СДСМ: Уште една лага на Мицкоски е потврдена – Реформската агенда не е исполнета - Канал 5

СДСМ: Уште една лага на Мицкоски е потврдена – Реформската агенда не е исполнета

Се потврди уште една голема лага на Христијан Мицкоски, реформската агенда не е исполнета иако вети пред јавноста дека до 1 јуни ќе ги исполни сите обврски. 

СДСМ: Уште една лага на Мицкоски е потврдена – Реформската агенда не е исполнета

Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги.

Ги лажеше граѓаните за името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобра преговарачка позиција со Европската Унија, ги лажеше дека македонскиот јазик и идентитет се загрозени, ги излажа дека ќе донесе економски просперитет, подобар животен стандард, поголеми странски инвестиции.

Сега се потврди уште една лага, ги излажа граѓаните и за реформската агенда.

Иако доби дополнително време за исполнување на обврските, не успеа да реализира ниту мал дел. Од 10 клучни закони предвидени во Реформската агенда донесени се само 2, што значи процент на реализација од едвај 20%.

Ова е свесно и систематско одложување.

Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни.

Реформите значат владеење на правото, независни институции, силна борба против корупцијата и европски правила што не дозволуваат злоупотреба на јавните пари преку криминални тендери.

Тоа би значело крај за неговата криминална заштита и одговорност за сите афери, долгови, тендери.

Затоа Македонија стои во место, додека Црна Гора и Албанија напредуваат кон Европската Унија.

Доста е со лаги.

Реформи сега.

Европа сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала.

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

По преземени мерки било констатирано дека М.К. била под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 09:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ќ.Б. (71) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 17:35 часот во Полициско одделение Ранковце било пријавено дека Д.Т. од село во општина Ранковце физички ја нападнал неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 во 21:27 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е Ф.А.(58) од Дебар кој претходно, во семејниот дом бил агресивен кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 24-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во 00:05 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода И.К.(50) од Пехчево по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(42) од Скопје, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен чичко и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата сопруга Н.Ѓ.(42) фрлила кон него остар предмет и му нанела расекотина во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 околу 10:30 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека ул.„Јадранска Магистрала“ додека се движеле со возило била физички нападната од нејзиниот партнер А.Р. од Косово. Исто така и А.Р. пријави дека бил физички нападнат од неговата партнерка Н.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро

На плажа на Дојранското Езеро пронајдена е артилериска граната од Првата светска војна.

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 kg, на брегот на Дојранското Езеро.

Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица" М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва во Античкиот театар се отвора 66. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, вечерва во 21 часот на сцената на Античкиот театар ќе биде отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето.

Вечерва во Античкиот театар се отвора 66. издание на фестивалот „Охридско лето“

Во рамките на 40-дневната програма ќе бидат реализирани 50-ина музички и сценски настани од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји. Новина во годинешната програма се концертите на џез-музика, што ќе се одржат од 13 до 16 август на сцените „Долни Сарај“ и „Света Софија“, со настап на врвни музичари од САД, Гана, Велика Британија, Холандија, Германија и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер