СДСМ: Што му велат анкетите на Мицкоски? Дали Филков да ги прати документите за екстрадиција на Груевски или не? - Канал 5

СДСМ: Што му велат анкетите на Мицкоски? Дали Филков да ги прати документите за екстрадиција на Груевски или не?

Граѓаните со денови бараат јасен одговор од Министерството за правда и од Христијан Мицкоски: Дали се испратени барањето и документите за екстрадиција на Никола Груевски?

СДСМ: Што му велат анкетите на Мицкоски? Дали Филков да ги прати документите за екстрадиција на Груевски или не?

Додека ЗНАМ тотално се распаѓа, а Мицкоски веќе го стави Филип Филков на листата за смена по реконструкцијата на владата, граѓаните заслужуваат да знаат:

Кој е вистинскиот налог што Мицкоски му го дал на Филков?

Дали да го штити Груевски или да го апси?

Што покажуваат анкетите што Мицкоски ги нарачал? Дали е подобро Груевски да биде уапсен или повторно да му се дозволи да побегне?

Мицкоски очигледно се двоуми и калкулира.

Еден дел од ВМРО е против апсењето на поранешниот претседател на партијата.

Друг дел, сепак, откажува послушност – како градоначалникот на Карпош Сотир, кој јасно гледа дека наскоро ќе почнат истраги во Унгарија кои директно ќе водат до Мицкоски и неговата криминална група.

Исто како што пратеници и советници од ЗНАМ масовно ја напуштаат партијата основана од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски – луѓето во ЗНАМ и во ВМРО-ОКГ не сакаат повеќе да бидат соучесници во криминалот на Мицкоски и неговата криминална група.

Мицкоски ја блокира екстрадицијата на Груевски, со тоа го штити не само Груевски, туку и себе си и својата криминална мрежа.

СДСМ јасно порачува: Доста со игрите и со заштитата на криминалците!

Граѓаните бараат јасен и недвосмислен одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени? Или Мицкоски по секоја цена ја штити криминалната банда?

Нема повеќе да дозволиме државата да се користи како штит за криминалци и бегалци.

Европска Македонија или криминална изолација, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија ја продолжи забраната за извоз на гориво

Русија ја продолжи забраната за извоз на дизел за производителите до крајот на август, што укажува дека нејзин приоритет е снабдување на домашниот пазар до крајот на сезоната на жетва.

Русија ја продолжи забраната за извоз на гориво

На крајот на јануари, владата им забрани на трговците да извезуваат дизел, а пред две недели ја продолжи забраната за производителите до крајот на јули, нагласувајќи дека нејзин приоритет е снабдување на домашниот пазар во време на жетва, со намалени капацитети за преработка поради украинските напади.

Вчера тие ја продолжија забраната за извоз за производителите до крајот на август. Испораките на морски горива и гасно масло се забранети, исто така до крајот на летото.

Забраната за извоз на бензин ќе важи до крајот на јануари следната година.

Вчера владата објави и посебна регулатива за дополнителни количини гориво за земјоделците.

Специјални договори за земјоделците

„За таа цел, одобрена е привремена постапка, која ќе биде во сила до 1 ноември, за договори меѓу Министерството за енергетика, Министерството за земјоделство, регионалните власти и нафтените компании за снабдување со бензин и дизел гориво на земјоделските производители“, објави владата.

Овие договори ќе обезбедат редовно снабдување со гориво за земјоделските компании, што е особено важно за време на сезонската работа во земјоделството, додадоа тие.

Руската влада, пак, објави посебен декрет.

Бензинот и дизел горивото ќе продолжат да се снабдуваат како дел од меѓународната хуманитарна помош за странски земји врз основа на одлуките на руската влада, се вели во соопштението.

Извозот е дозволен според меѓувладини договори

Новиот декрет, исто така, им овозможува на производителите да ги извезуваат овие нафтени производи според меѓувладини договори. Москва досега склучила вакви договори со членовите на Евроазиската економска унија - Белорусија, Киргистан, Казахстан и Ерменија - како и со Монголија и Узбекистан.

Киргистан се согласи со Русија да испорачува 100.000 тони гориво месечно до крајот на годината, објави Ројтерс во петокот извештаи од киргистанските медиуми, кои се повикуваат на зборовите на првиот заменик-премиер Данијар Амангелдиев.

На почетокот на јуни, Русија, исто така, го забрани извозот на керозин до крајот на ноември оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазик

Денеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. 

Мицкоски: Денеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазик

Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август 2026 година и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина.

Македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата култура и најсилната врска што не обединува, без разлика каде живееме. Затоа, особено е важно најмладите да го негуваат мајчиниот јазик и да ја продолжат љубовта кон Македонија.

На сите учесници им посакувам успешна недела исполнета со нови знаења, пријателства и убави спомени од Охрид, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија воведува строги казни- 500 евра за шетање низ град без маица

Во популарното италијанско одморалиште Кавалино-Трепорти, ова лето има забрана за костими за капење надвор од плажа. 

Италија воведува строги казни- 500 евра за шетање низ град без маица

Оние кои шетаат по улиците и плоштадите во бикини или без кошула ризикуваат казна, а локалната полиција веќе започна со проверки кои ќе траат целото лето.

Според италијанската агенција Анса, локалната полиција веќе издала десетина казни во износ од 50 евра. Пешаците се казнуваат, како и луѓето кои возат велосипеди или електрични тротинети.

Градоначалничката Роберта Несто ги најави зголемените контроли на социјалните мрежи со јасна порака: „Улиците не се плажа“. Според градската уредба, казните можат да се движат од 25 до дури 500 евра.

Целта е да се почитува локалната заедница

Општината истакнува дека целта на оваа мерка не е да им се отежни одморот на туристите, туку да се поттикне меѓусебното почитување. Тие потсетуваат дека Кавалино-Трепорти е популарна туристичка дестинација, но и место каде што луѓето живеат и работат преку целата година.

За да се избегнат какви било непријатни изненадувања, општината, во соработка со туристичкиот сектор, ги извести хотелите, камповите и другите сместувачки капацитети пред почетокот на инспекциите. Така, гостите се запознаваат со кодексот на облекување по пристигнувањето.

Правилата важат за сите

Градоначалникот нагласи дека истите правила важат за сите. Иако повремено може да се слушнат тврдења дека странските туристи не плаќаат казни, општината тврди дека официјалните податоци покажуваат спротивното. Според нив, локалното население, домашните туристи и странските гости се третираат подеднакво.

Кавалино-Трепорти не е единственото место со вакви правила во Италија. Носењето костими за капење надвор од плажата е забрането и во други одморалишта на италијанскиот брег, вклучувајќи ги Каорле и Ераклеа Маре. Построги контроли се спроведуваат и во Венеција, каде што на овој начин се обидуваат да го зачуваат изгледот на градот и соодветното однесување на јавните површини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер