3Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
МакедонијаСДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на МицкоскиУште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда.8 дена до уште едно големо неисполнето ветување. 8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ. Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од реформите. Секако, клучни се се уставни измени и внесување на малцинствата во уставот како услов за продолжување на европскиот пат. Досега реформите не се исполнети, рокот изминува. Мицкоски не ги исполнува реформите за ЕУ затоа што не сака да ги исполни. Затоа што реформите значат одговорност, правда и крај на системот што со години го штити ВМРО. Мицкоски не сака независно судство. Не сака Европско јавно обвинителство. Не сака вистинска борба против криминалот и корупцијата. Наместо европска иднина, Мицкоски ја турка државата во изолација, неизвесност и сиромаштија. Уште само 8 дена се доволни граѓаните целосно да ја видат вистината: Мицкоски не сака ЕУ, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПроблеми со Фејсбук и ИнстаграмКорисниците ширум светот се жалат на падот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.Проблемите се различни, од тоа што луѓето не можат да се најават на своите сметки, не можат да испраќаат пораки, до тоа што не можат да го освежат својот фид. Се чини дека проблемот трае веќе некое време, во зависност од територијата каде што се наоѓаат корисниците. Исто така, се чини дека проблемите не се ограничени само на десктоп или апликации, туку се појавуваат без никакви посебни правила на обете. Мета сè уште не објавила, па се претпоставува дека проблемот наскоро ќе биде решен.Тагови: Инстаграм Фејсбук Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНоќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа на 11.06.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички ги нападнала нејзината снаа и малолетниот внук. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 11.06.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ќ.И.(53) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:25 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 30-годишен син, а потоа со остар предмет упатувал закани на синот и неговата мајка. На 11.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.П.(35) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34 -годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди. На 11.06.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.С.(28) од Велес. Според пријавеното од неговата 48-годишна мајка, тој дошол во домот, се заканувал, оштетил дел од инвентарот и предизвикал страв и кај другите членови од фамилијата и на тој начин дека не го почитувал решението од Основен суд Велес за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин директно или индиректно комуницира со неговите родители, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето. За настанот е известен јавен обвинител. На 11.06.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.Н.(39) од Куманово затоа што околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка. Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син. На 11.06.2026 околу 23:40 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за правда: Разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавствоРаботната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик.На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои беа потребни дополнителни појаснувања. Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување. Веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки. Министерството за правда изразува благодарност до сите членови на Работната група, претставниците на институциите и политичките субјекти за нивниот активен придонес во процесот на подготовка на реформите во изборното законодавство.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24