури. Во вторник и во среда во западните делови можна е појава на нестабилна облачност со повремен дожд и ретки грмежи.

Oдбележување на Европска недела на мобилност во Скопје

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност денеска кај Школка во Градскиот парк ќе се одржи настан „Вело Родео" во организација на здружението на граѓани „Еко Логик".

Настанот е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Скопје, а право на учество имаат учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта кои имаат желба да возат велосипед и едукативно да се забавуваат.

Програмата вклучува едукативни игри како „Еко Не лути се човече" (во реална големина), „Вело Меморија" (мега верзија, карти и онлјан апликација), Еко квиз, Вело Маало,Твистер, покажување и унапредување на велосипедските вештини, творење во рамки на креативна работилница и други изненадувања и активности.

Поради пандемијата со Ковид-19, организаторите најавуваат дека настанот ќе се одржува согласно официјалниот протокол за организирање на јавни настани со целосно почитување на здравствените мерки.

Европската недела на мобилност, која традиционално секоја година се одбележува од 16 до 22 септември, годинава се одржува под мотото „Мобилност со 0 емисии за сите".

притисни ентер