СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО: Репресија и политички прогон - Канал 5

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО: Репресија и политички прогон

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон.

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО: Репресија и политички прогон

По Декретот и забраната на слободата на говорот, сега сакаат да апсат. Се обидуваат да ја запрат борбата на СДСМ против криминалот и корупцијата на ВМРО и ЗНАМ, да ја замолчат опозицијата.

Прва фаза, обвини ја СДСМ и нападни ја од надвор со лажни вести и од внатре. Втора фаза, забрана на говор. Трета фаза: репресија и политички прогон.

Copy-paste сценарио по рецепт на СНС.

Целта е јасна – заштита на криминалците во власта од кривична одговорност за скандалите со тендери кои секојдневно ги објавува СДСМ.

Како што беа 161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други.

Затоа:

-Власта ги заби канџите и презеде целосна контрола врз судството и обвинителството.

-Се води акција за медиумски напад врз СДСМ, постојано и секојдневно се бомбардира јавноста со лажни вести од кујните на ВМРО.

-Има координирана операција за уривање на СДСМ од внатре, преку поединци како Деспотовски и синхронизирани текстови на Героски за јавно напаѓање на партијата.

-И затоа се исплаќаат рати кон ЗНАМ за предавничка Резолуција преку тендери.

Сега на сите им е јасно. Политичкиот прогон, репресијата и нарачаните судски пресуди се последни подготовки пред изборите наредната година и носењето мигранти.

СДСМ нема запре, борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ продолжува!

Сите ќе одговарате!

Работата не е завршена!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфантино го прекина молкот: Нема да толерираме напади, имаме поддршка!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, преку својот профил на Инстаграм и преку официјално соопштение ја информираше јавноста за деталите од вонредниот состанок што го свика во Мароко со највисокото раководство на ФИФА. 

Инфантино го прекина молкот: Нема да толерираме напади, имаме поддршка!

Имено, Инфантино тврди дека добил поддршка од челниците на ФИФА во својство на претседател и дека се преземени чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со организацијата. Инфантино упати и предупредување – иако не именуваше никого конкретно – нагласувајќи дека ФИФА нема да толерира напади врз својот интегритет и дека ќе ги преземе сите мерки за заштита на својот углед.

– Денес, присутните членови на Управниот одбор на ФИФА ги презедоа неопходните чекори за зајакнување на довербата во системот на управување и раководење со ФИФА, како и за да се осигури дека ФИФА, нејзината мисија и одговорноста кон светскиот фудбал ќе продолжат целосно да се остваруваат, давајќи ми поддршка мене како претседател на ФИФА, но и на администрацијата предводена од генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром.

- Цврсто веруваме дека заклучоците од денешниот состанок дополнително ќе го зајакнат управувањето со ФИФА, ќе помогнат да се врати довербата во организацијата и ќе ни овозможат обединето и транспарентно да се подготвиме за големите настани и предизвици што претстојат, додека ја продолжуваме нашата мисија за развој на фудбалот низ целиот свет.

- Исто така, се согласивме дека ФИФА нема да толерира никакви напади врз својот интегритет и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својата репутација.

- Во исто време, ФИФА тесно ќе соработува со сите релевантни чинители за да разгледа како може дополнително да го поддржи развојот на фудбалот преку програмата „FIFA Forward“, за доброто на сите 211 членки на ФИФА, конфедерации и регионални фудбалски асоцијации – изјави Џани Инфантино.

Инаку, Џани Инфантино се најде на удар на критики од голем број конфедерации – УЕФА, АФЦ, КОНКАКАФ, како и од многу национални асоцијации, кој му ја ускратија довербата.

Инфантино почна да ја губи поддршката по преседанот кога ФИФА, за време на Светското првенство, го „избриша“ црвениот картон на Фоларин Балогун за осминафиналето, по барањето на Доналд Трамп.

Потоа, тој дојде до идеја да ги продаде правата за Светското првенство на приватен инвеститор, со што ја загуби поддршката од многу конфедерации, како и од бројни национални сојузи.

Во последните недели, УЕФА е еден од главните критичари на Инфантино, а претседателот Александар Чеферин дури и не се појави на финалето на Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство.

ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица.

ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара одговорност од Министерството за здравство. Наместо решение, денес гледаме повторување на истиот срам.

За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите.

ЛДП бара:

- Итно обезбедување на целата неопходна терапија;

- Целосна јавна информација за причините за недостигот;

- Утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст;

- План со кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори.

Држава која што не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството. За онколошките пациенти нема втор обид. Секој изгубен ден може да чини човечки живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труе

Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август.

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труе

Трујат луѓе со месеци.

Епидемија на жолтица.

Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели.

Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“?

Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна.

За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени.

Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“.

Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата.

А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа.

Власта си игра со животите на луѓето.

Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово.

Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози како што објави ТВ 24.

Мицкоски труе народ.

Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат.

Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер