СДСМ: Мицкоски ги брани злоупотребите на процесот на лустрација, ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на неправдата

Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се спротивстави на Предлог законот за поништување на лустрацијата е само уште еден доказ дека во оваа партија ништо не е променето, се наведува во соопштението на СДСМ.

Наместо да се оградат, Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат ги бранат бруталните злоупотреби на процесот на лустрација за политичка пресметка, со која се нанесе огромна неправда кон поединци.

Јавноста тоа го слушна и во прислушуваните материјали, каде високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Милишоски, Јанкуловска, Груевски си нарачуваа лустрациски процеси по желба.

Со ваквиот однос ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски а раководена од Груевски останува на страната на неправдата, се наведува во соопштението..

Рома и Лацио заинтересирани за Матип

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип би можел да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува денеска весникот Кориере дело Спорт.

Според изворот, за услугите на 32-годишниот Камерунец се заинтересирани градските ривали Рома и Лацио.

Матип би можел да ја смени клупската средина ова лето.

Сезонава Матип одигра 14 натпревари за Ливерпул.

Лазаровите каланди одекнаа во Скопје

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар.

За првпат во главниот град на Републиката, а по пример на минатогодишниот празничен настан во Кичево кој беше организиран од хорот „Митрополит Козма Пречистантски", и оваа година во градот Скопје се одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота).

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар, како и во Diamond Mall, каде имаа музички настап со кој беа восхитени сите присутни.

Поворката беше поддржана од сите случајни минувачи кои со нескриена радост и воодушевување и се приклучуваа.

Пеењето на најрадосните каланди, кое се случи не само во Скопје, туку и во Кичево и Реканскиот крај, најсоодветно и во православен дух го најави Празникот над Празниците - Воскресението Христово.

Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

притисни ентер