СДСМ: СДСМ презема навремени и сериозни економски мерки за спас на работните места, одобрена финансиска поддршка за исплата на плати за над 21.500 компании

Владата, предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места, а во подготовка е нов сет мерки, насочени кон реконструирање и заживување на македонската економија.

Досега се одобрени 21.542 барања од компании за поддршка за исплата на плати од 14.500 по вработен. Најголем интерес за оваа мерка покажаа компаниите од секторите, кои се најпогодени со кризата и тоа 2.377 фирми што се занимаваат со угостителска дејност и 2.177 компании од областа на транспортот. Оваа мерка ја искористија и 2.164 физички лица кои вршат самостојна дејност.

Важно е да се напомене дека фирмите коишто ќе ја користат мерката помош од 14.500 денари по вработен, нема да треба да ја вратат финансиската поддршка, дури и ако остварат добивка, доколку истата сума ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година.

Речиси 600 компании ја користат мерката за субвенционирање на 50 % од придонесите за задолжително социјално осигурување, а 747 фирми ги исполниле условите да ја користат мерката за ослободување од плаќање на аконтации од данок на добивка.

Кредити од линијата Ковид 1 досега се одобрени за 631 компанија, а за втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, за која пријавувањето е во тек, се примени 2.400 апликации.

Мерките за поддршка на економијата даваат резултати. Тоа го покажуваат и проекциите на Светската Банка според кои Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар во однос на сите земји во регионот.

СДСМ посветено ќе продолжи со поддршка на фирмите и граѓаните, со што се поставуваат темелите за брзо интензивирање на економијата кога ќе заврши кризата.

Центар за комуникации со јавноста

Бербок повика на брзо прифаќање во ЕУ на земјите кандидати за членство од Западен Балкан

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок повика на брзо прифаќање во Европската унија на земјите кандидати од Западен Балкан по повод прославата на 20-годишнината од проширувањето на Европската унија со десет земји во 2004 година.

-Политичките и географските „сиви зони“ на Балканот или во источниот дел на ЕУ се крајно опасни. Не можеме да си дозволиме такви „сиви зони“, бидејќи за (рускиот претседател Владимир) Путин тие се покана за интервенција, за дестабилизација, напиша Бербок во авторскиот текст објавен по повод годишнината.

ЕУ го заостри визниот режим со Етиопија поради „несоработка“ во реадмисијата на азиланти

Советот на ЕУ денеска реши времено да суспендира одредени одредби од одлуката со кој се регулира издавањето визи за државјаните на Етиопија.  

Со денешната одлука се укинува ослободувањето од обврската за поднесување на доказите што треба да ги достават апликантите за виза, се забранува издавањето на повеќекратни визи и се укинува ослободувањето од обврската за плаќање визната такса за имателите на дипломатски и службени пасоши.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, рокот за одговор на поднесената апликација за виза се продолжува од досегашните 15 на 45 календарски дена.

Ваквата одлука на Советот на ЕУ е донесена врз основа на оценката на Еврокомисијата дека „соработката на Етиопија на полето на реадмисија на нејзините државјани кои илегално престојуваат во ЕУ е недоволна“.

Според ЕК, има недостиг на одговори од страна на етиопските власти во однос на барањата за реадмисија и постојат потешкотии со издавањето на итни патни документи и со организација на враќањето на одбиените баратели на азил.

Одлуката за суспензија е привремена, но нема конкретен краен рок на нејзината важност, туку тој ќе зависи од понатамошната оценка на Комисијата за постигнатиот напредок во соработката за реадмисија од страна на Етиопија.

Европската комисија редовно ја оценува соработката на трети земји во процесот на реадмисија на илегалните мигранти и одбиените баратели на азил. Врз основа на овие оценки, ЕК може да заклучи дека соработката на одредена трета земја при реадмисијата е „недоволна“ и може да ја суспендира одлуката за визна либерализација или да го заостри постојниот режим за издавање визи.

Во случајот на Етиопија, Еврокомисијата процени дека има „особено ниска стапка на реадмисија“ и се издадени мал бројот на патни документи врз основа на барањата за враќање на етиопските државјани во нивната матична земји, што во целост е оценето како „ниско ниво на соработка“. /МИА

Иран ги отфрли шпекулациите дека соработува со Северна Кореја во врска со нуклеарни прашања

Иранското Министерство за надворешни работи денеска по пристигнувањето на севернокорејската деловна делегација во Техеран, ги отфрли шпекулациите за соработка со Пјонгјанг во врска со нуклеарни прашања.

„Делегацијата, предводена од министерот за надворешни економски односи Јун Јонг Хо, отпатува во иранската престолнина минатата недела на економска конференција. Секоја поврзаност со соработка за нуклеарни прашања е „неоснована“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.

Во Јужна Кореја имаше шпекулации дека за време на посетата може да се разговара за воена соработка меѓу Северна Кореја и Иран.

Двете земји - и двете се соочија со строги меѓународни санкции и изолација на дипломатската сцена поради нивните нуклеарни активности - постојано беа обвинувани за активна соработка, особено во областа на ракетната технологија.

Контроверзната иранска нуклеарна програма е предмет на обновен интерес во последните месеци по избувнувањето на војната во Газа. /МИА

притисни ентер