СДСМ: Со закани градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Трпковски нема да не замолчи - Канал 5

СДСМ: Со закани градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Трпковски нема да не замолчи

Граѓаните ја заслужуваат вистината и ќе продолжиме да бидеме гласни.

СДСМ: Со закани градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Трпковски нема да не замолчи

Погоден од споделените информации во јавност на последната прес конференција на Општинската организација на СДСМ Сопиште, градоначалникот на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски, поаѓајќи од редовната пракса за време на режимот чиј претставник е, преку својот адвокат побара јавно повлекување на изнесените информации и се закани со судска постапка.

Општинската организација на СДСМ Сопиште нема намера да се извини ниту пак да повлече повлече изнесените наводи, бидејќи станува збор за вистина, ставови базирани на постоечки, релевантен документ кој е предложен, ставен на гласање пред Советот на Општината и изгласан.

Од вистината нема бегање и Трпковски треба да знае дека со закани нема да не замолчи. Граѓаните ја заслужуваат вистината и СДСМ ќе продолжи да зборува гласно и вистинито како и досега.

Во документот, Меморандум за соработка помеѓу Општина Сопиште и Здружението за заштита и унапредување на животната средина ЕКО ГРАНД од Скопје, прецизно е наведено дека цитираме: „Спортските терени во населено место Сопиште, Општина Сопиште, со потпишување на овој меморандум ќе ги управува и користи Здружение за заштита и унапредвање на животната средина ЕКО ГРАНД Скопје", при што е дадена можност (цитираме) „за закажување на термини за користење од страна на физички или правни лица, а за услугата која ќе се дава на корисниците ќе можат да уплатат износ во облик на донација" (затворам цитат) на определена жиро сметка на име на Здружението.

Притоа, никаде во документот не е наведено дека терените ќе можат да ги користат жителите на Сопиште без надокнада. Оттука и сметаме дека ова е штетен договор за жителите на Општина Сопиште кои треба да бидат запознаени со намерите на градоначалникот во врска со спортскиот простор наменет за користење од сите граѓани на Сопиште за спортување, рекреирање и за натпреварување.

Граѓанинот е на прво место, а грижата за него е наш приоритет. Во случајот, наша обврска е да споделиме со нашите сограѓани дека градоначалникот овој документ со ЕКО ГРАНД го склучува (цитираме): „во времетраење од 4 години со можност за повторно продолжување и давање предност на Здружениот ЕКО ГРАНД доколку има и други субјекти заинтересирани за спортските терени" (затворам цитат).

Во документот стои дека Здружението ќе ги управува и користи спортските терени без никаква надокнада кон Општината, а Општината како локална самоуправа ќе може да ги користи терените за трибини, состаноци, изложби или согласно општинската програма за спорт.

И како да не е дозволно ова фаворизирање, па во документот стои дека доколку дојде до предвремено одземање на спортските терени порано од предвидените 4 години, (цитираме): „Општина Сопиште се обврзува да исплати надомест на Здружението за инвестираните средства за одржување и уредување на просторот, како и исполнување на сите договорени обврски", додавајќи дека дополнување на овој Меморандум ќе се оствари преку анекс.

Градоначалникот Трпковски е носител на јавна функција, а сето изнесено се цитирани делови од склучениот Меморандум, односно чиста вистина.

Оттука, ОО СДСМ Сопиште цврсто стои на ставот дека нашите сограѓани и тоа како имаат право да знаат што им се подготвува од општинската власт и што градоначалникот има намера да протне на мала врата, на штета на Сопиштани! Станува збор за јавен интерес! Доколку, сепак, вистината изнесена на виделина не му одговара на градоначалникот, нека нѐ демантира со поништување на склучениот договор, во корист на жителите на Општина Сопиште.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин во обраќањето: Не можеме да бидеме сигурни дека нема да се користи нуклеарно оружје(ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се обраќа на годишниот форум на Валдај клубот, каде што се очекува да ги изнесе своите најнови ставови за војната и односите со Западот.

Путин во обраќањето: Не можеме да бидеме сигурни дека нема да се користи нуклеарно оружје(ВИДЕО)

Путин последен пат се појави во јавноста вчера, кога се обрати пред новоизбраниот руски парламент во Москва и повика на континуирана поддршка за воените напори. Тој им порача на политичарите да го дадат приоритет на зајакнувањето на одбранбените капацитети на Русија и да им дадат поддршка на војниците и нивните семејства, објави Скај Њуз.

Тој, исто така, ги пофали војниците и ветераните и ги повтори претензии на Русија кон окупираните украински територии.

„На Запад, ни ставија до знаење дека нема место за нас“

Кога го прашаа дали жали за фактот што Русија се обиде да се интегрира во системот на западните земји на почетокот на 2000-тите, Путин одговори: „Русија предложи соработка и направи сè за да ја постигне, но на Запад јасно ставија до знаење дека нема место за нас таму. Во исто време, тие продолжија агресивно да „удираат“ и да „се обидуваат да ги одгризат“ деловите од Русија.“

Тој се осврна на запленувањето на руски бродови. „Русија се залага за слобода на навигација и се спротивставува на сите ограничувања. Нема потреба да се создаваат нови правила, тие веќе постојат и само треба да се почитуваат“, нагласи тој.

Политикологот Сергеј Караганов му рече на Путин дека наскоро ќе се постави прашањето: „Дали треба да се вклучиме во реконструкцијата на ослободените територии или да развиваме други делови од земјата, особено Сибир?“

„Русија ќе мора да го обнови животот во ослободените региони, како и да го развие животот во други региони. Потребно е да се направи сè за луѓето на ослободените територии да го достигнат просечното ниво на животен стандард во Русија. Генерално, успеваме во ова на Крим и Донбас. Ќе одлучиме што треба да се обнови и кои компании да се преместат врз основа на економски фактори“, најави тој.

YouTube video

„Мора да имаме предвид од каде доаѓаат испораките на воена опрема за Украинците“

Модераторот потсети дека пред неколку недели руското Министерство за одбрана објави список на европски компании од кои пристигнуваат испораки на воена опрема во Киев. Тој тврди дека еден ден можеби ќе биде потребно да се нападнат.

„Дали ова може да се смета за причина за повикување на Член 5 од Повелбата на НАТО? Дали Русија е подготвена за ова?“, праша модераторот.

„Што се однесува до компаниите што снабдуваат вакви производи, Русија мора да ги има предвид и да знае од каде доаѓаат сите овие испораки“, одговори Путин.

„Ние не се плашиме од никого“

Продолжувајќи да одговара на прашања во Москва, Владимир Путин се осврна на растечките тензии околу Калининград.

Потсетете се дека Русија го предупреди НАТО дека ќе биде подготвена да прибегне кон нуклеарно оружје како одговор на секој обид за изолирање на балтичката енклава.

Рускиот лидер вели дека секој потег против територијата би бил „вистинска ескалација“, повторувајќи ги позициите што претходно ги изразија руските претставници. „Ние не плашиме никого“, тврди тој потоа, бранејќи ја реакцијата на својата земја.

„Изјавата на министерот за надворешни работи и писмата испратени до некои земји не се закана, туку одговор на обидите да ни се закануваат“, тврди Путин.

„Доколку има директен напад врз Русија - тука мислам на Калининград, но можеби и на други територии - тогаш, секако, прашањето за користење на целото оружје што нашата земја го има на располагање неизбежно и веднаш ќе биде на дневен ред. Тоа е неизбежно“, предупреди тој.

„Не можеме да бидеме сигурни дека нема да се користи нуклеарно оружје“

Владимир Путин предупредува дека е невозможно да се исклучи можноста за употреба на оружје за масовно уништување и нагласува дека е потребно да се спречи такво сценарио. Тој вели дека ескалацијата „нè турка до работ на бездната“.

„Водечките земји во светот во моментов имаат оружје што може да го уништи целиот живот или барем да го отвори патот за катастрофални последици“, рече тој.

„Можеме ли да бидеме сигурни дека тоа оружје никогаш нема да се користи? За жал, не можеме да бидеме сигурни“, истакна тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството побара газда Деко да остане во притвор, претходно понуди 200.000 евра гаранција

Доцна попладнево до Кривичниот суд  од Обвинителстворо е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов- Деко, сопственикот на „Пулс“.

Обвинителството побара газда Деко да остане во притвор, претходно понуди 200.000 евра гаранција

Доцна попладнево до Кривичниот суд од Обвинителстворо е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани, по истиот ќе се постапува во текот на утрешниот ден, информираат од Кривичниот суд во Скопје.

Првообвинетиот сопственик на Пулс, Дејан Јованов Деко, на денешното рочиште беше спроведен од притвор. Од 3 октомври тој требаше да се брани од слобода со оглед на тоа што истекува законскиот рок од една година за определување притвор, а Обвинителството може да побара поблаги мерки за да го обезбеди неговото присуство. Во меѓувреме неговата одбрана понуди 200 илјади евра гаранција, а Обвинителството се уште не дало мислење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно е хоспитализирана Тереза Кесовија- пејачката е во тешка состојба

Откако нејзиниот концерт беше откажан, пејачката Тереза ​​Кесовија беше примена во болница поради ненадејни срцеви проблеми.

Итно е хоспитализирана Тереза Кесовија- пејачката е во тешка состојба

Поради влошената здравствена состојба и експлицитните упатства на стручниот медицински тим, пејачката беше принудена да одложи два големи самостојни концерти во загрепската сала „Ватрослав Лисински“, кои беа закажани за 3 и 4 октомври, пренесе Телеграф.

Според достапните информации и извори блиски до Тереза ​​Кесовија, нејзината здравствена состојба во моментов не е опасна по живот, но лекарите процениле дека е потребно таа да остане под постојан медицински надзор за да може ситуацијата целосно да се стабилизира.

Беше нагласено дека хоспитализацијата не е само превентивна мерка, туку дека навистина се појавиле срцеви проблеми кои бараат болничко лекување.

Пред да оди во болница, Тереза ​​се обрати до својата публика преку својот официјален Инстаграм профил и им испрати емотивна порака:

- Драги мои, знам колку сите со нетрпение ги очекувавме претстојните концерти во Лисински, но поради неочекувани срцеви проблеми и експресните упатства од стручниот медицински тим, морам да ја одложам нашата средба и да го послушам моето срце, но овој пат на малку поинаков начин и да му дадам време да се опорави“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер