3ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДС
3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
МакедонијаСДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална групаВозачот на генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито.Сите земаат мито, дури и возачите на владата. Ова е ОКГ – Организирана криминална група. Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена. Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон. Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСе породи Натали Портман- роди трето дете и прво со новиот партнер Актерката Натали Портман го доби своето трето дете, прво со партнерот Танги Дестабл. Извор близок до двојката потврди за „Пипл“ дека 45-годишната актерка се породила минатиот месец во Париз. Портман веќе има две деца од бракот со нејзиниот поранешен сопруг, режисер и кореограф Бенџамин Милпие - 15-годишниот син Алеф и деветгодишната ќерка Амалија. Врската на Портман и Дестабл за прв пат беше потврдена во март 2025 година, откако француското списание „Воиси“ пишуваше за нивната врска. „Пипл“ контактираше со претставникот на актерката за коментар за веста за новото дете. Во април, таа откри дека го очекува своето трето дете Портман ја потврди бременоста во април во интервју за „Харперс Базар“. „Танги и јас сме многу возбудени“, рече таа во тоа време. „Едноставно сум многу благодарна. Знам дека ова е голема привилегија и вистинско чудо.“ Глумицата, исто така, зборуваше за тоа колку оваа бременост беше различна од претходните. Таа вели дека го доживеала тоа посмирено и со поголемо чувство на благодарност. „Постои еден вид благодарност што можеби не ја разбирате кога сте помлади. Исто така, постои мир и самосвест. Знам точно со кого сакам да поминувам време и каква енергија сакам околу мене, а тоа го прави секој ден прекрасен“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Natalie Portman (@natalieportman) Додаде дека е свесна дека ова може да биде нејзината последна бременост. „Бидејќи ова е веројатно мојот последен пат, ја ценам секоја секунда.“ Ја поминала бременоста во Париз За време на бременоста, Портман продолжила да биде активна. Пливала и вежбала гиротоника, систем за вежби што комбинира контролирани и кружни движења, и поминувала многу време со своите деца. По завршувањето на неколку деловни проекти, таа одлучила повеќе да се посвети на своето семејство. Таа вели дека особено ѝ се допаднало тоа што ги поминала последните месеци од бременоста во Париз. „Времето беше прекрасно. Беше неверојатно да се шета во тие прекрасни паркови и да се посетуваат изложби. Само обични работи што ги правите кога не работите“, рече таа. На крајот, таа се пошегува за разликата помеѓу француската и американската медицинска пракса кога станува збор за пресметување на терминот. „Во Франција, сметаат дека терминот е 41 недела, а не 40, па претпоставувам дека овој пат добив дополнителна недела од бременоста“, рече таа. Портман и францускиот музички продуцент Дестабл најчесто ја криеја својата врска од очите на јавноста. Ова е прво дете за актерката по разводот од Милпие, со кого беше во брак од 2012 до 2024 година.Тагови: Натали Портман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНационалистичката АфД со убедливо водство во анкетите пред денешните покраински избори во ГерманијаВо федералната покраина Саксонија-Анхалт во источна Германија, утрово беа отворени гласачки места каде што околу 1,7 милиони гласачи гласаат за нов состав на покраинскиот парламент. Се очекува убедлива победа на десничарската Алтернатива за Германија (AfD). AфД, која е дефинирана како антиуставна организација во оваа федерална покраина, може да смета на поддршка од околу 40 проценти според најновите анкети на јавното мислење. На второ место со 23 проценти е Христијанско-демократската унија (CDU) со премиерот Свен Шулце. На трето место е Левичарската партија со 11 проценти, по што следуваат Социјалдемократската партија на Германија (SPD) со 8 проценти и Зелената партија со 6 проценти. Други партии, како што се крајно левичарскиот Алијанса на Сара Вагенкнехт или Либерално-демократската партија (FDP), според анкетите, не би го надминале изборниот праг од 5 проценти. AfD со својот главен кандидат Улрих Зигмунд сака да освои апсолутно мнозинство и да го назначи првиот премиер на федерална држава од рамките на оваа партија. Со оглед на тоа што FDP е малку веројатно да го премине изборниот праг, продолжувањето на сегашната владејачка коалиција на CDU, SPD и FDP е малку веројатно. Бискуп: Луѓето лесно повторно се заведуваат Бидејќи сите партии со изгледи за преминување на изборниот праг одбиваат да соработуваат со AfD, една од можностите што се споменуваат по изборите е коалиција на CDU, SPD и Зелените, која би била поддржана од Левицата. Вчера во главниот град на Саксонија-Анхалт, Магдебург, се одржаа собири во поддршка на демократијата, кои беа свикани од синдикати и разни граѓански иницијативи. Магдебуршкиот бискуп на Католичката црква, Герхард Фајге, изрази страв од исходот на изборите, првенствено поради силата на AfD. „Луѓето повторно лесно се заведуваат и тоа ме плаши... Останувам без зборови кога гледам како заканата што ја претставува AfD е намалена“, рече Фајге во интервју за дневниот весник „Аугсбургер Алгемајне“. Избирачките места се затвораат во 18 часот, а прелиминарните резултати се очекуваат ноќеска.Тагови: АфД Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се обидува да воведе диктатураМицкоски прво ја превзеде полицијата, па потоа и судовите и обвинителството. Полугите на моќ ги користи за заплашување на политичките противници. Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер. Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за неисправна вода. Вчера повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите. Што ќе биде утре? Техниките на заплашување уште од времето на Сашо Мијалков и Груевски, против кои се изборивме пред 11 години. Од Илинден водат фашистичка кампања „Талог“ по моделот на Ванчо Михајлов. Намерно предизвикуваат меѓуетничка омраза со секојдневни објави на социјалните мрежи. СНС бот-централа и трол-фарми работат од Белград за ВМРО-ОКГ. Орбановите 40 проценти медиуми одамна промовираат недемократски и анти-ЕУ вредности. Сега воведуваат Вучиќева тешка артилерија за целосно да ја замрачат медиумската сцена. Латас управува со медиумите со Гебелсовите техники - колку погласно и повеќе, лагата ќе стане вистина. Ја уништија економијата и ја ограбија земјата. Народот е на работ на егзистенција а тие се обидуваат да му забранат да го крене гласот. Нема да ви помине. Овој народ отсекогаш бил слободарски. Нема да толерира тиранија на една криминална група предводена од Мицкоски. СДСМ ќе се бори со сите демократски средства против оваа сè поотворена диктатура. За слобода на говор. За правото на граѓаните да протестираат. За одговорност. За европска Македонија, а не за враќање во најмрачните години. Граѓаните не се талог. Народот ќе победи. Криминалците ќе одговараат. Власта ќе биде вратена на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook