СДСМ: Проектите во Скопје стојат заради бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник

Цела година Скопје стои во место поради лични и бизнис интереси на шпицниот градоначалник и ВМРО-ДПМНЕ.

По 11 месеци локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, повеќе од јасно е дека приоритет им биле тендерите и личните интереси, а решавањето на проблемите на граѓаните на последно место.

Наместо за скопјани, се правеле планови за тендери, провизии, влијанија. На крајот кога очигледно не можеле да се договорот јавно се скараа.

Резултат од нивните кавги се стопирани проекти и негрижа за скопјани.

Проектот БРТ за брзиот автобуски транспорт во Скопје не се реализира, иако за него има одобрени средства.

Недоправена стои Универзалната сала, иако за реконструкцијата има одобрено средства.

Нема напредок ниту кај клучката во Момин Поток, не се гради мостот на Љубљанска, не е пуштен мостот што ги поврзува Аеродром и Керамидница, ниту улицата Есенинова.

Заглавена е пречистителната станица за која во ВМРО-ДПМНЕ расправаат околу провизиите за тендерот во вредност од 136 милиони евра.

Нема ниту нови автобуси, за кои Христијан Мицкоски како шпицен градоначалник јавно се пофати дека ги договарал.

И ред други проекти и ветувања во Град Скопје стојат, се откажуваат и не се реализираат.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Арсовска, и ги собираше потписите, заедно тераа кампања и ветуваа проекти пред Скопјани.

Сега ја знаеме причината зотшо ништо не е релиаизрано - локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимава со решавање на проблемите на граѓаните, се занимава со тендери и лични интереси.

Ги повикуваме Мицкоски и градоначалничката Арсовска да ги исполнат обврските што ги презеле пред граѓаните или да излезат и им се извинат за тоа што ги излажаа на локалните избори во 2021 година.

Прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје

СДСМ

Индонезија го усвои контроверзниот нов кривичен законик со кој се забранува вонбрачен секс

Парламентот на Индонезија го усвои контроверзниот нов кривичен законик со кој се забранува вонбрачен секс.

Парламентот на Индонезија денеска ги усвои законските измени со кои се забранува вонбрачен секс и се воведуваат други важни измени во кривичниот законик на земјата. Забраната за вонбрачен секс се однесува како на локалното население, така и на странците.

Според новиот закон, родителите или децата ќе можат да пријават невенчани парови во полиција доколку се сомневаат дека имаат секс – нешто што критичарите велат дека е дело на полицијата за морал и може да се искористи и за таргетирање на членовите на ЛГБТК заедницата.

Сексот пред брак не беше незаконски во Индонезија пред да се донесе законот, иако прељубата беше. И вонбрачниот секс и прељубата ќе се казнуваат со затворска казна до една година или парична казна.

Според новите текстови, казни се изрекуваат и за навреда на претседателот на државата. Навредата на шефот на државата може да резултира со тригодишна затворска казна.

Заменикот-претседател на парламентот Суфми Даско Ахмад ги прогласи за усвоени новите текстови, кои беа изгласани од пратениците на пленарната седница на парламентот, но критичарите велат дека тие ги поткопуваат граѓанските слободи во оваа претежно муслиманска земја.

Поддржувачите на законските измени во парламентот го поздравија нивното донесување откако беа потребни децении да се договорат.

Новиот кривичен законик, кој денеска беше едногласно одобрен од парламентот, ја заменува законската рамка што беше во употреба од независноста во 1946 година и беше мешавина од холандскиот закон, обичајното право познато како хукум адат и модерното индонезиско право.

– Се потрудивме да ги прифатиме важните прашања и различните мислења за кои се дебатираше. Сепак, време е да донесеме историска одлука за измена на Кривичниот законик и да го оставиме колонијалниот кривичен законик што го наследивме зад себе, изјави од говорницата пред гласањето Јасона Лаоли, министер за право и човекови права, пред парламентот пред гласањето.

Планираниот законик предизвика протести на национално ниво предводени од студенти кога беше објавен целосниот нацрт во септември 2019 година, поради стравувањата дека ќе ги намали личните слободи. Најмалку 300 луѓе беа повредени во немирите, кои исто така беа поттикнати од загриженоста дека новите закони ќе ја поткопаат борбата против корупцијата.

Новиот кодекс сепак мора да биде потпишан од претседателот, според заменикот-министер за право и човекови права Едвард Хиариеј. Исто така, нема да се применува веднаш, а се очекува преминот од стариот во новиот да трае најмногу три години.

Стевчо Јакимовски и Павле Трајанов во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Стевчо Јакимовски и Павле Трајанов

Дебата „Енергетска криза и решенија за иднината“

Дебатата на тема „Енергетска криза и решенија за иднината“ денеска ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје во организација на Францускиот институт во Скопје.

На дебатата, според најавите од организаторот, експертите ќе дебатираат на темата кои се решенијата за поефикасна енергетска иднина со кои би се намалил ударот врз климата и животната средина и дали и во која мера обновливите енергии можат трајно да ги заменат фосилните горива.

-Светот и Европа се соочуваат со голема енергетска криза наспроти која се принудени да започнат со транзиција за да ги сопрат погубните последици од глобалното затоплување, велат организаторите на настанот.

Дебатата ќе ја отвори Иго Бештел, советник за култура и соработка и директор на Францускиот институт во Скопје, а учество ќе земат Михаела Жиртан, професорка на Универзитетот во Анже и експерт за обновливи енергии, Антон Чаушевски, професор на ФЕИТ, Ристо Филкоски, професор на Машинскиот факултет во Скопје и стручен советник на НВО „Центар за климатски промени“ и Виктор Андонов, советник за енергетски прашања во Владата. Модераторка на дебатата ќе биде Мила Јовановска, претседателка на НВО „Биди зелен“.

притисни ентер