СДСМ: Штетите врз земјоделците се огромни по суспензијата на ИПАРД, власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски - Канал 5

СДСМ: Штетите врз земјоделците се огромни по суспензијата на ИПАРД, власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста.

СДСМ: Штетите врз земјоделците се огромни по суспензијата на ИПАРД, власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за секој проект. Ова значи дека сите оние кои досега веќе започнале со инвестицијата веќе вложиле свои средства или средства од кредити за половина инвестиција а сега остантите 50% заради корупцијата на власта нема да им бидат исплатени и не се знае кога и дали ќе бидат воопшто исплатени.

Прво прашање што мора да го одговори итно власта е: Колку корисници веќе имаат потпишано договори и имаат вложено свои средства? Што ќе преземе владата за да ги заштити овие луѓе бидјеќи е јасно дека заради корупцијата на луѓето на Трипуновски и Мицкокси тие се оштетени?

За на јавноста да и биде јасно, ваквите суспензии може да траат две до три години а прашање е дали воопшто ИПАРД програмата по ваков скандал ќе продолжи. Ова е страшен удар за македонското земјоделство и развојот на државата! Ова е срам нанесен во европкските институции и на меѓународната сцена.

Само за потсетување, во периодот од седум години кога СДСМ ја водеше програмата, ИПАРД беше „најуспешната приказна во државата“ со 2.369 реализирани инвестиции и целосна искористеност на европските средства.

Ова што денес се случува на секое поле е резултат на партизација, клиентелизам и злоупотреби за кои од првиот ден зборуваме. Сѐ што ДПМНЕ ветуваше како поддршка за земјоделството, сега се претвора во неизвесност и ризик.

СДСМ бара:

- Итно објавување на сите документи и извештаи поврзани со програмата IPARD, бројот на корисници и извештај за ризикот кој е настанат како резултат на корупцијата.

- Итна оставка од Трипуновски и сите назначени лица кои биле дел од овој процес кои може да бидат компромитирани.

Јасно е дека корупцијата е длабоко влезена во целиот систем и мора одговорност да има од сите инволвирани.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖ

Во однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. 

МЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖ

Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава.

Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза.

Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи.

Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции.

Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се соблече „српската Шакира“

„Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.

Фото: Се соблече „српската Шакира“

Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор.

Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план.

Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе.

Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано.

Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Арамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. 

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија.

БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот.

Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион.

Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна.

Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада.

Не тој.

Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста.

Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез.

Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада.

Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде.

Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши.

Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор.

Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз.

А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење.

Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна.

Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси.

Скопје, 06.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер