СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие? - Канал 5

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош.

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Осум недели нема извештај за водата.

Нема одговори. Нема одговорност.

Осум недели институциите молчат.

Зошто не се објавува извештајот за водата?

Што се крие од граѓаните?

Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата.

Четири реки беа загадени, како и локални извори од кои граѓаните користат вода.

Станува збор за прашање кое директно го засега здравјето на илјадници граѓани.

Зошто осум недели јавноста, граѓаните не ги добиваат одговорите?

Што крие Мицкоски?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

39- годишник од Дебар возел со 2,98 промили алкохол во крвта, уапсен е

На 04.09.2026 год. во 17 часот, на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, лишен од слобода е С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше. 

39- годишник од Дебар возел со 2,98 промили алкохол во крвта, уапсен е

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Форд“ со дебарски регистарски ознаки кое, тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,98 промили алкохол во крвта.

Тој, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобзирно управување со моторно возило“, соопшќтуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макро од Турција е уапсен во Охрид

Турчин од Истанбул во Охрид врбувал,  поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција. 

Макро од Турција е уапсен во Охрид

На 03.09.2026 година во 11 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е Р.К.(24) од Истанбул, Република Турција. Тој, се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција.

По целосно расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат – продолжуваме со уште поголема динамика

Растот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења.

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат – продолжуваме со уште поголема динамика

Растот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира во пост на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст на БДП во вториот квартал годинава.

Министерката посочува дека економските политики и во следниот период ќе бидат насочени кон инвестиции, капитални проекти, поддршка на приватниот сектор и одговорно управување со јавните финансии.

„Од раст од 1,6% во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3%. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила. Дали е ова доволно? Не е. Но, податоците покажуваат дека политиките што ги водиме и насоката што ја избравме даваат резултати и дека треба да продолжиме уште посилно и со уште поголема динамика“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Податоците за структурата на БДП покажуваат дека растот има широка основа. Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемени за 16,5%, извозот на стоки и услуги за 10,4%, а градежништвото бележи раст од 21,9%. Позитивни движења се регистрирани и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и угостителството, а растот е поддржан и од домашната потрошувачка.

Резултатот добива дополнително значење имајќи предвид дека е остварен во услови на умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Растот од 4,3% е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%.

„Нашата политика е јасна – повеќе инвестиции и капитални проекти, силна поддршка на приватниот сектор, подобро и попредвидливо деловно окружување и одговорно управување со јавните финансии. Ќе продолжиме да инвестираме, да ги реализираме капиталните проекти, да создаваме услови за домашни и странски инвестиции и да го поддржуваме стопанството. Ќе продолжиме со реформите што треба да ја направат македонската економија посилна, поконкурентна и поотпорна“, потенцира министерката за финансии.

Таа додава дека економските резултати не се создаваат преку ноќ и дека за повисок и одржлив раст се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во политиките.

Целта, како што посочува министерката, е позитивните стапки на економски раст да се преточат во повеќе инвестиции, посилни компании, нови можности и повисок животен стандард за граѓаните.

„Бројките ја покажуваат насоката. Наша обврска е да продолжиме по неа“, порача Димитриеска-Кочоска.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер