СДСМ: Осудениот криминалец Никола Груевски потврди дека е лажго и кукавица, казната ќе си ја отслужи во Македонија

Никола Груевски е лицето, името и презимето на целокупното криминално зло што 11 години ја уништуваше Република Македонија, се наведува во соопштението од СДСМ.

Македонија и многу нејзини генерации, пред се млади, преспскапо ја чинеше криминалното владеење на режимот на Никола Груевски којшто од земјава направи заробена држава а граѓаните ги осиромаши, ги остави без пари и без иднина.

Сиот криминал, сите можни злоупотреби на институциите, на судовите, на се што можело да се злоупотреби, јавноста го дозна преку објавувањето на „Вистината за Македонија“.

Таа болна вистина за режимот на Никола Груевски се потврдува секој ден.

Криминалецот Никола Груевски е осуден со правосилна судска пресуда, преку транспарентна законска и регуларна постапка а против него се водат уште четири случаи за незаконско постапување.

Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди дека не е ништо друго освен кукавица и лажен патриот кој се обидува на секој можен начин да избега од правдата.

Кукавичкото бегство и барањето азил нема да го спасат Никола Груевски од одговорност за неговите незаконски постапувања.

Согласно меѓународното право, криминалецот бегалец Груевски ќе биде вратен за да ја отслужи правосилно изречената казна затвор, но и да одговара за останатите сторени дела коишто ќе се докажат на суд.

Македонија е правна држава во која законите владеат подеднакво за сите и некој нема да избега од одговорност.

Оние што го бранат неговиот криминал, како пионот Христијан Мицкоски и антизападното раководство на ВМОР-ДПМНЕ, мора да знаат дека нема да го одбранат криминалот на кукавицата, ниту пак ќе го спасат од одговорност.

Правда ќе има. Никола Груевски може да биде сигурен само во тоа!

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека договорот од Преспа е предавнички, поништите го

Во Грција и понатаму една од главните политичките теми во пресрет на евроизборите е Преспанскиот договор, што се отвори по неупотребата на „Северна“ од страна на Сиљановска за време на заклетвата.

По многу жестоки реакции од Мицотакис, лидерот на СИРИЗА, Стефанос Каселакис му фрли ракавица од синоќешниот митинг во Солун. Ако навистина договорот од Преспа го смета за предавнички, да го раскине. Во спротивно да се извини на грчкиот народ, како и на Ципрас и Коѕијас.

-Испраќам јасна и едноставна порака до премиерот. Договорот од Преспа е билатерален. Ако продолжувате да сметате дека е предавнички, постои само еден начин. Да го сторите она што го кажуваа вашите претставници, а многумина од нив сè уште го кажуваат: „Ако ВМРО ни даде шанса, ќе го поништиме договорот“. Ова го кажуваа. Истото го посакуваат и т.н. „борци за Македонија“ што ги вадевте на улица и се ваши гласачи: Да го поништите. Па, еве го Скопје, отидете. Да видиме. Но, нема да го сторите тоа. И знаете зошто нема да го сторите тоа? Бидејќи Договорот од Преспа е тоа што го сакавте како партија, но тогаш Груевски во никој случај не прифаќаше да направи толку отстапки, како што направија пред Владата на СИРИЗА, пред Алексис Ципрас и Никос Коѕијас, рече Каселакис.

Вучиќ утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на резолуцијата за Сребреница

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека утре ќе отпатува за Њујорк, каде со делегацијата ќе се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница, која наредната недела е на дневен ред на Генералното собрание на ОН, а амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата ги нарече „валкана игра“.

„Утре одиме во Њујорк, четири до пет дена ќе поминеме во Њујорк, ќе имам голем број средби, а во четврток сите заедно ќе се бориме“, истакна денеска Вучиќ во телевизиско интервју.

Тој рече дека со него во делегацијата треба да одат само оние кои се „подготвени за борба на секој можен начин“.

Предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за кој ќе расправа Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на 23 мај, а во преамбулата на текстот стои дека „кривична одговорност според меѓународното право за злосторството геноцид е индивидуализирана“.

Иницијатори на предложениот текст беа Германија и Руанда, а амандманите на нацртот беа поднесени од Владата на Црна Гора.

Осврнувајќи се на амандманите што Црна Гора ги достави на резолуцијата за Сребреница, а кои главно беа прифатени, Вучиќ тоа го нарече „валкана игра“.

„Тоа е валкана игра и перфиден трик. Тие намерно оставаат простор за јасен заклучок за морална и политичка одговорност“, рече Вучиќ и додаде дека по враќањето од Њујорк ќе каже со кого за тоа преговарата Црна Гора. /МИА

притисни ентер