МакедонијаСДСМ: Нов скок на цените на горивата - уште еден доказ за економскиот неуспех на ВМРО-ОКГГраѓаните веќе со месеци со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки“ од Мицкоски за намалување на цените. Искуството покажува дека секоја таква најава на крајот резултира со ново поскапување. Последниот пример со горивата е уште една потврда за ова правило. Само по најавата дека Владата презела „нови мерки“ за намалување акцизи, за наводно намалување на цените на горивата, дојде до нов значителен скок. Ова е директна последица на економската политика која ја води оваа влада. Владата на ВМРО-ОКГ нема контрола врз економските текови и нема сериозна стратегија за заштита на стандардот на граѓаните. Наместо структурни мерки, се применуваат краткорочни и неефикасни интервенции кои брзо се покажуваат како неуспешни. Резултатот е постојан раст на цените на основните производи и услуги, додека реалниот доход на граѓаните стагнира или опаѓа. Министерката за финансии самата призна дека без ребаланс веќе би се појавиле сериозни проблеми со исплатата на плати и пензии. Ова покажува колку е кревка и нестабилна буџетската состојба, и колку малку простор има Владата за какви било економски интервенции. Податоците се јасни. Од доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, странските директни инвестиции се намалени за над 60%. Во исто време, државата се задолжи со над 2,5 милијарди евра за помалку од две години, при што најголем дел од овие средства не се насочени кон продуктивни инвестиции, туку кон тековно трошење. Потрошувачката кошничка продолжува да расте и изнесува речиси 70 илјади денари, а минималната плата остана без реално зголемување кое би го следело растот на цените. Новото поскапување на горивата ќе има директен ефект врз сите други цени во економијата - транспортот, производството и дистрибуцијата на стоки ќе поскапат, што ќе предизвика нов притисок врз инфлацијата. Економската политика на ВМРО-ОКГ се покажува како неуспешна на сите нивоа. Наместо да се создаваат услови за раст и инвестиции, се генерира несигурност, поскапувања и дополнително задолжување. Граѓаните ја плаќаат цената на оваа политика преку повисоки трошоци за живот и намалени економски можности. Без сериозни структурни реформи и без одговорна буџетска политика, Македонија ќе продолжи да се соочува со стагнација и пад на животниот стандард. Новото поскапување на горивата е уште еден показател дека економската политика на оваа влада не функционира. Скопје, 22.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook